Апитерапија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Апитерапија
Пчели на саќе со мед
СпецијалностТрадиционална медицина

Апитерапија (латински: apis - пчела) — комплементарна научна дисциплина на традиционалната медицина, во најголем дел, создадена врз основа на вековно народно искуство. Комбинира превентивни и терапевтски методи засновани на употреба на пчелни производи: полен, матичен млеч, мед, прополис, пчелин отров (Apis mellifera) и восок со цел да се зачува и подобри здравјето на луѓето.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Употребата на пчелните производи за превентивни и терапевтски цели постои уште од почетокот на човекот. За тоа дека човекот отсекогаш го користел медот како храна и лек говорат многубројните цртежи на ѕидовите на пештерите и зачуваните пишани документи. Зачуваните документи од древните цивилизации на Египет, Грција и Рим упатуваат дека човекот уште тогаш ги ценел лековитите својства на медот.[2]

Во грчката митологија Мед бил син на егејскиот крал Егеј и волшебничката Медеја. Според една легенда, кога Медеја била протерана од Атина, таа заминала со нејзиниот син во Азија, каде што тој станал истоимениот херој на Медијците, кои освоиле многу земји. Тој го загубил животот при поход на Индија. Според друга легенда, тој самиот пристигнал во Колхида во времето кога Перс го презел тронот од Ајет. Знаејќи за пророштвото дека Персеј ќе страда од потомците на неговиот брат, Мед лажно се претставил како Хипо, син на коринтскиот крал Креонт. Меѓутоа, тој не успеал да ја измами Перса и го фрлила в затвор. Од занданата го спасила неговата мајка Медеја, која се претставила како свештеничка на Артемида и му го дала оружјето со кое го убил Персеј.[3] Мед бил еден од учениците на Хирон и умрел кога ја нападнал Индија. Според некои извори, неговиот татко можеби бил Јасон [4], а како негови родители се спомнуваат Дионис и нимфата Алфесибеја.[3] Некои автори го нарекувале и Поликсен или Медеј. За него пишувале многу автори; Аполодор, Диодор, Хесиод и други.[4]

  • Хипократ (460-377 г.пр.н.е) го наведува медот како антибиотик, антисептик, експекторанс.
  • Аристотел (384-322 г.пр.н.е) им припишува лековити својства на сите пчелни производи
  • Гален (130-210) го користел медот како лек.
  • Авицена користел мед за лекување на рани. Во своите дела тој наведува за лековитите својства на медот, „ја зајакнува душата, го помага варењето, остриот ум, го обновува памтењето“.

Историјата на апитерапијата во 19 и 20 век открива бројни студии спроведени во областа на апитерапијата, а особено во областа на примената на пчелниот отров. Така, благодарение на напорите на австрискиот лекар Филип Терц, кој ги објавил резултатите од своето истражување во 1888 година со наслов „Извештај за еден вид поврзаност помеѓу убодот од пчела и ревматизмот“, започнала употребата на пчелниот отров во лекувањето на ревматските заболувања.

Бодог Бек (1871 - 1942), Унгарец родум од Будимпешта, по неговото пристигнување во САД, ги следел искуствата на Терц и бил меѓу првите кои почнале да ја користат апитерапијата во САД. Долги години, тој и персоналот на болницата Свети Марко во Њујорк користеле пчелин отров во лекувањето на ревматски заболувања, по неговото лично лошо искуство со ревматска треска. Д-р Бек, како и многу лекари пред и по него, се обидел методот на лекување со пчелин отров да биде препознаен од лекарската фела, но безуспешно. Како и д-р Терц, кој се смета за „татко“ на терапијата со пчелин отров, Бек не успеал да создаде никаков интерес во медицинската пракса за прифаќање на употребата на пчелин отров во терапијата. Бек исто така бил голем поборник за употребата на медот во лекувањето, а за да ја популаризира неговата употреба, ја напишал книгата „Медот и твоето здравје“, која ја објавил во 1938 година.

За популаризацијата на апитерапијата во САД големи заслуги има и Чарлс Мраз (1905-1999) , пчелар од Вермонт, кој добро го познавал Бек и соработувал со него долги години. Во 1928 година, откако се преселил во Вермонт, Чарлс основал пчеларник (кој набрзо станал најголемиот пчеларник во Нова Англија) и фирма која успешно работела повеќе од 60 години. Чарлс, континуирано патувал во Јужна и Средна Америка, Европа, Азија и Блискиот Исток и како консултант промовирал пчеларски методи и технологии. Во 1992 година добил признание од Американската пчеларска федерација како еден од петте најистакнати пчелари во САД во комерцијалното пчеларство. Чарлс бил колумнист и писател кој пишувајќи за медот и неговите производи, дал значаен придонес во негувањето на традициите во областа на пчеларството. Некои од членовите на одборот на Американското здружение за апитерапија, како и многу други членови на ова друштво, се обучени или се обучуваат инспирирани од основните теоретски и практични поставки на Чарлс Фрост.

Апитерапија со убод од пчела[уреди | уреди извор]

Убод од пчела на кожата на пациентот за време на апитерапија.

Апитерапијата со убоди од пчела се користи за лекување на специфични хронични воспалителни нарушувања, вклучувајќи:[1]

  • ревматизам
  • невролошки нарушувања,
  • васкуларни нарушувања,
  • гастроинтестинални нарушувања
  • алергиски нарушувања (овој модалитет не треба да се меша со специфична имунотерапија со отров - хименоптерапија за десензибилизација на пациентите кои доживеале анафилакса од убодите на овие инсекти).[5][6]

Оваа терапија потекнува од анегдотски извештаи за убоди од пчели кои третирале бронхитис и артритис. Режимот на лечење се состоел од убоди од пчели и внесување на пчелин отров (Apis mellifera) од живи пчели еднаш дневно или трипати неделно, применети на ’рбетот, веројатно во корелација со зафатениот зглоб или по акупунктурните „активирачки“ точки. Потоа, на овие точки се врши притисок со палецот до точка на болка. По првите недели од третманот, некои пациенти доживеале влошување на нивната болест во таканаречената реактивна фаза, која се смета за суштинска и го одразува активирањето на имунолошкиот систем. Кога ќе се постигне специфично (неидентификувано) ниво на отпор, терапијата обично се прекинува. Третманот бил индивидуализиран во зависност од клиничкиот одговор и се прекинувал доколку се појави анафилакса.[5]

Во триесеттите години на 20 век станале достапни комерцијални облици на пчелин отров во облик на инјекции (Apiven, Venapis, Liovac, Iminin, Apikosan), со 0,1 mg чист сув пчелин отров, што е еднакво на еден убод од пчела.[6]

Состав на пчелниот отров (Apis mellifera) [7]
Вид на соединение Соединение Количини на отров во % Број на персекти (nmol)
Мали молекули Хистамин 0,66-1,6 5–10
Допамин 0,13-1,0 2,7-5,5
Норадреналин 0,1-0,7 0,9-4,5
Пептид Мелитин 40–50 10–12
Мелитин-Ф 0,01 0,0003
Апамин 3 0,75
Пептид 401 2 0,6
Секапин 0,5 0,13
Тертиапин 0,1 0,03
Прокамин А, Б 1.4 2.0
Ензими Фосфолипаза А2 10–12 0,23
Хијалуронидаза 1-2 0,03
Кисела фосфомоноестераза 1,0 -
α-d-гликозидаза 0,6 -
Лизофосфолипаза 1,0 0,03

Активните истражувања во Соединетите Американски Држави и други земји престанале во раните 1950-ти со појавата на ефективни антибиотици и кортикостероиди.

Од почетокот на 21 век, кога имало заживување на студиите за корисните ефекти на убодите од пчели, овој ефект се припишува на фракцијата растворлива во вода и нејзината интеракција со металопротеинази и мелитин, која ја инхибира циклооксигеназата (ЦОКС-2) и производство на супероксид од страна на неутрофили, двата главни играчи во одржувањето и појачувањеето на воспалението во зглобовите за време на ревматоиден артритис. Ова антиинфламаторно средство, за кое е познато дека е 100 пати посилно од кортизонот, се покажало дека е ефикасно во потиснување на производството на цитокин.[1]

Во клиничката пракса, при примената на оваа метода се појавиле несакани ефекти како анафилакса (како еден од главните проблеми) и ризик од развој на други компликации (како хепатотоксичност).[6] Затоа, бидејќи се покажа дека мелитин покажува хемолитички и цитотоксични активности против клетките на цицачите, тој треба да се модифицира пред безбедно да се развие во лек.

Ставови и упатства за употреба на пчелни производи при лечење[уреди | уреди извор]

Во популарната литература и слични прирачници: често се опишуваат корисните ефекти на медот и другите пчелни производи, со наведување на научно непотврдени факти или без наведување на авторите кои ги спровеле истражувањата и ги утврдиле чудесните ефекти на пчелните производи врз здравјето на луѓето, или биле давани совети како да се користи медот и другите пчелни производи, дози и рецепти без никаква научна потврда, односно претклинички и клинички испитувања.

Бидејќи апитерапијата вклучува употреба на многу диететски производи или додатоци базирани на мед и други пчелни производи, создадени надвор од фармацевтската индустрија и кои се препорачани или применувани од немедицински професионалци, без јасни научни докази, имињата на дополнителните или алтернативните третмани се псевдонаучни термини кои често се користат од точната медицина при опишување на овој метод во пракса. Затоа, многу често во стручната литература, особено медицинската, пчелните производи речиси општо се отфрлаат како бескорисни, а нивната употреба во лекувањето се нарекува „надрилекарство“.[8]

Некои од главните причини за општото непочитување и поларизирање на ставовите меѓу експертите од различни професии, за секој биолошки корисен потенцијал на пчелните производи, според точната медицина во многу западни земји биле:[9]

  • недостаток на добро осмислени тестови за да се утврди ефикасноста на пчелните производи ,
  • недостаток на еднообразност на повеќето пчелни производи,
  • тешкотии при користење или препишување пчелни производи ,
  • општа аверзија кон некоја супстанција која не е фабрички произведена од добро познати супстанции,
  • тешкотии на фармацевтските компании да патентираат и да осигураат профитабилност на пчелните производи
  • чести дезинформации и непромислена пропаганда во популарниот печат и литература во која ефектите од пчелните производи се пренагласени и неумерени.

