Прејди на содржината

Катерина I (Русија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катерина I
Руска императорка
На престол8 февруари 1725 – 17 мај 1727
Крунисување7 May 1724
ПретходникПетар I
НаследникПетар II
Роден(а)15 април 1684 [1]
Починал(а)17 мај 1727
Санкт Петербург
Почивалиште
СопружникПетар Велики
Деца
among others...
Ана Петровна
Елисавета
Полно име
полски: Marta Helena Skowrońska
руски: Marfa Samuilovna Skavronskaya
ДинастијаДинастија Романови
ТаткоСамуел Сковронски
МајкаЕлизабета Мориц
Вероисповедримокатолицизам, потоа православие
ПотписКатерина I's signature

Катерина I Алексевна (руски: Екатерина I Алексеевна; родена Марта Скавронска; 15 април 1684[1] - 17 мај 1727) — втора сопруга на Петар I Велики и императорка на Русија од 1725 до 1727 г. Таа е првата жена која управувала како монарх во Руската Империја.

Во 1724 година, Катерина била официјално именувана како совладетелка.

Една година пред смртта на нејзиниот сопруг, односите помеѓу нив биле заладени главно поради нејзината поддршка кон Вилијам Монс, брат на поранешната љубовница на Петар Велики, Ана. Монс имал функција на секретар кај императорката. Петар I во текот на целото негово управување се борел главно против корупцијата во неговата земја, но Катерина имала големо влијание врз него. Вилијам Монс и неговата сестра, која била во дворот на Катерина, започнале да ги злоупотребуваат своите високи функции. Ова го правеле кога се обидувале да осигурат достап на надворешни интереси до Катерина. И покрај тоа што Катерина не сакала ни да помисли на нивните интереси, Петар Велики успеал да го егзекутира на Монс, а неговата сестра била прогонета. Катерина и Петар немале никакви контакти во продолжение на повеќе месеци. Според некои, таа и Монс имале љубовна афера, но за тоа нема тврди докази. По смртта на Петар во 1725 година, тој не оставил никаков машки наследник. Катерина започнала да ги претставува интересите на аристократите, кои ја избрале за нова императорка на Русија.

На 8 февруари 1726 година бил формиран Врховен таен совет, како орган на советници. Првично, советот имал шест членови за да подоцна неговиот број се зголеми на седум члена. Во текот на овој период, советот имал доминантна улога во управувањето на земјата, на чело со Александар Меншиков, кој бил љубовник на императорката. Како резултат на ова, сенатот забележал драстичен пад во управувањето, иако бил преименуван во Голем сенат. Врховниот совет колективно одлучувал за сите важни работи, а Катерина само ги потпишувала хартиите кои биле испраќани од нив. Врховниот совет ја укинал локалната власт која била воведена од страна на Петар, а ја вратил моќта на гувернерот.

Катерина била првата жена која владеела со големата Руска Империја. Таа го започнала векот во кој доминирале жените во руското благородништво, заедно со нејзината ќерка Елисавета и внука Катерина.

Малку по смртта на Петар Велики, кон составот на руската армија која броела 130.000 луѓе, биле вклучени и 100.000 козаци, која армија ја направила најголема во Европа. Но и покрај тоа, претходните војни биле погубни за руската економија, кои земале 65% од вкупните приходи на земјата. Бидејќи земјата во тоа време била во мир, Катерина ги намалила трошоците за армијата

  1. 1,0 1,1 Encyclopedia Britannica Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Britannica“ е зададен повеќепати со различна содржина.
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин