Фуего (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фуего
Volcan de Fuego October 1974 eruption.jpg
Вулканот Фуего - ерупција 1974 година
Највисока точка
Надм. вис.3,763 м [1]
Истакнатост463 м [1]
Координати14°28′29″N 90°52′51″W / 14.47472° СГШ; 90.88083° ЗГД / 14.47472; -90.88083Координати: 14°28′29″N 90°52′51″W / 14.47472° СГШ; 90.88083° ЗГД / 14.47472; -90.88083[1]
Име
ПреводОгнениот вулкан (од шпански)
Географија
Матичен венецСиера Мадре Де Чиапас
Топокартана „Google Maps“
Геологија
Старост на карпатамин. 17 илјади години
ВидСтратовулкан
Вулкански лак/појасВулкански појас во Централна Америка
Последен избув3-ти Јуни 2018 година во 20 часот и 38 минути
Искачување
Прво освојување1881 година
Најлесен патАлотенанго (стрмни и карпести патеки)
Вулканот Фуего („Огнениот вулкан“) — активен вулкан на територијата на Гватемала, кој граничи со областите Чималтенанго, Сакатепеге и Есквинтла. Се наоѓа на околу 16 км (9,9 милји) западно од Антигва, главниот град на Гватемала кој е еден од најубавите градови во државата и позната туристичка дестинација. Вулканот редовно еруптира уште од шпанската колонизација на Централна Америка.

Геологија[уреди | уреди извор]

Чад кој излегува од конусниот врв на вулканот Фуего.

Како и другите вулкани од планинскиот венец Сиера Мадре Де Чиапас, вулканот Фуего се простира во правецот на тренд линијата запад-север-запад (ЗСЗ) на јужниот раб на појасот на терциерните вулкански карпи кои ги сочинуваат висорамнините на Гватемала. Топографијата на овој терциерен појас е многу нерегуларна, а вулканот Фуего е изграден на истата неправилна топографија. Терциерните карпи вклучуваат лавански текови и лахарски изливи, и веројатно претставуваат ерозивни остатоци од вулкани кои потекнуваат од миоцен па се до кватернерниот период.[2]Старите вулкански остатоци го поткрепуваат современиот конусен врв на вулканот Фуего и претставуваат топографски пречки на сите наноси предизвикани од гравитацијата. До вулканот Фуего на југ, се наоѓа уште еден млад вулкан, Акатенанго. Двата сочинуваат спарен вулкан, што е честа појава во северниот дел на Централна Америка.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.Кога избувнале лава, сепак биле забележани разлики кај композицијата, и кај составот на лавата. Повеќето лава која избувнала од вулканот Акатенанго биле андезити, додека кај Фуего кој неодамна избувнал лавата по состав била базалтна. Вулканот Акатенанго има многу пониско ниво на активност. Тренд линијата (С) која се провлекува помеѓу Акатенанго и Фуего, исто така, ги опфаќа позициите на двата помали отвори Јепокапа и Месета. Месета претставува постар, делумно еродиран, пропаднат отвор кој се наоѓа на север од вулканот Фуего. Во состав е високо андезитичен.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Сателитска слика од вулканот Фуего, 2016 година
Вулканот Фуeго се наоѓа во ЗСЗ-тренд-кватернерниот вулкански синџир. Средноамериканскиот ров е паралелен со вулканскиот синџир и се протега околу 100 километри движејќи се на југ. Појас од плитки и средни во длабочина земјотреси се случуваат помеѓу ровот и вулкасниот синџир. Тектонската поставка е интерпретирана како конвергирана гранична плочаГрешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу., на која Кокосовата плоча ја поткопува Карибската плоча под вулканскиот синџир. Зоната на субдукција и вулканскиот синџир се поделени на сегменти врз основа на вулканските специфични црти и сеизмичност.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.Вулканот Фуего лежи во централниот сегмент на вулканскиот појас Сиера Мадре, кој се протега од вулканот Санта Марија па се до вулканот Пакаја. Се состои од четири отвори кои ја формираат 5 километри долгата север-југ-тренд линија. Секој од отворите има формирано конусен врв на гребените од северната до јужната страна. Движејќи се од север накај југ овие врвови се: Јепокапа (3880 м), Акатенанго (3976 м), Месета (~3600 м) и Фуего (3763 м). Материјалот кој избувнал од четирите отвори всушност го формирал овој коалесцентен стратовулкански комплекс, издолжен од север накај југ. Речиси сите позначајни историски активности на оваа група на вулкани се случиле во Фуего.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Структура[уреди | уреди извор]

Фуего е базалтски стратовулкан, изграден на исклучително неправилна вулканска површина. Лоциран во централниот дел, со својата постојана активност ги припојува помалите помалку активни вулкани кои се наоѓаат на неговата северната страна. Веднаш на север е високиот, делумно пропаднат, конусен остаток од некогашен вулкан наречен Месета. Кога колабирал овој некогашен вулкан како последица е формирана лавината од остатоци која го погодила блискиот град Есквинтла. Понатаму на север се наоѓа вулканот Акатенанго кој е андезитски стратовулкан кој имал ерупции во историјата и е многу постар од самиот Фуего. Вулканите Акатенанго и Фуего се сметаат за спарени вулкани, како и неколку други низ Централна Америка.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Четири тесно распоредени вулкански отвори долж пукнатината ги сочинуваат вулканските центри Фуего и Акатенанго во западна Гватемала. Комплексот Фуего е составен од вулканските отвори Фуего и Месета меѓутоа според историската активност, избувнатите материјали се исклучиво составени од висока концентрација на алумуниум оксид Al2O3 и базалт и се излезени од отворот Фуего. Отворот Месета е неактивен и е пред распаѓање. Праисториските лави кои течеле од Фуего и Месета биле во поголем дел силикатски, за разлика од историските лави на Фуего, меѓутоа сите заедно формирале едиснтвен кохерентен геохемиско варијабилен модел.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Базалт во течна состојба
Ерупцијата во 1974 година произвела базалт со висока концентрација на алумуниум оксид Al2O3, фенокристали на плагиоклаза, аугит, магнетит, и оксихорнбленде. Споредувањата на четирите еруптивни фази покажале дека просечното ниво на големната на кристалите и нивниот број се зголемуваат. На пример содржината на оливин прогресивно се зголемувала од (3.6% до 12.6% од вкупниот минерален волумен), додека плагиоклазата се зголемила (од 21 на 31 цм³). Најниските вредности биле за време на средните еруптивни фази. Вкупните варијации во содржината на кристалите и променливоста на фенокристалната пропорција интерпретирана е како зонирање на магма телото како единка. Оливинските кристали се од посебно значење затоа што се релативно непропусни домаќини. Тие според кристалниот хабитус се од субхедрални до еухедрални и имаат абсорбирано површини долж своите маргини исполнети со магнетит, земја или изгасено стакло.[3]

Конусниот врв на Фуего се состои од 50 км³ базалт богат со алумуниум оксид - Al2O3. Од 1932-та година па до денес, од отворот Фуего, има избувнато околу 0,7 км³ базалт. Стапката на ерупција и мафичната содржина на базалтот се имаат зголемено со годините. Денес Фуего е класифициран како активен вулкан кој моментално е во затишје.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Старост[уреди | уреди извор]

Под предпоставка дека максималното време е 170 години помеѓу кластерите од историска активност,Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу. земен е тој временски период за да го представува времето за пресметување на веројатноста низ историските пресметувања на староста на вулканот Фуего. Ако се земе во предвид дека отворот Месета избувнал прв, експлодираниот дел представува приближно 25% од неговата историја. Избирање на четири текови на лава како просек за секоја серија и броење на приближно педесет текови на лава во изложениот дел, се пресметува дека вулканскиот отвор Месета е стар приближно 8500 години. Се чини дека Фуего има сличен обем на оној што Месета го имал, со што се заклучува дека и тој е стар околу 8500 години. Со комбинирање на овие години се добива дека комплексот Фуего е стар минимум 17,000 години.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Еруптивна историја[уреди | уреди извор]