Некои од производите во апитерапијата речиси никогаш не предизвикуваат „штети“, а можат да имаат позитивни ефекти во ублажување на симптомите, додека други можат да бидат „опасни“. Ако во апитерапијата се користат внимателно одбрани и проверени пчелни производи (на пр. при лекување на рак или некои други состојби) можат позитивно да делуваат на ублажување на одредени симптоми и на самиот тек на болеста.[10][11][12]

Кај лица кои имаат екстремни алергиски реакции на убоди од пчели или други пчелни производи, во најтешките случаи последиците може да бидат фатални. После употреба на матичен млеч може да дојде до напад на астма и можна смрт. Луѓето со ослабен имунолошки систем треба да бидат внимателни кога консумираат мед, бидејќи може да содржи бактерии или габи, кои можат да предизвикаат инфекција кај овие луѓе.

Исто така, можните ефекти на пчелниот отров во бременоста не се добро проучени. Жените кои се бремени или се доилки задолжително треба да се консултираат со својот лекар пред да започнат со апитерапија.

При лечење на одредени болести треба да се избегнува потпирањето исклучиво на овој вид третман, бидејќи одложувањето на примената на конвенционалните методи на медицинска нега може да остави сериозни и трајни последици по здравјето. Затоа, апитерапијата секогаш треба да се користи со претходна консултација со лекар, а во принцип секогаш заедно со методите на конвенционалната медицина.

Затоа, за да може апитерапијата да го има своето заслужено место во лекувањето и да биде прифатена од медицинската наука, неопходно е да се надминат бројните тешкотии и да се исполнат бројни услови, од кои најважни се:

  • Постојано да се спроведуваат, на научна основа, истражувања со цел да се добијат докази за поволните ефекти на пчелните производи и можностите за нивна примена во фармацевтската индустрија и медицината,
  • обука на здравствени работници од областа на апитерапијата,
  • едукација на пчеларите за нивната одговорност во производството и маркетингот на пчелни производи,
  • едукација на населението - корисници на пчелни производи за важноста и начинот на примена на пчелните производи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Handbook of Biologically Active Peptides | ScienceDirect“. www.sciencedirect.com (англиски). Посетено на 2022-03-22.
  2. Мр Пантелија Пантелић, „Азбука пчеларства“, Београд 2001.
  3. 3,0 3,1 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  4. 4,0 4,1 ;
  5. 5,0 5,1 Beeton, Christine (2013-01-01), Kastin, Abba J. (уред.), Chapter 64 - Targets and Therapeutic Properties (англиски), Academic Press, стр. 473–482, ISBN 978-0-12-385095-9, Посетено на 2022-03-22
  6. 6,0 6,1 6,2 Bielory, Leonard; Terr, Abba I. (2014-01-01), Adkinson, N. Franklin; Bochner, Bruce S. (уред.), 101 - Unconventional Theories and Unproven Methods in Allergy (англиски), W.B. Saunders, стр. 1616–1635, ISBN 978-0-323-08593-9, Посетено на 2022-03-22
  7. E. DavidMorganIan D.Wilson, 8.05 - Insect Hormones and Insect Chemical Ecology, Comprehensive Natural Products Chemistry Volume 8, 1999, Pages 263-375
  8. Cassileth B. The Alternative Medicine Handbook. New York, NY: W. W. Norton & Co; 1998.
  9. Valentina, Si-TEAM. „Apitherapy in Slovenia - The great healing power of the little bee“. www.worldbeeday.org (англиски). Посетено на 2022-03-22.
  10. Chen CN, Wu CL, Lin JK. Propolin C from propolis induces apoptosis through activating caspases, Bid and cytochrome c release in human melanoma cells. Biochem Pharmacol. 2004 Jan 1;67(1):53-66.
  11. Chen CN. Wu CL. Lin JK. Apoptosis of human melanoma cells induced by the novel compounds propolin A and propolin B from Taiwenese propolis. Cancer Letters. 245(1-2):218-31, 2007.
  12. Li H, Kapur A, Yang JX, Srivastava S, McLeod DG, Paredes-Guzman JF, Daugsch A, Park YK, Rhim JS. Antiproliferation of human prostate cancer cells by ethanolic extracts of Brazilian propolis and its botanical origin. Int J Oncol. 2007;31:601-606.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


    Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување
во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето).