Аренал (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аренал
Arenallong.jpg
Аренал во ноември 2006
Највисока точка
Надм. вис. 1670 м
Координати 10°27′48″ СГШ 84°42′12″ ЗГД / 
Географија
Место Алахуела, Костарика
Покраина CR
Геологија
Старост на карпата 7,000
Вид планина стратовулкан со вулкански куполи
Последен избув од 1968 до 2010

Аренал (шпански: Volcán Arenal) e најмлад и еден од најактивните вулкани во Костарика. Вулканскиот вид ерупција од 1968 год. го означил почетокот на повторен долготраен период на ерупции. Пред да се спушти цели потоци густа лава од своите отвори на врвот и од горниот дел на западната падина, вулканот исфрлил огромни бомби 5 км во висина и предизвикал пирокластични текови (од коишто само еден усмртил 70 луѓе).

Аренал е активен андезитски стратовулкан во северозападна Костарика околу 90 километри северозападно од Сан Хозе, во провинцијата Алахуела, кантонот Сан Карлос, и областа Ла Фортуна. Вулканот е висок најмалку 1633 м[1] Формата му е конусна а обемот на кратерот изнесува 140 м. Геолошки, Аренал се смета за млад вулканот и староста му се проценува на помалку од 7,500 години.[1]

Вулканот бил успан стотици години и покажувал само еден кратер на својот врв, со мала активност на фумаролите, покриен со густа вегетација. Во 1968 година, неочекувано избувнал, уништувајќи го малиот град Табакон. Поради ерупција уште три кратери се создале на западните падини, но денес постои само еден од нив. Од 2010 година, Аренал е неактивен.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Аренал е еден од седумте историски активни костарикански вулкани заедно со ПоасИразуМиравалесОрози, Ринкон де ла Виеја комплексот, и Туриалба. Тој бил најактивен вулкан на Костарика до 2010 година и еден од десетте најактивните вулкани во светот. Со години бил проучуван од страна на сеизмолозите.[3]

Вулканот се наоѓа во центарот на Националниот парк на вулканот Аренал во северната зона на земјата, 15 километри југозападно од областа Ла Фортуна во кантонот Сан Карлос, на Костарика.[4]

Областа на вулканот Аренал е важна вододелница за вештачкото езеро Аренал чија вода се користи за хидроелектрична енергија. 

Аренал има неколку еруптивни отвори.[5] Кратерот Чато (10°26′17″СГШ 84°41′13″ЗГШ) е прикриен стратовулкански конус. Се верува дека Чато најпрво еруптирал пред 38,000 години за време на плеистоценот и последен пат пред околу 3,500 години. Чатито е лавинска купола со околу 1100 м височина а Еспина е другата лавинска купола.

Вулканот Аренал и езерото Аренал (лево).

Топографија[уреди | уреди извор]

Извишувајќи се на 1.720 метри височина или 1.150 над долината во околината, Аренал има облик на конусна планина со волумен од 15км3 [6] чии правилно поставени падини нусат речиси симетричен профил[7].

Пет кратери, обележани како A, B, C, D и E, постојат на Аренал. Кратерите D и E постоеле и пред ерупцијата која започнала во 1968, E е најстар и е место од каде излегувала лавата во тек на ерупцијата во 1525 додека кратерот D го сочинувал поранешниот врв на планината[8]. Кратерите A, B и C биле создадени со ерупцијата во 1968[8][7]. Еруптивната активност се поместила од кратерот A, активен од 1968 до 1973, и B во кратерот C, единствениот активен и највисоката точка на вулканот[8]. Масата на исфрлена лава од 1968 и 2004 достигнува повеќе од 300 метри дебелина во близина на кратерот C, правејќи го нова највисока точка на вулканот наместо дотогашниот кратер D[8][9].

Историја[уреди | уреди извор]

Геолошка историја[уреди | уреди извор]

Аренал е најмлад и најактивен од сите вулкани на Костарика. Научниците успеале да му ја определат староста наназад до 7000 години. Областа останала неистражена се до 1937, кога една експедиција успеала да стигне на врвот.[10] Вулканот се смета за еруптивен од 1968.

Аренал без еруптивна активност на 20 јануари 2008 покажувајќи ги двата кратера.

Историја на ерупциите[уреди | уреди извор]

Јули 1968[уреди | уреди извор]

На понеделник, 29 јули 1968 година во 7:30 часот, вулканот Аренал ненадејно и насилно еруптирал. Ерупција продолжила со несмалено темпо неколку дена, закопувајќи над 15 квадратни километри под карпи, лава и пепел. При ерупцијата загинале 87 луѓе а закопани биле 3 мали села – Табакон, Пуебло Нуево и Сан Луис. Штети биле направени на 232 км2 од земјата. Посевите биле уништени а убиен бил и голем број на добиток.[11]

Во екот на жестоката активност, вулканот исфрлил џиновски карпи – некои тежат неколку тони – на повеќе од километар оддалеченост во висина и 600 метри во секунда. Ваквите експлозии формирале три нови активни кратери. Трите населби биле уништени на западната страна на вулканот а градот со име Ел Борио на источната страна останал недопрен и немал никакви штети. Популарен мит е дека откако вулканот престанал да еруптира, Ел Борио бил преименуван во Ла Фортуна, што на шпански значи "среќа". Сепак, вистината е дека градот бил преименуван во Ла Фортуна од своите жители пред ерупцијата во 1968 ерупција. Името Ла Фортуна воедно значи "богатство", а се однесува на плодните земјишта во областа, за разлика од грубиот, планински терен кој преовладува во областа на вулканот.[12]

Аренал, фотографија на вулканот од 2007

Јуни 1975[уреди | уреди извор]

Помеѓу 17 и 21 јуни 1975 неколку лавини се спуштиле од кратерите. Вегетацијата долж реката Табакон била уништена и голема количина вулкански материјал се наталожил на речното корито. Имало четири силни експлозии и големи количини на пепел во небото. Пепелта се раширила на растојание од 26 километри.

Јуни 1984[уреди | уреди извор]

По периодот на висока ефузивна активност на наизменични лавински текови, нова експлозивна фаза со 3 до 20 експлозии на ден започнала со ниска до умерена магнитуда. Овие експлозии на пареа, вода, гасови и пепел достигнала височина од и до 5 километри, а ветрот во носел вулканскиот материјал преку езерото Аренал и над градот Тиларан.

Август 1993[уреди | уреди извор]

На северозападниот ѕид еден од кратерите пропаднал и создал неколку пирокластични текови. Пропаднатиот ѕид на кратерот имал облик на V, околу 60 метри длабоко и 100 метри широко. Во овој V облик на кратерот лавата почнала повторно да тече.

Март 1994[уреди | уреди извор]

Вулканот Аренал виден од езерото Аренал, Ла Фортуна, Костарика

Тековите почнале да го пополнуваат U-обликот на кратерот и наталожиле материјали околу кратерот.

Март 1996[уреди | уреди извор]

Во ова време од вулканот почнало редовно да тече лава, придружена со повремени експлозии на гасови. Ова била редовна активност на вулканот до 5 мај 1998 година.

Мај 1998[уреди | уреди извор]

Вулканот Аренал имал серија големи ерупции во вторникот попладне, од 5 мај 1998 година. Првата ерупција била во 1:05 часот кога дел од северозападниот ѕид од кратерот паднал. Големи количини на лава, камења и пепел полетале надвор од вулканот во тек на експлозијата. Имало уште една ерупција во 2:20 часот со материјали кои избувнале од истиот дел на вулканот.[13] Специјалист од Вулканско-сеизмичката опсерваторија на Костарика објаснил дека вакви ерупции не се ништо невообичаено за вулканот. Сепак, овојпат обемот на лава во рамки на кратерот бил значително поголем од вообичаеното. Заради претпазливост, властите прогласиле црвен аларм, затворен бил патот меѓу Ла Фортуна и Тиларан, на северната страна на вулканот, и евакуирани биле околу 450 луѓе (претежно туристи) од непосредната околина, вклучувајќи неколку хотели. Немало извештаи за повреди предизвикани од вулканската активност. Во 5:20 часот, во вторникот, вулканот се уште исфрлал вулкански материјал, но активноста значително се намалила.

Ерупција на 7 мај 1998 оштетила два квадратни километри, и уништила шума во близината на вулканот. Се отворила пукнатина долга 500 метри и 10 метри длабоко, во ѕидот на кратер и вулкански материјал истекол надолу по страната на вулканот. Во текот на денот 23 ерупции биле пријавени, помеѓу 1:05 часот и 7:00 часот а потоа вулканот се вратил во нормала. Властите објавиле дека активноста на вулканот не е необична и националниот парк бил повторно отворен уште истата недела.[14]

Вулканот Аренал виден од езерото Аренал (Костарика)

Види[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Arenal" (in Spanish). Costa Rican Vulcanologic and Seismologic Observatory
  2. "Arenal Volcano". crtraveling.com.
  3. Melson, W. G.; Saenz, R. (1 септември 1973 г). Volume, energy and cyclicity of eruptions of Arenal volcano, Costa Rica (на en). „Bulletin Volcanologique“ том  37 (3): 416–437. doi:10.1007/BF02597639. ISSN 0258-8900. https://link.springer.com/article/10.1007/BF02597639. 
  4. "Arenal Volcano Costa Rica overview". Arenal.net. 
  5. "Arenal | Volcano World | Oregon State University". Volcano.oregonstate.edu. 1968-07-29.
  6. (англиски) volcanoes.ca - Géologie de l'Arenal
  7. 7,0 7,1 (француски) ACTIV - Arenal
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Margins Volcano Field trip to Arenal and Guanacaste June 22-26, 2007, Rutgers's University, 29Шаблон:Nb p. Шаблон:Lire en ligne, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article8-9 
  9. „The 1968 andesitic lateral blast eruption at Arenal volcano, Costa Rica“. www.sciencedirect.com. http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0377027306001879. конс. 8 декември 2017 г. 
  10. „Arenal Volcano, Costa Rica. Recent Eruption & Activity 2012, 2010“. Costarica21.com. http://www.CostaRica21.com/Arenal-Volcano.html#Facts_&_Data. конс. 19 јуни 2015 г. 
  11. www.arenal.net. „Arenal Volcano 1968 eruption“. www.arenal.net. http://www.arenal.net/arenal-volcano-1968-eruption.htm. конс. 8 декември 2017 г. 
  12. „Then and now: How the eruption of Arenal Volcano in Costa Rica changed everything | Arenal Observatory Lodge“ (на en). www.arenalobservatorylodge.com. https://www.arenalobservatorylodge.com/blog/then-and-now-how-eruption-arenal-volcano-costa-rica-changed-everything. конс. 8 декември 2017 г. 
  13. Program, Global Volcanism. Report on Arenal (Costa Rica) (на en). „Bulletin of the Global Volcanism Network“ том  23 (4). doi:10.5479/si.gvp.bgvn199804-345033. https://volcano.si.edu/showreport.cfm?doi=10.5479/si.GVP.BGVN199804-345033. 
  14. „40 Years of Eruption, The Arenal Volcano | Arenal Observatory Lodge“ (на en). www.arenalobservatorylodge.com. https://www.arenalobservatorylodge.com/blog/40-years-eruption-arenal-volcano. конс. 8 декември 2017 г.