Галиполски Санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Галиполски Санџак
Liva-i Gelibolu
Санџак на на Отоманското Царство

1376–1920
 

Местоположба на Гелиболу
Карта на Одринскиот Пашалак од 1907 година
Главен град Гелиболу
Историја
 -  Османлиско освојување 1376
 -  Договор од Севр 1920
Денес во  Грција
 Турција

Галиполски Санџак (турски: Sancak-i/Liva-i Gelibolu) — санџак кој припаѓал на румелија во рамките на Отоманското Царство. Градот Гелиболу (во денешна Турција) бил административен центар на санџакот. Санџакот го опфаќал полуостровот Галиполи и дел од јужна Тракија. Територијата била првата отоманска провинција која била освоена во Европа и повеќе од еден век била главната база на Отоманската морнарица. Потоа, и до 18 век, служела како седиште на Капудан-пашата и главен град на Архипелашкиот Пашалак.

Историја[уреди | уреди извор]

Галиполи секогаш бил место со особено стратешко значење, бидејќи овозможувал контрола на Дарданелите. Уште во времето на Византија, местото служело како поморска база. Османлиите за прв пат стапиле на европска територија во 1354 година со освојување на Галиполи, потпомогнати од земјотрес што ги срушил ѕидините на градот. Галиполи им обезбедил на Османлиите формирање база за напредок на Балканот и воведување даноци за премин преку Дарданелите. Местото станало и седиште на главниот османлиски гувернер во Румелија. Тврдината била освоена од Византија во 1366 година, но Византија била принудена да го врати во септември 1376 година[1].

Галиполи станал главен премин за османлиските војски кои се движеле меѓу Европа и Азија, заштитени од отоманската морнарица, која ја имала својата главна база во градот. Султанот Бајазит I (р. 1389-1402) го реконструирал Галиполи и ги зацврстил ѕидините и пристаништето, но првично, слабата отоманска флота останала неспособна за целосно контролирање на преминот на Дарданелите, особено кога се соочила со Венецијанците. Како резултат на тоа, за време на Отоманско-венецијанската војна (1463–1479) одбраната на теснецот била дополнително зацврстена со две нови тврдини, а Османлискиот царски арсенал бил основан во самиот Истанбул. Галиполи останала главна база на отоманската флота до 1515 година, кога била преместена во Истанбул. После тоа, таа започнала да ја губи својата воена важност, но сепак останала главен трговски центар како најважен премин меѓу Азија и Европа.

Од второто османлиско освојување до 1533 година, Галиполи бил санџак како дел од Румелија[1][2]. Во 1533 година, новиот Архипелашки Пашалак, во кој биле опфатени повеќето брегови и острови на Егејското Море, бил создаден за Хајредин Барбароса, Капудан-паша на Отоманската морнарица (главен адмирал), а Галиполи станало седиште и престолнина на Архипелагот, сè до 18 век, кога седиштето било преместено во Истанбул[1][3].

До 1846 година, санџакот станал дел од Одринскиот Пашалак, а по 1864 година, како дел од Одринскиот Вилает. Делови од покраината биле окупирани од бугарските трупи во Првата балканска војна, но истите биле вратени во Втората балканска војна. За време на Првата светска војна, овде се одвила т.н. Галиполска операција. По војната, санџакот за кратко време (1920-1922) бил окупиран од страна на Грција според одредбите на Договорот од Севр и станал грчка префектура. После грчкиот пораз во Грчко-турската војна од 1919-1922 година, Галиполи бил вклучен во составот на Турција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Предлошка:EI2
  2. Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (German). 13. Reichert. стр. 54. ISBN 9783920153568.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (German). 13. Reichert. стр. 101. ISBN 9783920153568.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)