Дедеагачки Санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Sancak-i Dedeağaç
Санџак на на Отоманското Царство

 

1878–1912
 

Местоположба на Дедеагачки Санџак
Местоположба на Дедеагачки Санџак
Карта од 1907 година, Одрински Санџак
Главен град Диметока (1878–1884), Дедегач (1878–1912)
Историја
 -  Основана 1878
 -  Прва балканска војна 1912
Денес во  Грција
 Турција

Дедеагачки Санџак (турски: Liva-i Dedeağaç, грчки: Υποδιοίκησις Δεδέαγατς) — санџак кој припаѓал на Одринскиот вилает во рамките на Отоманското Царство. Градот Дедеагач (во денешна Турција) бил административен центар на санџакот[1]. Санџакот бил создаден во 1878 година. По неговото распаѓање во 1912 година, санџакот станал дел од Турција и Грција.

Историја[уреди | уреди извор]

Санџакот бил создаден во 1878 година од територијата на санџаците на Галиполе и Одрин, како и на островот Самотракија, кој до тогаш припаѓал на Архипелашкиот Пашалак. Главниот град бил првично во Диметока, но бил преместен во Дедеагач во 1884 година. Диметока подоцна била вратена кон Одринскиот Санџак.[2].

Санџакот се состоел од три кази[2], кои понатаму биле поделени на неколку нахии[1]:

  • Каза Дедеагач (денес Александрополис): Ферес, Мекри, Сахинлер, Самтракија, Доганхисар
  • Каза Софулу (мод. Суфли): Питикли, Песани, Камберлер-и Бала, Дервент, Еде, Ипсала
  • Каза Енез: Енез или Коџа Али.

Од нив, Дедеагач и поголемиот дел од казаните Софулу денес се наоѓаат во Грција, додека казата Енез со делови од казата Софулу источно од реката Марица во Турција.

Санџакот преживеал сè додека не бил окупиран од страна на бугарските трупи во Првата балканска војна (1912-1913), по што делот западно од Марица станал бугарски (по 1919 година, грчки), додека источниот останал под турска контрола (освен за периодот 1919-1922 година, кога бил под сојузничка и грчка контрола).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Konortas, Paraskevas. Δεδέαγατς Σαντζάκι (1878 - 1912). Θρακικός Ηλεκτρονικός Θησαυρός (Greek). Посетено на 2 March 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. 2,0 2,1 Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (German). 13. Reichert. стр. 98. ISBN 9783920153568.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)