Мадерас (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мадерас
Maderas seen from the South by ET.JPG
Мадерас, виден од југ (април 2008)
Највисока точка
Надм. вис.1394 м [1]
Координати11°26′46″ N; 85°30′54″ W / 11.446° СГШ; 85.515° ЗГД / 11.446; -85.515Координати: 11°26′46″ N; 85°30′54″ W / 11.446° СГШ; 85.515° ЗГД / 11.446; -85.515[1]
Географија
МестоДепартман Ривас, Никарагва
Геологија
ВидСтратовулкан
Последен избувНепознат

Со висина од 1,394 метри, Мадерас — помал од двата вулкани што го сочинуваат островот Ометепе, сместен во езерото Никарагва во Никарагва, Средна Америка. За разлика од Консепсион,[2] другиот вулкан на островот, Мадера не била активна во историските времиња. Нејзиниот кратер содржи кратерско езеро.

Падините на Мадерас се едно од ретките места на тихоокеанската страна на Никарагва каде расте облачна шума. Единствено друго место каде што е пронајдено е во вулканот Момбачо. Облачните шуми се карактеризираат со богат растителен и животински свет, овозможено со високиот степен на влажност во климата. Праисториски петроглифи се пронајдени во вулканот Мадерас.

Искачувањето на врвот на вулканот е позната туристичка активност. Туристите се силно охрабрени од мештанските водечки компании да ангажираат водич, но трагата од заедничката почетна точка кај Финка Магдалена е очигледна целиот пат до врвот. Планинарењето до врвот на кратерот може да биде тешки, со стрмни наклони кои се калливи кога врне дожд. Врне дожд често на островот Ометепе, па веројатно е лизгаво искачувањето, дури и во сувата сезона. Целото патување трае помеѓу 6 и 9 часа и се менува од сува шума во влажна шума во облачна шума.[3]

Постојат голем број на интересни видови, кои живеат на вулканот, вклучувајќи го и мајмунот со бело лице, планинскиот рак, врискачите-мајмуни и голем број на пеперутки, вклучувајќи го и добро познатиот син морфo.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Maderas“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 17 јуни 2020. (англиски)
  2. „Ometepe Island Info - Volcán Concepción“. ometepeislandinfo.com.
  3. „Ometepe Island Info - Volcán Maderas“. ometepeislandinfo.com.
Мадерското Езеро, кратерско езеро.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]