Ејет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ејет (грчки јазик|Αἰήτης) во грчката митологија бил крал на Еја во Колхида.

Митологија[уреди | уреди извор]

Бил син на богот Хелије и океанидата Персеида, пасифајин и киркин брат. Иако татко му му доделил власт над Коринт, тој ја отстапил на Бун, а самиот отишол во Колхид, каде живел во раскошна палата. Во неа се наоѓале чешми од кои течеле вода, вино, млеко и масло. Со океанидата Идија ги имал ќерките Медеја и Халкиопа и Апсирт. Својата ќерка Халкиопа ја омажил за Фрикс, а за возврат добил руно од златорун овен. Му било проречено дека ќе владее се додека го има тоа руно, па тој го оставил на сигурно; во арејевиот гај каде го чувал змеј. Сепак, Јасон со помош на Медеја успеал да дојде до него и пророштвото се исполнило. Од престол го симнал неговиот брат Перс, а Ејет дочекал недолична старост; запуштен и прлав. Меѓутоа, Медеја успела да го врати својот татко на престолот, со помош на својот син Мед.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.