Ерупција од 1932 година

Фуего е еден од најактивните вулкани во светот со повеќе од 60 историски ерупции во текот на 500 регистрирани години. Постои тенденција да се појават ерупции во кластери, додека веројатноста за ерупција опаѓа од 0.02 на 0,01 по 6 години на затишје.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу. Еруптивни кластери се случуваат во интервали од 80-170 години и траат од 20-70 години. Најновиот бран на еруптивни процеси започнал 1932 и трае се до денес и вклучува повеќе од 30 индивидуални настани. Се смета дека Фуего е вулкан кој предупредува и по него се следат еруптивните активности на сите вулкани во околината. Специфичниот временскиот период во кој се случуваат ерупциите е под влијание на лизгање на земјиштетоГрешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу. и плагиоклазниот кристал кој се наоѓа во лавата која тече од Фуего и има обрасци на осцилаторно зонирање кои се одразуваат на лизгањето на земјиштето.[4] Повеќето од историските ерупции на Фуего се случиле приближно во месеците февруари или септември. Причината за ова се уште не е позната.

Ерупциите на Фуего се вертикални експлозии исфрлени од неговиот врв. Ниту еден страничен отвор не е јасно дефиниран, и не постои евиденција за странична активност во историјата. Ерупциите се рангирани според показател на вулканска избувност 2 или 3Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу. и вообичаено вклучуваат вжештена лавина која потекува од пукнатините на конусниот врв. Поголемите вертикални експлозии резултираат со широко распространета пепелна завеса. Ерупциите се делат на поголеми ерупции кои траат само неколку часа, и на помали кои се со подолг период и можат да продолжат да еруптираат со денови.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Во 1974 година се случила една од најголемите ерупции на вулканот Фуего по ерупцијата од 1932 година. Оваа ерупција започнала на 10 октомври во 4:00 часот со мали ерупции на пепел од врвот на кратерот.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу. Следеле четири различни епизоди на исфрлање на базалтен воздух проследен со исфрлање на пепел. Ерупцијата во голема мера се намалила во интензитет по 23-ти октомври, и до 4-ти декември чадот од централниот кратер бил помал од 1,5 километри во височина и речиси без пепел.[5] Ерупцијата од 1974 година предизвикала значително зголемување на стратосферните честички во северната хемисфераГрешка во наводот: Погрешна ознака<ref>;

погрешни имиња, т.е. ги има премногу.
а најверојатно и во јужната.

Максималната просечна стапка на екструзија на магма без празнина за време на ерупцијата е 4x10 ^ 9 цм³ / с. Пепелната завеса произведена во најинтензивниот пулс изнесувала околу 0,04 км³ и била генерирана за помалку од три часа. Активирањето на Фуего во 1974 година се совпаднало со минимумот на лунарно-соларнито плиматско забрзување. Првиот голем пулс на еруптивната секвенца започнал за време на максималниот опсег на забрзувањето на плимата и се совпаднал со лунарно-соларнито плиматско забрзување. Секој од другите главни импулси на ерупцијата, исто така, започнал во рок од два часа од плиматскиот минимум.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Од септември 1977 година, до средината на 1979 година, Фуего бил во стабилна состојба со релативно ниско ниво на активност која се состоела од речиси секојдневна емисија на пареа и облаци со пепел. Спротивно на тоа, Фуего имал секојдневни кратки ерупции (од неколку часа до неколку дена) секоја година од 1944 година до денес. Вулкаснките ерупции се карактеризираат со експолозивни исфрлања на нова лава, обично блескава поради загревањето, меѓутоа премногу вискозна за да се заобиколуваат исфрлените делови помеѓу себе. Големи количини на пепел (до 10 ^ 8 м³ за едно исфрлање) се произведуваат за време на вулканската активност придружни со текови на пепел.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Се смета дека има 5 состојби на еруптивните активности на Фуего: 1) долго затишје, како што се 52 години пред ерупцијата од 1932; 2) голема ерупција, како што е онаа во октомври 1974 година; 3) средно затишје со мали повремени активности како што се 4-те години пред ерупцијата од 1971 година; 4) ерупција од среден интензитет, како што е ерупцијата од 21 ноември 1978 година; и 5) стабилна состојба со многу ниско ниво на активност како што е состојбата од септември 1977 година до средината на 1979 година.Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.

