Додаток во исхрана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додатоци во исхраната

Додаток во исхрана во својот состав содржат една или повеќе од долу наведените супстанции: витамин, минерал, аминокиселина, билка или дел од растение, диететска супстанција за надополнување на исхраната со зголемување на вкупниот диететски внес (пр. ензими или ткива од органи или животни), концентрат, метаболит, конституент или екстракт.

Производите кои припаѓаат на групата додатоци во исхраната во означувањето не смеат да содржат тврдења кои сугерираат дека производот е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба.

Индустријата на додатоците во исхраната се проценува на $37 милијарди во 2015 година,[1] при што повеќе од 50,000 различни производи ги има во промет во САД,[2] и околу 50% од возрасните Американци конзумираат додатоци во исхраната. Мултивитамините се најчесто користените додатоци во исхраната.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brodwin, Erin (8 November 2017). „The $37 billion supplement industry is barely regulated — and it's allowing dangerous products to slip through the cracks“. Business Insider Inc. конс. 31 January 2018. 
  2. „Dietary Supplement Label Database“. Office of Dietary Supplements, US National Institutes of Health. 2017. 
  3. Park, Madison. „Half of Americans use supplements“. CNN. конс. 3 October 2013.