Тенорио (вулкан)
Изглед
Тенорио | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1916 м |
Координати | 10°40′22″N 85°00′54″W / 10.672778° СГШ; 85.015° ЗГД |
Географија | |
Место | Границата помеѓу покраините Алахуела и Гуанакасте, Костарика |
Геологија | |
Вид | Стратовулкан |
Вулканот Тенорио (шпански: Volcán Tenorio) - неактивен андезитски стратовулкан во северозападна Костарика. Тој е главната географска одлика на истоимениот Национален парк Вулкан Тенорио.[1]
Топонимија
[уреди | уреди извор]Името потекнува од хоротешката легенда за Ескамека и Тенори. Името во неговиот сегашен облика за прв пат се споменува во документот од 1744 година, понатаму во 1745 година од историчарот Леон Фернандес Бониља.
Физички аспекти
[уреди | уреди извор]Составена е од четири вулкански врвови и два кратери-близнаци, еден од кратерите понекогаш се нарекува вулкан Монтезума.[2] Географската творба зафаќа површина од 225 км2. Во најниските области има савана, дождовна шума во средните области и облачна шума на врвот.
Реките Тенорио, Тенорито и Мартирио имаат свој извор во овој вулкан.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Alvarado Induni, Guillermo. Los volcanes de Costa Rica. Editorial de la Universidad Estatal a Distancia. стр. 92–98. ISBN 978-9968-316-79-8.
- ↑ „Tenorio“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
|