Прејди на содржината

Охридски Санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Охдирски Санџак
Ohri Sancağı
санџак на Османлиското Царство
←
1395–1864 →
Знаме Грб
Знаме Грб
Главен град/седиште Битола, Охрид
Составни делови Охридска Каза, Дебарска Каза
Историја
 - Основана 1395
 - Основање на Битолскиот Вилает 1864
Денес во Македонија
Албанија

Охридски Санџак — еден од најстарите санџаци формирани во Румелискиот Вилает. Како прв санџак-бег се смета ајдинскиот бег Џунеjд бег, кој на таа функциjа се споменува во 1406 година.

Според турски документи, Охрид под турска власт паднал 1395 година. Преземањето го извршил Чандарли Хајрудин Паша, кој станал везир во функциjа на највисок воен командант и највисока личност по султанот.

Како сигурен податок за присуството на Османлиите во Охрид, се наведува еден натпис од црквата Свети Илиjа, во охридското село Елшани кој датира од 1408 година.

Според трускиот попис од 1582 г., Охридската нахиjа имала вкупно 88, а Дебрца 32 села, или двете заедно 120 села. Вкупниот број на население во двете нахии изнесувало 18.243 луѓе, од кои 13.592 во Охридската нахиjа и 4.561 во Дебрца. Врз основа на имињата на старешините на семеjствата од пописот може да се заклучи дека најголемиот дел од населението било македонско.[1]

Кази во Охридскиот Санџак

[уреди | уреди извор]
  • Охридска Каза со следниве нахии: Охридска, Дебрца.
  • Дебарска Каза со следниве нахии: Горни Дебар, Жупа, Река и делумно Долго (Голо) Брдо.
  1. ↑ www.ohrid.org.mk Архивирано на 13 февруари 2009 г., Падот под османлиска власт, пребарано на 24 мај 2010