Санкт Мориц
Санкт Мориц | ||
---|---|---|
Зимска ноќ во Санкт Мориц | ||
Држава | Швајцарија | |
Кантон | Граубинден | |
Област | Малоја | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 28,69 км2 (1,108 ми2) | |
Надм. вис. | 1.822 м | |
Население (Грешка: погрешен формат за време[2]) | ||
• Вкупно | 5,206 | |
• Густина | 1,8/км2 (4,7/ми2) | |
Поштенски код | 6969 | |
БИЗ број | 3787 | |
Обиколен/а од | Бевер, Челерина, Замедан, Зилваплана | |
Мреж. место | gemeinde-stmoritz.ch SFSO statistics |
Санкт Мориц или Сент Мориц (германски: Sankt Moritz, реторомански: ⓘ, италијански: San Maurizio, француски: Saint-Moritz) е алпски туристички центар во Енгадин во Швајцарија, на надморска височина од околу 1800 метри. Се наоѓа во швајцарскиот кантон Граубинден.
Сент Мориц лежи на јужните падини од Албулските Алпи со поглед на пространата глацијарната долина на Горен Енгадин и истоименото езеро: Сент Мориц. Тој беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1928 и 1948 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Сент Мориц за првпат се споменува околу 1137–39 година како ад санктум Маурициум (латински: ad sanctum Mauricium).[3] Селото името го добило името по Свети Маврициј, ранохристијански светец од јужен Египет кој бил мачен во 3 век во Римска Швајцарија додека служел како водач на Тебанската легија.
Спорт
[уреди | уреди извор]Сент Мориц било зимско одморалиште уште во 19 век. Студентите од Оксфорд и Кембриџ оделе таму и се натпреварувале меѓу себе. Сент Мориц беше град-домаќин на Зимските олимписки игри во 1928 и 1948 година, и е еден од трите градови кои двапати биле домаќини, заедно со Инсбрук, Австрија и Лејк Плесид во САД. Санкт Мориц бил домаќин на Светското првенство во алпско скијање ФИС во 1934, 1974, 2003 и 2017 година.
Освен тоа, Сент Мориц бил домаќин на Светското првенство во боб и скелетон санкање рекордни 21 пат. Од 1985 година, тој е домаќин на Сноу Поло Сент Мориц, турнир на кој учествуваат многу од најдобрите тимови на светот и се игра на посебно обележан терен на замрзнатото езеро. [4]
Сент Мориц е исклучително популарен во летните месеци како место за висински подготовки за спортски тркачи, најчесто велосипедисти, тркачи на долги патеки и тркачи во брзо одење. Популарен е поради надморската висина, временските услови, атлетската патека од светска класа и многуте други патеки и патчиња во околината.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Arealstatistik Standard - Gemeindedaten nach 4 Hauptbereichen
- ↑ Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
- ↑ „St. Moritz“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- ↑ „The Cradle of Snow Polo“. Snow Polo World Cup. Архивирано од изворникот на 3 January 2017. Посетено на 3 January 2017.
|