Нов Трабзон (Катеринско)

Координати: 40°20′N 22°31′E / 40.333° СГШ; 22.517° ИГД / 40.333; 22.517
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нов Трабзон
Νέα Τραπεζούντα
Културен клуб во селото
Културен клуб во селото
Нов Трабзон is located in Грција
Нов Трабзон
Нов Трабзон
Местоположба во областа
Нов Трабзон во рамките на Катерина (општина)
Нов Трабзон
Местоположба на Нов Трабзон во Катерина|Општина Катерина и областа Централна Македонија
Координати: 40°20′N 22°31′E / 40.333° СГШ; 22.517° ИГД / 40.333; 22.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаКоринос
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно603
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нов Трабзон (грчки: Νέα Τραπεζούντα, Неја Трапезунда) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 9 километри северно од градот Катерина и на 7 километри западно од центарот на општината, Коринос. Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри[2].

Историја[уреди | уреди извор]

Сите жители на селото се бегалци од Понт, од каде доаѓа и името Нов Трапезунд, и зборуваат понтијски дијалект. Во 1930-те години во селото имало основно училиште со 76 деца. До 1951 година селото се викало Агиос Јоанис Офис.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1940 година селото броело 716 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 739 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 654 жители, во 1971 година имало 527 жители, во 1981 година имало 557 жители, додека во 1991 година имало 504 жители[3]. Денеска, населението на селото е 423 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 716 739 654 527 557 504 553 423
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Координати од www.fallingrain.com
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 123.