Илменау (река)
Изглед
Реката во Бад Бевензен | |
Место | Германија, Долна Саксонија |
---|---|
Должина | 109 км [1] |
Потекло | спојување на реките Гердау и Штедерау во Илцен 52°56′52″N 10°33′13″E / 52.947639° СГШ; 10.553681° ИГД |
Висина на изворот | 35 м над м.н. (Гердау 70 м., Штедерау 66 м.) |
Утока | кај Винзен (Луе) во Елба 53°23′44″N 10°10′25″E / 53.395417° СГШ; 10.173611° ИГД |
Висина на утоката | 2 м над м.н. |
Спуст | 33 м |
Слив | Елба |
Одлив | Елба → Северно Море |
Слив | 2.984 км² [1] |
Десни притоки | Виперау, Ребелбах, Вобек, Фиренбах, Диксбах, Неце-Канал, Неце, Илауграбен |
Леви притоки | Биненбителер Миленбах, Барнштет Мелбекер Бах, Хазенбургер Миленбах, Луе |
Помали градови | Илцен, Линебург, Винзен (Луе) |
Паланки | Бад Бевензен |
Села | Бардовик, Биненбител, Емендорф, Мелбек, Дојч Еферн, Јелмшторф, Виторф, Драге |
Пловност | 28,84 км |
Илменау (германски: Ilmenau) — река јужно од градот Хамбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Илменау настанува во Линебуршкото Поле, јужно од Илцен, со спојување на реките Гердау и Штедерау во местото Ферсен, дел од градот Илцен. Претставува лева притока на Елба близу градот Винзен (Луе).
Илменау е долга 121 километар, вклучувајќи ја и должината на реката Штедерау. Најголемите градови долж Илменау се Илцен и Линебург.
Градот Илменау во сојузната покраина Тирингија не е долж текот на оваа река, туку на реката Илм.
Реката е пловна, но е малку искористена во тој поглед.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 NLWKN: Ilmenausperrwerk, Wasserwirtschaftliche Daten (abgerufen am 26. Januar 2014); Hinweis: Das Ilmenausperrwerk liegt 300 Meter oberhalb der Mündung; damit repräsentieren dessen Daten hinreichend die des Flusses insgesamt.
- ↑ Co, Kurt.Frey &. „Ilmenau River / Illmenau Canal | Germany | european-waterways.eu: Description of waters, Facilities, Travel Information“. www.european-waterways.eu. Архивирано од изворникот на 2016-07-31. Посетено на 2016-12-03.