Кортина д'Ампецо

Координати: 46°32′25″N 12°08′10″E / 46.54028° СГШ; 12.13611° ИГД / 46.54028; 12.13611
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кортина д’Ампецо)
Кортина д'Ампецо
Anpezo
општина
Општина Кортина д'Ампецо
Поглед кон Кортина д'Ампецо
Поглед кон Кортина д'Ампецо
Општината Кортина д'Ампецо обоена црвено во рамките на Покраината Белуно
Општината Кортина д'Ампецо обоена црвено во рамките на Покраината Белуно
ЗемјаИталија
РегионВенето
ПокраинаБелуно (BL)
Управа
 • ГрадоначалникЏанпјетро Гедина
Површина
 • Вкупна254,51 км2 (9,827 ми2)
Надм. вис.&100000000000012240000001.224 м
Население (31 декември 2017)
 • Вкупно5.842
 • Густина0,23/км2 (0,59/ми2)
ДемонимАмпецани
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.32043
Повик. бр.0436
Светец-заштитникСв. Филип и Јаков
Слава3 Мај

Кортина д'Ампецо (италијански: Cortina d'Ampezzo; ладински: Anpezo , Ampëz) е град и општина во Доломитските Алпи во регионот Венето во Северна Италија. Сместена е на реката Боит, во алпска долина. Кортина д'Ампецо е летно одморалиште и зимски спортски центар прочуено по своите скијачки патеки, пејзажи, сместување, продавници и забави по скијањето, како и по својот џет-сет и италијанската аристократска клиентела.

Во средниот век, Ампецо потпаднал под јурисдикција на Аквилејската патријаршија и на Светото Римско Царство. Во 1420 година бил освоен од Венецијанската Република. Од 1508 година, најчесто бил под Хабсбуршка власт, накратко бил освоен од Наполеон, пред да биде вратен на Австриското Царство (подоцна Австроунгарија), во чии рамки останал до 1918 година. Во деветнаесеттиот век, Ампецо станал битен регионален занаетчиски центар. Рачно изработените производи од Ампецо биле многу ценети меѓу првите британски и германски зимувалци затоа што туризмот почнал да се развива кон крајот на деветнаесеттиот век. Занаетчиите од градот биле специјализирани во изработката на дрво за мебел, производство на печки и предмети од железо, бакар и стакло.

Денес, месната економија се потпира врз туризмот, особено во текот на зимската сезона, кога населението во градот обично се зголемува од околу 7.000 на 40.000. Базиликата посветена на Св. Филип и Св. Јаков била изградена помеѓу 1769 и 1775 година на местото од две поранешни цркви од XIII и XVI век; тука е сместена парохијата и деканатот на Кортина д'Ампецо. Во градот се наоѓа и палеонтолошкиот музеј Риналдо Зардини, основан во 1975 година, Музејот за модерна уметност Марио Римолди и етнографскиот музеј Реголе од Ампецо.

Иако на Кортина д'Ампецо не се одржале закажаните Зимски олимписки игри во 1944 година поради Втората светска војна, тука се одржале Зимските олимписки игри во 1956 година, а потоа и голем број зимски-спортски настани од светско ниво. Кортина д'Ампецо по втор пат ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри заедно со Милан. Од градот потекнува професионалниот тим во хокеј на мраз СГ Кортина кој се натпреварува во најсилната италијанска лига, а Кортина д'Ампецо е исто така почетна и крајна точка на годишната трка за златниот куп Доломити . Во градот се снимени неколку филмови, меѓу кои најпознати се „Пинк Пантер“ (1963), „Само за твоите очи“ (1981) и „ Клифхенгер“ (1993).

Наводи[уреди | уреди извор]