Олимпски Брег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олимпски Брег
Ολυμπιακή Ακτή
Плажата на Олимпскиот Брег
Плажата на Олимпскиот Брег
Олимпски Брег is located in Грција
Олимпски Брег
Олимпски Брег
Координати: 40°16′N 22°35′E / 40.267° СГШ; 22.583° ИГД / 40.267; 22.583Координати: 40°16′N 22°35′E / 40.267° СГШ; 22.583° ИГД / 40.267; 22.583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаКатерина
Надм. вис.&100000000000000040000004 м
Население (2011)[1]
 • Селска320
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.601 00
Повик. бр.23510
Рег. таб.ΚΝ

Олимпски Брег (грчки: Ολυμπιακή Ακτή, Олимпијаки Акти): до 1986 г. Катеринско Приморје (Παραθαλάσσια Κατερίνη, Параталасија Катерини) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Ова летувалиште за меѓународните туристи го носи и називот „Олимпик Бич“ (англиски: Olympic Beach).

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 8 километри источно од градот Катерина и на 70 километри од Солун, на надморска височина од 4 метри. Селото се наоѓа во подножјето на планината Олимп, источно од Солунскиот Залив. Селото има лесен достап до државната и меѓународна магистрала Е75[2].

Историја и демографија[уреди | уреди извор]

Олимпски Брег е релативно ново туристичко место, изградено во 1970-тите години на местото на дотогашната рибарска месност Катеринско Приморје (Παραθαλάσσια Κατερίνη) или Катериноскала (Κατερινόσκαλα). Селото за прв пат на пописите се споменува во 1981 година кога бројот на жители изнесувал 27. На пописот од 1991 година во селото биле евидентирани 107 жители[3]. Денеска, населението на селото е 320 жители според пописот од 2011 година.

Во 1986 г. веќе одделното село го добило новото име „Олимпски Брег“ како туристички попривлечен назив кој се повикува на недалечната и славна планина Олимп.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 27 107 391 320
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Туризам[уреди | уреди извор]

Селото има долга песочна плажа која се протега сè до соседното место Вромероскала (Паралија) и претставува едно од најпопуларните места за летување на Македонците. На ова туристичко место се наоѓаат неколку хотели, кафулиња и дискотеки. На брегот од селото има изградено спортски објекти, пешачки патеки со посебен пристап за лицата со хендикеп, паркинг простори. Плажата е наградена со „Сино знаме“. Освен тоа во селото работи и клиника.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Ολυμπιακή Ακτή
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 137. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]