Идија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Идија во старогрчката митологија била нимфа.

Митологија[уреди | уреди извор]

Била најмладата океанова и тетијина ќерка.[1] Живеела во градот Еја во Колхида на крајниот исток во Црно Море и била сопруга на кралот Ејет, со кого ги имала ќерките Халкиопа и Медеја, иако Цицерон и го припишувал и синот Апсирт. Нејзиното име потекнува од грчкиот збор „eidô“, што значи „да види“ или „да знае“, што може да се поврзе со суеверието на Старите Грци кои верувале дека очите имале вештеркина моќ, во овој случај засилена, бидејќи се работело за потомците на Сонцето. Со оглед на тоа дека била Океанида, водена нимфа, се сметало дека потекнува од изворот во Колхида, а бракот помеѓу локална водена нимфа и крал, основач на градот бил чест мотив во грчките митови.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  2. -{theoi.com: Idyia}-