Отоманско-венецијанска војна (1463–1479)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Отоманско-венецијанска војна
Дел од the Отоманско-венецијански војни
Датум 1463–1479
Место Мореја, Негропонте (Евбеја), Албанија и Егејско Море
Исход Османлиска победа, Цариградски договор
Територијални
промени
Мореја), Негропонте и Албанија биле освоени од Османлиите
Завојувани страни
* Венецијанска Република  Османлиско Царство

Втората османлиско-венецијанска војна се водела меѓу Венецијанската Република и Османлиското Царство во периодот од 1463 до 1479 година. Војната се водела неколку години по падот на Цариград и тоа на остатоците од Византиското Царство. Војната резултирала со губење на неколку венецијански територии во Албанија и Грција, како и островот Евбеја кој бил под венецијански протекторат со векови. Оваа војна исто така го означил и почетокот на османлиската доминација во следните години на Средоземјето и Егејско Море.

Позадина[уреди | уреди извор]

По Четвртата крстоносна војна (1203-1204) териториите на Византија биле поделени меѓу неколку западни католички латински крстоносци држави. И покрај оживување на Византиското Царство под Палеолозите во доцниот 13 век, многу од овие "латински" држави продолжиле да постојат до подемот на Отоманското Царство. Една од најсилните земји меѓу нив била Венецијанската Република која била организирана како поморска империја и која контролирала бројни крајбрежни терирории и острови во Јадранското, Јонското и Егејското Море. Во својот прв судир со Османлиите, Венеција го загубила градот Солун во 1430, по долга опсада, но како резултат на мировниот договор биле остави другите венецијански терирории[1].

Во 1453 година Османлиите ја освоиле византиската престолнина Цариград и продолжиле со проширување на своите територии на Балканот, Мала Азија и Егејот. Србија била освоена во 1459, а последните византиски земји односно Морејското Деспотство и Трапезунтското Царствобиле заземени во 1460-1461 година. Венеција го контролирала Графството Наксос и колониите Лезбос и Хиос.

Тек[уреди | уреди извор]

Во 1464 година Венеција го зазела островот Лемнос и го опсадила Митилини. Во август 1464 година дуждот Кристофоро Моро и папа Пиј II се состаниле во Анкона каде се планирало нов крстоносен поход против Османлиите во Пелопонез, но планот не успеал поради смртта на папата. Во 1464 година исто така починал и емирот на Караманија и земјата била воведена во граѓанска војна започната од неговите синови за превласт. Најголемиот негов син Исак бил поткрепен од страна на емирот на Акојунлу Узун Хасан а помалиот од Империјата. Во почетокот силите на Узун Хасан навлегле во Караманија и го поставиле на Исак на престолот по кое бил склучен сојуз со Венеција но во пролетта на 1465 година Мехмед ги испратил своите сили во Караманија и Исак побегнал а по неколку месеци и починал. Истата година Мехмед се обидел да го искористи Скендербег како посредник за склучување на мир со Венеција на кое тој не се согласил. Најверојатно ова била причината следната пролет султанот со огромна војска да замине кон територијата на денешна Албанија. Во текот на овие походи врз населението било извршено масакар а во истиот период била изградена и тврдината Елбасан, по кое османлиските сили се повлекле. Кон крајот на 1466 година Скендербег пристигнал во Рим за да побара помош која не му била одобрена. По враќањето во Кроја, Скендербег успеал да ги победи османлиските сили кои се наоѓале во околината на Кроја и започнал со опсада на Елбасан. Следната година Османлиите успеале да ја заземат Албанија со исклучок на градовите Скадар, Дришт, Леш, Кроја и Драч кои останале под контрола на Венеција. Самиот Скендербег починал во Леш по една година. Во 1467 година во Тракија имало епидемија од чума. Поради тоа султанот овој период ги поминал во Видин и Никопол.

Цариградски договор[уреди | уреди извор]

Војната завршила со потпишување на Цариградскиот договор од 1479 година. Според договорот Венеција ги задржила Улцињ и Драч но го отстапиле Скадар како и други територии на далматинскиот брег, како и грчките острови Негропонте (Евбеја) и Лемнос. Покрај тоа, Венецијанците биле принудени да платат 100.000 дукати обесштетување данок од околу 10.000 дукати годишно, со цел да се здобијат со трговски привилегии во Црното Море.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Finkel (2006), pp. 40–41