Ерупцијата од 1974 година[уреди | уреди извор]

Ерупцијата на стратовулканот Фуего која се случила на 15-ти октомври 1974 година се поврзува со серија на значајни настани и дејствија во околните области Чималтенанго, Сакатепеге, Есквинтла и Реталулеу во Гватемала. Економските штети биле огромни за населението зато што вулканот ги уништил нивните главни извори на приходи, плантажите на кафе и сусам.
Еруптивен циклус[уреди | уреди извор]
Сеизмичката активност започнала на 15-ти октомври 1974 година кога жителите на заедниците лоцирани на падините на вулканот известиле дека во 2:00 часот имало потрес проследен со молња и дожд од пепел што ги спречувале сончевите зраци да продрат до околните населби Тикисате, Реталулеу, Чамперико, Сан Хозе Ла Макина и Сан Педро Јепокапа. По неколку часа владата на генералот Кјел Еухенио Лаугеруд Гарсија била принудена да ги евакуира жителите. Многу од евакуираните се жалеле дека ги изгубиле нивните поседи, особено домашните животи што ги одгледувале за прехрана на нивните семејства.

Пепелта од вулканот стигнала дури до границите на Мексико а интензитетот бил толку јак што и мексиканските власти прогласиле вонредна состојба. Едно од најзагрозените подрачја било селото Сан Педро Јапокапа, кое било делумно закопано во песок кој бил исфрлен од вулканот по четирите дена интензивна ерупција; приближно 1100 жители биле евакуирани, од кои некои биле сместени во хиподром во градот Санта Лусија Коцумалгуапа, Есквинтла, додека некои во привремени засолништа во Патулул Сучитепеге. Во селото Сан Хозе Ла Макина, Реталулеу, фармерите ја изгубиле речиси целата жетва, беспомошно гледајќи ги нивните култури затрупани под пепелот кој непрестано паѓал од вулканот, додека големите плантажи на кафе пријавиле значителни загуби поради песокот кој паѓал врз зрната правејќи тие да испаднат од стеблото. Слична ситуација се случила и во Коатепеке.[6]


Од друга страна, областите на север од земјата известиле дека на небото е забележана црвеникава боја поради паѓањето на песокот; по четиридневните ерупции, кога се верувало дека вулканот се смирил, во текот на ноќта почнале нови експлозии, a отстранувањето на лавата било одложено. Третиот напад на вулканот траел неколку часа, фрлајќи песок кој паѓал на северниот дел на земјата поради воздушните струи кои течеле од југ кон север што ретко се случувало во Гватемала. Некои области во северниот дел на земјата пријавиле дека патиштата, улиците и покривите се прекриени со слој на ситен песок.[7]
Обнова на погодените области[уреди | уреди извор]
Председателот на Демохристијанската партија на Гватемала, која тогаш била главната опозициска партија во државата, се смета дека лажно ги изгубила изборите во 1974 година, побарала од градоначалниците да соработуваат со општините Сан Педро Јепокапа и Акатенанго, кои практично биле уништени од ерупцијата на вулканот. На 24-ти октомври 1974 година кога ерупцијата престанала, пристигнала помошта која се состоела од багери и машинерија испратена од директорот на патиштата на Гватемала, која била испратена во неколку населби за да се исчисти песокот и пепелта. Процесот на опоравување траел нешто подолго од три месеци, бидејќи во споменатите места, слојот на вулканскиот песок достигнал височина и до 1 м. Луѓето од овие подрачја доживеале психолошки трауми а многу од нив добиле заразни болести.[7]

