Сан Мигел (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сан Мигел
Чапарастике
Vulkan Chaparrastique, El Salvador 2013 04.JPG
Вулканот во 2013 година
Највисока точка
Надм. вис.2,130 м
Координати13°25′54″N 88°16′17″W / 13.43167° СГШ; 88.27139° ЗГД / 13.43167; -88.27139Координати: 13°25′54″N 88°16′17″W / 13.43167° СГШ; 88.27139° ЗГД / 13.43167; -88.27139
Географија
Геологија
ВидСтратовулкан
Последен избувмај 2018[1]

Сан Мигел (познат и како Чапарастике) — стратовулкан во средишно-источниот Ел Салвадор, приближно 15 километри југозападно од градот Сан Мигел. На 16 јануари 2002 година, мала ерупција на пареа, гас и пепел настанала од кратерот,[2] траело 3 часа, но не предизвикало вистинска штета на животот или на имотот. Емисиите на јаглерод диоксид биле следени од ноември 2001 година, а нивниот постојан пораст продолжил да се зголемува сè до избувнувањето.

Единаесет години подоцна,[3] на 29 декември 2013 година, Сан Мигел избувнал во 10:30 часот по локално време исфрлајќи пепел и чад на небото и предизвикал евакуација на илјадници луѓе кои живееле во полупречник од 3 км околу вулканот.[4] Тоа било претходено и предизвикано од зголемена сеизмичка активност со почеток во 06:30 часот по локално време.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=343100
  2. Perez, Nemesio (април 2006). „Anomalous Diffuse CO2 Emission Prior to the January 2002 Short-Term Unrest at San Miguel Volcano“. Pure and Applied Geophysics. doi:10.1007/s00024-006-0050-1.
  3. Tadeo, Maria (30 декември 2013). „El Salvador begins evacuation after Chaparrastique volcano erupts for the first time in 37 years“. The Independent. Посетено на 17 јуни 2020.
  4. San Miguel volcano (El Salvador): new eruption. Volcano Discovery. Посетено на 17 јуни 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]