Перистаси
Перистаси Περίσταση | |
---|---|
![]() Црквата во селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°16′N 22°32′E / 40.267° СГШ; 22.533° ИГДКоординати: 40°16′N 22°32′E / 40.267° СГШ; 22.533° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Вромероскала |
Надм. вис. | 3 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2.545 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Перистаси (грчки: Περίσταση) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 3 километри источно од градот Катерина и на 5 километри западно од Вромероскала, на надморска височина од 3 метри[2].
Историја[уреди | уреди извор]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 166 семејства и 616 бегалци[3], додека во 1940 година селото броело 936 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1071 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 1130 жители, во 1971 година имало 1176 жители, во 1981 година имало 1491 жител, додека во 1991 година имало 1730 жители[4]. Денеска, населението на селото е 2545 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 936 | 1071 | 1130 | 1176 | 1491 | 1730 | 2550 | 2545 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Координати од www.fallingrain.com
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 138.
|