Ерупции на вулканот Фуего[уреди | уреди извор]

# Датум Опис на настани
1 11-ти септември 1541 година Во извештајот на претседателот на комисијата за природни непогоди на кралската република од 1774 година се наведува дека причината за лизгањето на земјиштето кое довело до поплава која го уништила тогашниот главен град на Гватемала, Сиудад Виахе во 1541 година е предизвикана од ерупцијата на вулканот Фуего.
2 1581 година
1586 година
1623 година
1705 година
1710 година
Ерупции кои направиле штети поврзани со земјотреси, забележани од историчарот Доминго Хуарос.
3 27-30 август 1717 година Силна ерупција на вулканот која била увертира за земјотресите во Сан Мигел.
4 1732 година
1737 година
Ерупции кои направиле штети поврзани со земјотреси, забележани од историчарот Доминго Хуарос.
5 приближно 1800 година Ерупции кои не направиле значителни штети иако траеле и по неколку дена и ја загревале територијата околу Акатенанго до тој степен што не можело да се минува.
6 1880 година Ерупција забележана од истражувачот Еухенио Дусасаи кој се искачил на конусниот врв на вулканот додека бил во активна состојба во 1881 година.
7 1932 година Силна ерупција која ги покрила градовите Антигва (Гватемала), Гватемала Сити, како и државите Хондурас и Ел Салвадор со пепел. Во прилог на оваа ерупција имало големи потреси, громови и невреме.
8 1959 година Силна ерупција што била јасно видлива од Гватемала Сити.
9 14-21 октомври 1974 година Силна ерупција која предизвикала големи загоби во земјоделството. Била окарактеризирана и со пирокластични текови кои уништиле голем дел од вегетацијата околу вулканот додека населбата Сан Педро Јепокапа во голем дел била затрупана со песок.
10 1-6 јули 2004 година Силни експлозии на вулканот Фуего кои исфрлувале пламен и до 1 км во височина. Огромна количина на лава почнала да се спушта низ планината.
11 13-ти септември 2012 година Најголемата ерупција на вулканот во 21-от век. Евакуирани биле преку 10,000 луѓе.
12 7-ми февруари 2015 година Биле забележани силни експлозии на вулканот Фуего. Била прогласена портокалова узбуна од националниот сеизмолошки институт во Гватемала. Лавата предизвикала пожар во околните шумски подрачја. Состојбата била алармантна бидејќи вулканот предизвикувал 4-6 експлозии на секој час.
13 29-30 ноември 2015 година Вулканот ја зголемил својата активност окарактеризирана со силни експлозии. Во текот на ноќта имало повеќе од три лава текови кои биле долги од 1,5 до 3 км. Владата прогласила портокалова узбуна меѓутоа не продолзжиле со евакуација бидејќи вулканот се смирил. Пепелта исфрлена од вулканот паѓала на југ и југо-запад од земајта влијаејќи на заедниците и градовите од овие области. Во текот на ерупцијата имало неколку пирокластични текови кои воглавном течеле низ клисурата позната како „Ла Хонда“.
14 4-ти, 5-ти и 6-ти мај 2017 година Вулканот почнал со мали до умерени ерупции на 4-ти мај во утринските часови. Луѓето биле алармирани дека е можно зголемување на интензитетот на ерупциите како и на експлозиите. Во попладневните часови истиот ден ерупциите се интензивирале и од умерени станале силни. Во текот на ноќта вулканот почнал да еруптира по четврти пат. Ерупцијата била пропратена со пирокластични текови. Ерупција со ваков интензитет немало уште од 2012 година. Била категоризирана со показател на вулканска избувност 3. Вулканот исфрлил повеќе од 14,000,000 кубни метри на магма.

