Извор (Катеринско)
Изглед
| Извор Ίζβορος | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°21.56′N 22°21.1′E / 40.35933°N 22.3517°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Пиерија |
| Општина | Катерина |
| Општ. единица | Елафина |
| Надм. вис. | 380 м |
| Население | |
| • Вкупно | иселено |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Извор (грчки: Ίζβορος, Изворос;[1] Ισβορος, Исворос[2]) — поранешно село во Катеринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Катерина на округот Пиерија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на околу 3 км северозападно од селото Каталонија, во подножјето на планината Голен.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Извор е старо село кое се распаднало во немирните години, најверојатно за време на Негушкото востание во 1822 г.[1]
Подоцна селото е обновено и во него се доведени грчки колонисти. За првпат се спомнува во 1940 г. со 91 жител. Се растурило за време на Граѓанската војна (1946–1949) и не е повторно обновено.[1]
На 6 август 1969 г. местноста Исворос (Ισβορος) е преименувана во Архангелос (Άρχάγγελος).[2] за да се отстрани нејзиното македонско име.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 271. ISBN 9989-9819-5-7.
- 1 2 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1073. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help)
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||