Прејди на содржината

Зимски олимписки игри 1948

Од Википедија — слободната енциклопедија
V Зимски олимписки игри - Санкт Мориц 1948
V Зимски олимписки игри - Санкт Мориц 1948
Град домаќин Санкт Мориц, Швајцарија
Број на држави 28
Број на спортисти 669 (592 мажи и 77 жени)
Број на спортови 4
Број на натпревари 22
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 8 февруари 1948
Стадион

V Зимски олимписки игри се одржале од 30 јануари до 8 февруари 1948 година во Санкт Мориц, Швајцарија. Тоа биле вторите Олимписки игри во овој град, по Зимските олимписки игри 1928.

По паузата од 12 години на неодржување на Олимписките игри, поради Втората светска војна, Зимските олимписки игри доживеале нов почеток. Поради вмешаноста во војната, Германија и Јапонија добиле забрана да учествуваат на игрите.

Натпреварувачката програма, повторно содржела натпревари во скелетон, но по игрите, овој спорт не бил дел од олимиската програма, сè до Зимските олимпписки игри 2002.

Избор на град-домаќин

[уреди | уреди извор]

Градот Санкт Мориц бил избран за град-домаќин на игрите на седница на МОК, која се одржала во септември 1946 година. Поради кратката временска рамка, Организацискиот комитет на игрите, со подготовките започнал уште веднаш.[1] Со овој избор, Санкт Мориц станал првиот град во кој биле организирани Зимски олимписки игри по вторпат.

Краток преглед

[уреди | уреди извор]

Спортови

[уреди | уреди извор]

На игрите, биле доделени медали во 22 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле воената патрола (спорт сличен на биатлон) и зимскиот петобој (спорт кој се состои од алпско скијање, скијачко трчање, мечување, стрелаштво и коњички спорт).

Распоред на натпревари

[уреди | уреди извор]

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.

 ●  Церемонија на отворање  ●  Квалификациски натпревари  ●  Финални натпревари ●  Церемонија на затворање
30 31 1 2 3 4 5 6 7 8 Вкупно
Церемонии
Боб 1 1 2
Алпско скијање 2 2 2 6
Брзо лизгање 1 1 1 1 4
Нордиска комбинација 1 1
Скијачко трчање 1 1 1 3
Скијачки скокови 1 1
Скелетон 1 1
Уметничко лизгање 1 1 1 3
Хокеј на мраз 1 1
Вкупно 3 2 3 2 4 3 2 2 1 22

Земји-учеснички

[уреди | уреди извор]
*сино = земји кои за првпат учествуваат
*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите

На игрите во Санкт Мориц во 1948 година учествувале вкупно 669 спортисти од 28 земји (на игрите во 1936, исто така учествувале спортисти од 28 земји)[2] За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Данска, Исланд, Јужна Кореја, Либан и Чиле.[3] Поради вмешаноста во Втората светска војна, на Германија и Јапонија не им било дозволено да учествуваат, а Естонија и Летонија биле анексирани кон Советскиот Сојуз во 1940 година и не учествувале како самостојни земји, сè до 1992 година. Аргентина се вратила на игрите по пропуштените игри во 1936, а Австралија и Луксембург, кои учествувале на игрите во 1936, не учествувале.

Освојувачи на медали

[уреди | уреди извор]

Во табелата се дадени првите десет земји по бројот на освоени медлаи.[4]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Норвешка 4 3 3 10
 Шведска 4 3 3 10
3  Швајцарија 3 4 3 10
4  САД 3 4 2 9
5  Франција 2 1 2 5
6 Канада 2 0 1 3
7  Австрија 1 3 4 8
8  Финска 1 3 2 6
9  Белгија 1 1 0 2
10  Италија 1 0 0 1

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Comité Olympique Suisse (1948), стр. 7
  2. Comité Olympique Suisse (1948), стр. 11
  3. Comité Olympique Suisse (1948), стр. 13
  4. Comité Olympique Suisse (1948), стр. 21

Надворшни врски

[уреди | уреди извор]