Човечка историја[уреди | уреди извор]

Рушевини од црквата „Општеството на Исус“ по ерупцијата од 1880 година
Во 1690 година историчарот Франциско Антонио Де Фуентес Гузман го опишал вулканот Фуего со следниве зборови: „Една од двете планини кои ја обиколуваат долината Панчој, каде што се поставени темелите на вториот град по големина во Гватемала а воедно и главниот град Антигва, на кој шпанските колонизатори му го дале името Фуего за да се разликува од вулканот Агуа кој го уништил претходниот главен град во катастрофата 1541.“ На врвот на вулканот Фуего кој е нешто понизок од оној на вулканот Агуа, во услови на снег, и снежни виулици, кратерот останува недопрен, за разлика од оној на Пакаја, со кој комуницира, како и со оној на Сиера Де Синалоа кој е одалечен седум илјади километри.

Доминго Хуарос - Гватемалски историчар (1752-1821)
Локалното население од населбата Алотенанго која се наоѓа близу до вулканот со задоволство ја раскажува легендата за името на вулканот Фуего кое го добил заради константните ерупции. Кога шпанските католички свештеници сакале да го баптизираат и да му го променат името во „Катарина“ вулканот имал толку многу силна ерупција што светата вода се истурила, а крстот со кој сакале да го баптизираат бил отфрлен дури до палатата на епископот во Сантијаго, Гватемала. Оттогаш свештениците имале страв од вулканот и никогаш повеќе не се обидувале да го баптизираат.[8] Историчарот Доминго Хуарос во неговото дело „Компендиум на историјата на Гватемала“ во 1818 година, пишувал за ерупциите кои вулканот Фуего ги имал за време на шпанската колонизација, по прецизно за оние од 1581, 1586, 1623, 1705, 1710, 1717, 1732 и 1737 година кои предизвикале голема штета на околината, додека ерупциите од 18-ти век немале катастрофални последици, иако траеле и по неколку дена и ја загревале водата која течела од падините на вулканот Акатенанго до тој степен што не било возможно поминување.

Експедиција на Еухенио Дусасаи од 1881 година[уреди | уреди извор]

Во 1881 година, писателот Еухенио Дусасаи го посветил своето време на истражување на вулканот Фуего, кој во тоа време бил во голем дел неистражен.[9] Првин морал да побара дозвола од гувернерот на областа Сакатепеге, а потоа му испратил писмо на градоначалникот на Алотенанго барајќи од него да му испрати луѓе што ќе и помогнат на експедицијата.[9] Дусасаи и неговиот пријател и помошник Тадео Трабанино, имале намера да го истражат централното подрачје, кое сеуште не било истражено, меѓутоа немале јасна представа за таков потфат и одлучиле да се искачат на еден од активните конусни врвови на вулканот, кој еруптирал во 1880 година.[10]

Неговиот водич, господинот Рудесиндо Зул, локалец од Алотенанго, и уште двајца „моцоси“[11] (локални работници, аргати кои помагале на експедицијата вообичаено во носење товар) од градот, ги воделе Дусасаи и Трабанино до местото на планината кое било познато како плато, веќе достигнувајќи ги врвовите на вулканот, но тука застанале поради немање прегледност и страв кој локалците го имале од вулканот; Во експедицијата биле вклучени само господинот Зул, и неколку моцоси од градот. Услов за дозвола за искачување на експедицијата на вулканот Фуего бил задолжително носење на уреди за лоцирање, и оружје кое би го користеле во случај на напад на тигрови кои живееле на планината во тоа време.[10]

