Прејди на содржината

Биненбител

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биненбител
Поглед на општинското собрание
Поглед на општинското собрание
Поглед на општинското собрание
Грб на Биненбител
Биненбител во рамките на Германија
Биненбител
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругИлцен
Месни единици14
ГрадоначалникМерлин Франке (ДХС)
Основни податоци
Површина99 км2
Надм. височина30 м
Население 6.941 (31 декември 2022)[1]
 - Густина70 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.UE
Пошт. бр.29553
Повик. бр.05823
Порталbienenbuettel.de
Местоположба на Биненбител во рамките на округот Илцен
Карта
Карта
Координати53°08′36″N 10°29′25″E / 53.14333°N 10.49028°E / 53.14333; 10.49028

Биненбител (германски: Bienenbüttel) — општина во округот Илцен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на бреговите на реката Илменау, околу 20 километри северно од градот Илцен и 13 километри југоисточно од градот Линебург.

Биненбител влегува во состав на метрополитенската област Хамбург и се наоѓа во Линебуршкото Поле.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Општината Биненбител се состои од самото истоимено место и следниве единици (од 1972 г.):[2]

  • Баргдорф
  • Бефербек со Гриневалд
  • Борнзен со Форстхоф Вихмансдорф
  • Едендорф со Гут Золхшторф и Хенкенмиле
  • Ајцен I со Барденхаген
  • Гринхаген
  • Хоенбостел
  • Хоншторф
  • Ниндорф
  • Ристе со Ној-Ристе
  • Штедорф со Ној-Штедорф
  • Фарендорф
  • Вихмансбург
  • Вулфшторф

Административното седиште се наоѓа во местото Биненбител.

Водотеци

[уреди | уреди извор]

Низ општината поминува река Илменау, како и Страничниот канал на Елба, но и многу помали потоци.

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Zur Gebiets- und Verwaltungsreform vgl. Matthias Blazek: Von der Landdrostey zur Bezirksregierung. Die Geschichte der Bezirksregierung Hannover im Spiegel der Verwaltungsreformen. ibidem-Verlag, Stuttgart 2004, ISBN 3-89821-357-9.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]