Арбаути

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арбаути
Σεβαστή
Грчката православна црква во селото
Грчката православна црква во селото
Арбаути is located in Грција
Арбаути
Арбаути
Местоположба во областа
Арбаути is located in Катерина
Арбаути
Местоположба на Арбаути во Катерина|Општина Катерина и областа Централна Македонија
Координати: 40°21′N 22°32′E / 40.350° СГШ; 22.533° ИГД / 40.350; 22.533Координати: 40°21′N 22°32′E / 40.350° СГШ; 22.533° ИГД / 40.350; 22.533
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаКоринос
Надм. вис.&1000000000000009300000093 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно653
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Арбаути[2] (грчки: Σεβαστή) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 14 километри северно од градот Катерина и на 7 километри северно од центарот на општината, Коринос. Селото се наоѓа на надморска височина од 93 метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Тодор Симовски селото било основано во атарот на напуштеното село Арабути, кое подоцна го добило името Севасти. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 148 семејства и 446 бегалци[4], додека во 1940 година селото броело 956 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 984 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 820 жители, во 1971 година имало 427 жители, во 1981 година имало 484 жители, додека во 1991 година имало 513 жители[5]. Денеска, населението на селото е 653 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 956 984 820 427 484 513 736 653
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Религија[уреди | уреди извор]

Главната православна црква во селото е посветена на „Свети Никола“. Постојат уште и два параклиси - „Свети Ѓорѓи“ и „Света Троица“. Во селото има грчка евангелистичка црква која била основана во 1924 година, главно од бегалци, кои дошле од Мала Азија. Освен тоа, во селото има и заедница на Пентекосталисти. Нивната црква била изградена во 1934 година. Меѓу овие три верски заедници денес постои мирен и хармоничнен соживот[6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπαούτι -- Σεβαστή
  3. Координати од www.fallingrain.com
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 124. 
  6. Ελευθέρα Αποστολική Εκκλησία Πεντηκοστής - Η ιστορία της. Τι πιστεύει. Πως πολιτεύεται., Εκδόσεις ΟΡΟΣ, Αθήνα 2006, σελ. 13