Хипо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хипо или Хипа во грчката митологија, според теогонијата на Хесиод била нимфа Океанида.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Била нимфа на извор или била ипоистоветена со Аура, титанка, божица на поветарецот. Причина за тоа е што и водата и ветрот биле честопати поврзувани со коњи, затоа што таа е „коњска нимфа“.[2] Во биологијата префиксот Hippo се однесува на коњите[3], па така хиподромот го добил називот, а и некои видови на живи суштества (родот Hippocampus е група на риби позната како морски коњчиња). Според некои извори, таа е поистоветена со нимфата Меланипа и била ќерка на кентаурот Хирон. Tаа ја презрела божицата Артемида и оваа ја казнила така што ја преобразила во кобила.[4] Опишана е како убава и паметна девојка која забременила од Еол, па во страв од татко и во тајност ја родила ќерката Меланипа. Затоа што татко и ја барал, таа ја замолила Артемида да ја скрие во соѕвездието на Коњите. Друга причина затоа што Артемида ја пренела меѓу ѕвездите била всушност да ја казни, затоа што била вљубена, заборавила на ловот и култот на оваа божица. Како нејзино име се наведува уште и Окироја.[5]

Други личности[уреди | уреди извор]

Ќерката на Теспиј, која со Херакло го имала синот Капил.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: OCEANIDS}-; -{List of OCEANIDS, daughters of Oceanus and Tethys
  2. -{theoi.com: Okeanides}-; -{NAMES OF OKEANIDES}-
  3. -{yourdictionary.com: hippo-prefix}-, Приступљено 29. 4. 2013.
  4. -{theoi.com: ARTEMIS WRATH 2}-; -{(3) WRATH DEFENDER OF DIVINE PRIVILEGE}-
  5. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  6. Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: Heracles1}-; -{Family: Mates & Offspring