Долна Лешница

Координати: 41°57′24″N 21°3′37″E / 41.95667° СГШ; 21.06028° ИГД / 41.95667; 21.06028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Лешница
Долна Лешница во рамките на Македонија
Долна Лешница
Местоположба на Долна Лешница во Македонија
Долна Лешница на карта

Карта

Координати 41°57′24″N 21°3′37″E / 41.95667° СГШ; 21.06028° ИГД / 41.95667; 21.06028
Регион Долни Полог
Општина  Желино
Население 430 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28023
Надм. вис. 747 м
Долна Лешница на општинската карта

Атарот на Долна Лешница во рамките на општината
Долна Лешница на Ризницата

Долна Лешница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото е дел од регионот Долни Полог. Долна Лешница се наоѓа на западните падини на Сува Гора. Во близина на селото се наоѓаат Горна Лешница, Добарце и Ларце.

Историја

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долна Лешница живееле 225 жители, од кои 145 Албанци, 55 Македонци и 25 Роми.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долна Лешница имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото е дел од Желинска општина и имало 17 куќи и 144 жители, Македонци и Албанци.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 625 жители, од кои 615 Албанци и 10 останати.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Долна Лешница има 430 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 0
Албанци 415
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 15

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 280
1953 171 150 2 ... 1 324
1961 212 183 8 ... ... ... 2 405
1971 132 270 ... 3 ... 4 409
1981 541 ... 5 546
1994 582 ... 582
2002 615 10 625

Родови

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

Македонски

  • Дамјановци (4 к.) потекнуваат од основачот на родот Дамјан кој се доселил од Прилепско. Го знаат следното родословие: Сатир (жив на 76 г. во 1947 година) Ристе-Наум-Трипун-Дамјан, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство).
  • Кузмановци (5 к.) доселени се од Порече (од Сушица или Брезница). Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 67 г. во 1947 година) Павле-Стојан-Кузман, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (Мисо Стојановски) и (Смиљаноски), Брвеница (Тасески), Јегуновце (Пепелкои) и во Туденце (Гале).
  • Аврамовци или Грци (6 к.) доселени се од некое место во Егејска Македонија. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства).
  • Призренци (4 к.) потекнуваат од селото Драјчиќи во Средска, Косово. Од таму се иселиле во Тетово, па во 1913 година се населиле во селото Долна Лешница. Нивното потекло е српско, но измешани се со македонското население во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Сиричино.

Албански

  • Чурнак (13 к.) први муслимански доселеници. Доселени се од северна Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 65 г. во 1947 година) Мерсел-Џелил-Исен, основачот на родот. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Драве (6 к.) доселени се од селото Желино. Подалечно потекло од северна Албанија.
  • Габер (1 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (таму изумреле) и во Порој.[7]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2112 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 633 гласачи.[9]

Општествени установи

Селската џамија била изградена на почетокот на XX век и тоа првобитно веднаш до тогаш разрушената црква „Св. Никола“. Кога во 1925 година, македонското население повторно ги откопало темелите на разрушената црква и на истото место ја обновиле, Албанците веднаш ја срушиле џамијата и изградиле нова, но овој пат во нивното маало.[10]

Цркви[11]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
  4. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  12. „Во тетовско осквернавена црква“. Либертас. 5 септември 2012. Посетено на 2012-09-05.[мртва врска]
  13. 2012.9 мај Оштетена црквата во Тетовска Долна Лешница. Непознат сторител со тврд предмет континуирано ги оштетувал фреските од црквата „Свети Никола“ на почетокот на септември. На црквата се скршени три прозорци и во моментов се наоѓа во реконструкција. plusinfo.mk Архивирано на 7 септември 2012 г.

Надворешни врски