Черноменски Санџак
Черноменски санџак османски турски: „Liva-i Çirmen“ (Лива-и Чирмен) | |||||
Санџак на Османлиската Империја | |||||
| |||||
Главен град | Првично Черномен, подоцна Одрин | ||||
Историја | |||||
- | Османлиско освојување | ок. 1371 | |||
- | Преместување на седиштето во Одрин | 1829 | |||
Денес во | Бугарија Грција Турција |
Черноменски Санџак (османски турски: Çirmen Sancağı/Liva-i Çirmen) ― османлиска покраина од второ ниво (санџак или лива) што го опфаќала регионот околу Черномен (Орменио на грчки) во Тракија, денес Грција. Во 1829 година бил наследен од Одринскиот Санџак.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот Черномен (грчки: Ὀρμένιον Орменион) бил освоен од Византиското Царство од Османлиите во 1371 година.[1] Со некои прекини, потоа бил средипте на посебна покраина (санџак), прво на Румелискиот Пашалак, а по почетокот на 17 век на Силистренскиот Пашалак.[1] Покраината се протегала над поголемиот дел од Родопите, средниот тек на Марица и горниот тек на Тунџа, понекогаш вклучувајќи го и градот Одрин, кој, како поранешен државен главен град (до 1453 година) во други времиња бил управуван како независен домен на круната.[2] По распуштањето на Силистренскиот Пашалак во 1812 година, пашалакот припаднал под Одринскиот Пашалак, а во 1829 година, главниот град бил преместен во Одрин.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches [Покраините на Отоманската Империја]. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients, 13 (германски). Reichert. ISBN 3-920153-56-1.