Искачувањето започнало со марш во должина од приближно шеснаесет километри во подножјето кое се одвивало се до првиот рид, наречен „дел Кастиљо“ или „Гахотеачукујо“ кој всушност бил дел од пониските падини на вулканот.[10]

Падините имале неверојатна вегетација со дабова и јаворова шума, авокада, амати и многу други видови на дрвја. Качувајќи се уште погоре, шумата во планината станувала се по густа, и ако се земе во предвид дека никој не стапнал таму цели 8 месеци, Зул и неговите моцоси морале да користат мачети за да се пробијат понатаму.[8]


Во продолжение експедицијата се искачила на погорните слоеви на падината каде што забележале голема маса на водена пареа во воздухот која била носена од ветрот во сите правци.[8] Кога пристигнале до местото наречено „Сипресал“ (бидејќи таму имало шест ципариси) биле опколени со густа магла чии облаци полека лебделе во воздухот. Дусасаи ја измерил температурата која била само неколку степени над нулата; кратко потоа, кондензираната пареа почнала да паѓа во вид на силен дожд.[8]

По заминувањето од Сипресал, вегетацијата повторно се сменила, и на оваа висина доминантни биле дрвјата на див костен бидејќи станува збор за вид кој преферира поголеми надморски височини. Истражувачите ја поминале ноќта на ова место градејќи импровизирани колиби од дрвени столбови, гранки и листови и чистејќи ја лавата која била на земјата.[12] Тие биле лоцирани на местото Амасенер, од каде што можеле да ја видат областа Есквинтла и Тихиот океан на југ, вулканот Агуа на исток, и главниот град Антигва и градот Гватемала Сити на северо-запад.[8] На север погледот им бил блокиран од самиот конусен врв на вулканот Фуего.[12]

Истражувачите продолжиле да се искачуваат и дошле до точка која што локалното население ја нарекло „прво плато“ и од која што Зул и неговите моцоси не сакале да продолжат понатаму; само еден од моцосите продолжил со Дусасаи и Трабанино до „второто плато“, кое водело до кратерот на вулканот.[12] Тука имало неколку борови дрвца, меѓутоа немало повеќе диви животни; вегетацијата полека исчезнувала а кога дошле до крајот на „второто плато“ сосема исчезнала. Самите истражувачи сфатиле зошто локалците не сакале да одат понатаму со нив; местото се состоело од гребен кој бил широк околу триесет сантиметри оставајќи простор на двете страни низ кој дувал силен ветер, кој ги турнал на земјата. Дусасаи и Трабанино усепале некако да стапнат на една од карпите кои ја формирале базата на врвот на вулканот и со многу потешкотии успеале да се приближат до кратерот, но не можеле да го видат бидејќи имало навалена карпа која и им го блокирала погледот. Она што успеале да го видат било дека иако биле на температура од минус 8 степени под нулата, земјата и карпите биле вжештени, додека воздухот мирисал на сулфур од чадот кој го исфрлал вулканот.[13] По шеснаесет часа на болно искачување, враќањето траело само четири часа.[13]

Експедиција на Алфред Персивал Моудслеј од 1892 година[уреди | уреди извор]

На 7-ми јануари 1892 година, англискиот археолог Алфред Персивал Моудслеј и Др. Ото Стол кој живеел во Антигва, Гватемала, го започнале искачувањето од Алотенанго, носејќи со себе седум моцоси кои носеле храна, облека и опрема за кампирање. Тие првин еден час јавале по планината се додека мулите не можеле да продолжат поради умор, кои еден од моцосите морал да ги врати назад во селото. Првите два часа на искачување не биле многу напорни, но не било лесно да се оди низ густата шума обрасната со голема трева. Тогаш тие продолжиле низ шумска патека, кога на висина од 2895 м за прв пат можеле да го видат врвот на вулканот. Падините на вулканот веќе немале никаква вегетација, додека долините кои се наоѓале во близина биле прекриени со вулкански пепел и стопен камен.[14]

