Тахумулко (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тахумулко
Tajumulco Volcano.JPG
Кратер на вулканот Тахумулко
Највисока точка
Надм. вис.4203 м
Истакнатост3980 м
Заведена како
Координати15°02′37″ N; 91°54′12″ W / 15.043685° СГШ; 91.903308° ЗГД / 15.043685; -91.903308Координати: 15°02′37″ N; 91°54′12″ W / 15.043685° СГШ; 91.903308° ЗГД / 15.043685; -91.903308
Географија
МестоСан Маркос, Гватемала
Матичен венецСиера Мадре
Геологија
ВидСтратовулкан
Вулкански лак/појасСредноамерикански вулкански лак
Последен избувНепознато

Тахумулко ― голем стратовулкан во департманот Сан Маркос во западна Гватемала. Тој е највисоката планина во Средна Америка со 4.203 метри. Тој е дел од планинскиот венец Сиера Мадре де Чијапас, кој започнува во најјужната мексиканска држава Чијапас.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Тахумулко е составен од андезитско дацитски лави на врвот на голем гребен од непознато потекло. Има два врва, од кои едниот има кратер широк 50-70 метри. Тек на лавата од северозападниот врв се спушта во стрмна долина на истата страна на вулканот.[2]

Историјата на избувите на вулканот е нејасна и не е познат датумот на неговиот последен избув. Извештаите од 18 и почетокот на 19 век тврдат дека се забележани избуви, но тие не се сметаат за веродостојни.[2]

Регионот околу Тахумулко е релативно ретко населен.[2] Најблискиот град е Сан Маркос, кој се наоѓа на 14 километри на југоисток.[1] Иако е ретко посетен,[2] вулканот можете да го искачите за околу пет часа од селото Туичан. Погледот е променлив бидејќи областа е често покриена со магла и облаци.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Фусноти[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Tajumulco Volcano." Britannica Library, Encyclopædia Britannica, 27 февруари 2012. Пристапено на 24 февруари 2022
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Tajumulco“. Smithsonian Institution National Museum of Natural History Global Volcanism Program. Посетено на 24 февруари 2022.
  3. Stewart, Iain (2009). The Rough Guide to Guatemala. Rough Guides Limited. стр. 477. ISBN 978-1-84836-017-4.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Encyclopædia Britannica Online. „Tajumulco Volcano“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на 24 февруари 2022.
  • INSIVUMEH. „Volcanes de Guatemala“ (шпански). Guatemala City: Instituto Nacional de Sismología, Vulcanología, Meteorologíá e Hidrologíá (INSIVUMEH) - Ministerio de Comunicaciones, Infraestructura y Vivienda. Посетено на 24 февруари 2022.
  • Global Volcanism Program. „Tajumulco“. Washington, D.C.: Smithsonian Institution. Посетено на 24 февруари 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]