Мираваљес (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мираваљес
Miravalles volcano.jpg
Мираваљес во 1988 г.
Највисока точка
Надм. вис.2028 м [1]
Заведена какоСписок на вулкани во Костарика
Координати10°44′54″N 85°09′10″W / 10.74833° СГШ; 85.15278° ЗГД / 10.74833; -85.15278Координати: 10°44′54″N 85°09′10″W / 10.74833° СГШ; 85.15278° ЗГД / 10.74833; -85.15278[1]
Географија
Матичен венецКордилјера де Гванакасте
Геологија
Старост на карпата1.5 Myr
Видстратовулкан
Последен избувсептември 1946[1]

Мираваљесандезитски стратовулкан кој се наоѓа во Костарика. Купата настанала за време на неколку големи експлозивни ерупции кои произвеле обемни дацитолошки-риолитични пирокластични текови пред околу 1,5 и 0,6 милиони години. Единствената регистрирана историска еруптивна активност била една мала експлозија на пареа на југо-западното крило во 1946 година. Мираваљес е место на најголемото развиено геотермално поле во Костарика.

Вулканот Мираваљес достигнува височина од 2.023 метри и е највисока планина во Гванакасте.

Топонимија[уреди | уреди извор]

Оригиналното име на вулканот беше Cuipilapa, збор што значи „река од различни бои“, а тоа е термин кој се користи од страна на старото население во Костарика.

Клима[уреди | уреди извор]

Временските услови во овој регион се со температури кои се движат од 15° C (59° F) и 32° C (90 ° F), а во нивните врвови се движат од 6° C до 9°. Просечните годишни врнежи е 3.500 мм. Во областа годишната стапка на врнежи се движи од 1.500 до 2.500 мм, со просечна температура од 29° C.

Историја[уреди | уреди извор]

Се неколку стратовулкани, Мираваљес е најстариот вулкан кој се наоѓа североисточно во регионот.

Вулканот нема регистрирано еруптивни активности во историски времиња. Од неодамнешната експлозивна активност која одговара на последните илјадници години, нема геолошки записи. Најблиските податоци датираат од пред околу 7.000 години, со генерирање на голем вулкански колапс. На 14 септември 1946 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Miravalles“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. конс. 2010-03-11.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]