Моудслеј и Стол продолжиле со искачувањето се додека дошле до 3425 м надморска височина и одлучиле таму да ја поминат ноќта. Моцосите направиле импровизиран штит од борови гранки како заштита од силниот ветер; студенилото било толку интензивно што камперите имале проблеми со спиењето. Следното утро експедицијата продолжила со искачувањето и стигнале до платото, што е врв на планинскиот масив на кој тие се качувале и се наоѓа на 3700 м надморска височина. На север можеле да го видат врвот на вулканот Акатенанго, највисокиот на овој планински масив скоро целосно прекриен со борова шума, додека на југ можеле да го видат врвот на вулканот Фуего.[15]

Моцосите не сакале да продолжат понатаму, па Моудслеј и Стол продолжиле без нив одејќи по крајот на платото кое имало јаз на источната страна и стрмна падина полна со карпи и вулкански материјал на западната, меѓутоа патеката била доволно широка за да може да помине еден возрасен човек. Последните 150 м биле екстремно тешки за искачување така што Моудслеј и Стол морале да користат планинарска опрема. Кога конечно стигнале до врвот, можеле да ја видат внатрешноста на кратерот[16] кој Моудслеј го објаснил на следниот начин: „Кратерот е дупка длабока околу 30 м скоро комплетно опкружена со скршени и исчадени камења со акумулиран сулфур кој го има и во подлибоките места на спроти мене кои не можев да ги видам затоа што карпите ми ги попречуваа погледот. Можеби најинтересната работа поврзана со планината е фактот што таа се извива постепено се до најостриот дел, каде што и двајцата седнавме и можевме да видиме се околу нас. Гасовите кои излегуваа од кратерот не беа воопшто пријатни, но за среќа ветрот беше во наша полза.“ По краток одмор на Месета, Моудслеј и Стол се вратиле назад по само неколку часа. [16]

Фотографии од вулканот Фуего[уреди | уреди извор]



Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Вулканот Фуего, Гватемала“. Peakbagger.com. конс. 7-ми декември 2017.  (англиски)
  2. Доцна терцијарна вулканска стратиграфија во северниот дел на Централна Америка. (Рејнолдс)
  3. Откопување на подрачјето по ерупцијата кај вулканот Фуего (Гватемала) од 1974 година со мали кристали и нивните млади топилни подмножества. (Рогенсак)
  4. Веројатни врски меѓу зонирањето на плагиоклаза и динамиката на магмата кај Вулканот Фуего, Гватемала. (Андерсон)
  5. Емисија на SO2 по ерупцијата на вулканот Фуего 1974 година.(Крафорд)
  6. Вулканот Фуего направи хаос во 1974 година. (Пренса Либре)
  7. 7,0 7,1 Жешкиот песок ја пали населбата Јепокапа. (Пренса Либре)
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Импресии од патувањето на Огнениот вулкан. (Дусасаи стр. 180)
  9. 9,0 9,1 Импресии од патувањето на Огнениот вулкан. (Дусасаи стр. 179-182)
  10. 10,0 10,1 10,2 Импресии од патувањето на Огнениот вулкан. (Дусасаи стр. 179)
  11. „Алотенанго“ (англиски). Howling Pixel. конс. 2-ри јули 2017. 
  12. 12,0 12,1 12,2 Импресии од патувањето на Огнениот вулкан. (Дусасаи стр. 181)
  13. 13,0 13,1 Импресии од патувањето на Огнениот вулкан. (Дусасаи стр. 182)
  14. Поглед на Гватемала и некои белешки за античките споменици во Централна Америка. (Моудслеј стр. 38)
  15. Поглед на Гватемала и некои белешки за античките споменици во Централна Америка. (Моудслеј стр. 38-39)
  16. 16,0 16,1 Поглед на Гватемала и некои белешки за античките споменици во Централна Америка. (Моудслеј стр. 40)
Литература

Надворешни врски[уреди | уреди извор]