Бад Бевензен
Бад Бевензен
Bad Bevensen | |
Градскиот плоштад со поглед на градската црква | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Илцен |
Општ. заед. | Бевензен-Ебшторф |
Градоначалник | Габриеле Мајер (Зелени) |
Основни податоци | |
Површина | 48,01 км2 |
Надм. височина | 36 м |
Население | 9.248 (31 декември 2019)[1] |
- Густина | 193 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UE |
Пошт. бр. | 29549 |
Повик. бр. | 05821 |
Портал | www.bad-bevensen.de |
Местоположба на градот Бад Бевензен во рамките на округот Илцен | |
Координати | 53°04′45″N 10°35′0″E / 53.07917° N; 10.58333° EКоординати: 53°04′45″N 10°35′0″E / 53.07917° N; 10.58333° E |
Бад Бевензен (германски: Bad Bevensen) — град во северниот дел на округот Илцен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Реката Илменау, притока на Елба, тече низ Бад Бавензен. Исто така, градот е прогласен за бања.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Бевензен-Ебшторф.
Географија[уреди | уреди извор]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Бад Бевензен се наоѓа во источниот дел на Линебуршкото Поле на бреговите на реката Илменау. Источно од градот поминува Страничниот канал на Елба.
Градски единици[уреди | уреди извор]
Кон градот припаѓаат и следниве села:
- Дерфер
- Голерн
- Грос Хезебек
- Јашторф
- Клајн Биншторф
- Клајн Хезебек
- Мединген
- Ребел
- Зазендорф
- Зедорф
Историја[уреди | уреди извор]
Во местото Јашторф, околу 3 километри јужно од јадрото на градот, постоеле гробишта од железно време кои го дале името на истоимената култура.
При подготовката за самитот Г20 во 2017 година, левичарски екстремисти подметнале пожар во градот.[2]
Меѓународни односи[уреди | уреди извор]
Збратимени градови[уреди | уреди извор]
Бад Бевензен е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе[уреди | уреди извор]
- Вилхелм Валман (р. 1941) — политичар
- Илзе Фалк (р. 1943) — политичар
- Дирк Фишер (р. 1943) — политичар
- Улрих Зин (р. 1945) — професор
- Јоахим Ајгенхер (р. 1947) — спортист
Галерија[уреди | уреди извор]
- Стариот град во Бад Бевензен
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)
- ↑ Brandanschläge auf Bahn in Bad Bevensen und Bremen Die Welt, 19.06.2017
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Бад Бевензен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|
|