Движење на отпорот (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Движење на отпорот
Дел од Балкански поход во Втората светска војна
Triple Occupation of Greece.png
Тројна окупација на Грција од силите на оската (1941–44)
Датум 1941–1944
Место Грција
Исход Воспоставување на Политички комитет за национално ослободување на Грција, првата фаза од Грчката граѓанска војна
Завојувани страни
Грција ЕАМ/ЕЛАС

Грција Народна Републиканска Грчка Лига/ЕОЕА
Грција ЕККА
Грција ЕОК и многу други
Обединето Кралство Британска мисија во Грција (СОЕ)

 Трет Рајх

 Кралство Италија
 Кралство Бугарија
Грција Влада на соработници на окупаторот

Група на отцепувачи

Команданти и водачи
Грција Aris Velouchiotis
Грција Stefanos Sarafis
Грција Georgios Siantos
Грција Markos Vafiadis
Грција Andreas Tzimas
Грција Evripidis Bakirtzis
Грција Alexandros Svolos
Грција Napoleon Zervas
Грција Georgios Kartalis
Грција Dimitrios Psarros
Грција Komninos Pyromaglou
Грција Kostas Perrikos
Обединето Кралство Eddie Myers
Обединето Кралство Chris Woodhouse
Обединето Кралство Patrick Leigh Fermor
Обединето Кралство Bill Stanley Moss
Трет Рајх Günther Altenburg
Трет Рајх Hermann Neubacher
Трет Рајх Walter Schimana
Трет Рајх Alexander Löhr
Трет Рајх Hellmuth Felmy
Кралство Италија Pellegrino Ghigi
Кралство Италија Carlo Geloso
Кралство Бугарија Andon Kalchev
Грција Georgios Tsolakoglou
Грција Konstantinos Logothetopoulos
Грција Ioannis Rallis
Грција Georgios Poulos

Движење на отпорот во Грција (грчки: Εθνική Αντίσταση Ethnikí Andístasi', или „Национален отпор“) е општ израз за бројни вооружени и невооружени групи од сите политички партии кои се спротивставиле на окупаторите од оската, во текот на Втората светска војна, во периодот од 1941–1944.

Почеток[уреди | уреди извор]

Почетокот на движењето на отпорот во Грција бил забрзан со инвазијата и окупацијата на Грција од страна на Нацистичка Германија (и нејзините сојузници Кралство Италија и Бугарија) од 1941 до 1944 година. Италија ја започна војната со својата инвазија преку Албанија, во 1940 година, која беше одбиена од страна на грчката војска. По германската инвазија, окупацијата на Атина и паѓањето на Крит, кралот Георги II и неговата влада избегале во Египет, од каде прогласиле влада во изгон, што била призната од [Сојузници од Втората светска војна|Западните сојузници]],освен од СССР, кој во еден период биле пријатели со Нацистичка Германија поради потпишување на пактот Молотов-Рибентроп. Британците активно го охрабрувале, дури и го приморале кралот да назначи министри кои би биле умерени во политиката. Само двајца од неговите министри биле членови на дикторската влада која владеела со Грција пред германската инвазија. Некои од левичарските припадници на отпорот тврделе дека владата е нелегитимна, оправдувајќи го ова тврдење поради диктаторството на Јоанис Метаксас во периодот од 1936 до 1941 година.

Германците воспоставиле влада, предводена од генерал Георгиос Цолакоглу, пред да влезат во Атина. Некои од офицерите со повисок ранг од предоениот режим им служеле на Германците. Но, оваа влада немала легитимитет и поддршка, бидејќи била потполно зависна од германските и италијанските окупатори. Исто така оваа влада била дискредитирана заради неможноста да ја спречи поделбата на поголемиот дел од Егејска Македонија и Западна Тракија од страна на Бугарија. Соработниците и окупаторските сили не биле во можност да го спречат големиот глад, чија смртност го достигнала својот врв во зимата 1941–1942 година, со што грчкиот народ сериозно бил погоден.

Прв чин на отпорот[уреди | уреди извор]

Германски војници креваат знаме на германското воено знаме над Акропол во Атина, како симбол на окупацијата. Ова знаме е симнато како прв чин на отпорот.

Иако не е потврден инцидентот со евзонот Константинос Кукидис на денот кога Германците ја окупирале Атина, првиот потврден чин на отпорот во Грција се случил на 30 мај 1941 година, дури и пред да заврши битката на Крит. Двајца млади студенти, Апостолос Сантас, студент по право, и Манолис Глезос, студент по економија во Атина, скришно се искачиле на Акропол и го симнале нацистичкото знаме што било поставено од окупаторите.

Првиот чин на движењето на отпорот што опфатил повеќемина, се случил во северна Грција, каде што Бугарите анексирале територии на Грција. Првото помасовно востание се случило во близина на градот Драма во источна Македонија, во зоната што ја окупирале Бугарите.

Бугарските власти започнале политика на асимилација, со што ја предизвикале реакцијата на месното население. Во текот на ноќта помеѓу 28–29 септември 1941 година, жителите на Драма и околината го започнале востанието. Овој лошо организиран револт бил угушен од бугарската војска, што завршило со масовно убивање на народот. Денес, населените места Доксат и Чаталџа се официјално прогласени за „градови маченици“.

Во исто време, голема група на демонстранти била организирана во градовите од Егејска Македонија од страна на „Бранителите на Северна Грција“, десно ориентирана организација, како протест против бугарската анексија.

Вооружена група на герилци се појавила на планините во Егејска Македонија во октомври 1941 година, а после првиот вооружен судир биле убиени 488 цивили како реакција од страна на Германците, поради што во наредните месеци, движењето на отпорот се намалило драстично.[1] Но, ваквите сурови дејствија, заедно со пљачкањето на грчките природни богатства, довеле до тоа тамошното население да биде сè повеќе против окупаторите.

Формирање на првите групи на отпорот[уреди | уреди извор]

Заклетва на борци на ЕЛАС
Борци на ЕЛАС

Недостатокот на легитимна влада и пасивноста на постојните политички групи, создале вакуум. Голем дел од офицерите и граѓаните кои сакале да се борат пребегале на Средниот Исток, кој бил под контрола на Британците, а оние кои останале, се сомневале во успехот ако се спротивстават на Вермахтот. Сепак се создале неколку нови формации.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mazower (2001), p. 87-88