Изалко (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изалко
Green Izalco Volcano.JPG
Највисока точка
Надм. вис.1,950 м
Координати13°48′47″ СГШ; 89°37′59″ ЗГД / 13.813° СГШ; 89.633° ЗГД / 13.813; -89.633Координати: 13°48′47″ СГШ; 89°37′59″ ЗГД / 13.813° СГШ; 89.633° ЗГД / 13.813; -89.633
Географија
МестоЕл Салвадор
Матичен венецCordillera de Apaneca
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувоктомври-ноември 1966[1]

Изалко — активен стратовулкан[2] кој се наоѓа во западниот дел на Ел Салвадор. Се наоѓа на јужниот дел на вулканот Санта Ана. Изалко избувнувал речиси континуирано од 1770 до 1958 година[3], заработувајќи го прекарот на „Светилник на Пацификот“, и доживеал ерупција на крилата во 1966 година[4]. За време на ерупција во 1926 година, селото Матазано било целсно зафатено, а 56 лица биле убиени. Вулканот всушност ги зазел високите обработливи површини на јужниот дел на вулканот Санта Ана кои се користеле за производство на кафе, какао и шеќерна трска[5].

Изалко е висок 1.950 метри. Всушност, тој не е вулкан, туку е дел од системот, заедно со неговиот сосед - вулканот Санта Ана. Она што го прави најпознатиот природен светилник во светот е фактот што на секои осум минути избувнува вулканот, паѓајќи облак од чад на височина од 300 метри. Оваа ерупција се случува без прекин во последните двесте години.

Геологија[уреди | уреди извор]

Лавата која историски избувнувала од Изалко се состои од оливински базалти[6]. На формирањето на Изалко му претходела фумаролошка активност во 1658 година, пред неговата активност во 1770 година. Денес Изалко доживува само фумаролошка активност во вид на дождовница што влегува во вулканот и стапува во контакт со топлите карпи, наместо со емисиите на пареа од подземни гасови. Фумаролните наоѓалишта на вулканот се сметаат за извори за неколку ретки минерали.

Туризам[уреди | уреди извор]

Вулканот е посетен и редовно се искачува од страна на туристите во Ел Салвадор преку Националниот парк Серо Верде и е национална икона на земјата, дури и се појавувал на банкнотата од 10 колони, денес надвор од употреба. Вулканот моментално е заспан, но повторно може да еруптира.

Еден хотел е изграден во близина на Серо Верде за да обезбеди сместување со поглед кон еруптираниот вулкан, но вулканот престанал да еруптира кратко пред да биде завршен хотелот.

Изалко и Малиот принц[уреди | уреди извор]

Во француската новела „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, се споменува вулканот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Izalco“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа.  (англиски)
  2. Carr, M. J.; Pontier, N. K. (1981). Evolution of a young parasitic cone towards a mature central vent; Izalco and Santa Ana volcanoes in El Salvador, Central America. J. Volcanol. Geotherm. Res.. стр. 277–292. 
  3. Mooser, F.; Meyer-Abich, H.; McBirney, A. R. (1958). Catalogue of the Active Volcanoes of the World, VI. International Volcanological Association, Naples. стр. 146. 
  4. Rose, William I. Jr.; Stoiber, Richard E.. The 1966 eruption of Izalco volcano, El Salvador. „Journal of Geophysical Research“ том  74 (12): 3119–3130. doi:10.1029/JB074i012p03119. 
  5. Sheets P. D. (2004). Apocalypse then: social science approaches to volcanism, people, and cultures in the Zapotitan Valley, El Salvador. Rose W. I., Bommer J. J., Lopez D. L., Carr M. J., Major J. J. (eds), Natural Hazards in El Salvador. Bolder, Colorado, Geological Society of America Special Paper 375. стр. 109–120. 
  6. Izalco Volcano, Mindat