’Рж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
’Рж
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Фамилија: Треви
Племе: Ливадарки
Род: ’Рж
Вид: S. cereale
Биномен назив
Secale cereale
L.
Синоними

Secale fragile (M.Bieb.)

’Ржта (науч. Secale cereale) е мошне распространето тревно растение што се одгледува како житарка за исхрана кај луѓето и како фуражна култура за домашните животни. Член е на групата на пченични растенија и е во блиско сродство со јачменот и пченицата. Зрната се користат за правење на брашно, ’ржен леб, ’ржено пиво, извесни видови на виски и вотка, но и како фуражна култура. Зрната се консумираат цели или зарамнети и суви, во облик на снегулки.

Потекло[уреди]

Заедно со другите диви житарки, ’ржта потекнува од средна и источна Турција и околината. Во одомаќинет (питом) облик се среќава во наоди од неолитот во самата Турција, но на останатите места како средна Европа се јавува дури во наодите од Бронзеното доба (1800-1500 п.н.е.)[1]

Производство и потрошувачка[уреди]

Производството на ’рж во 2005 г.
Најголеми производители на ’рж — 2005
(милиони тони)
 Русија 3,6
 Полска 3,4
 Германија 2,8
 Белорусија 1,2
 Украина 1,1
Народна Република Кина НР Кина 0,6
 Канада 0,4
 Турција 0,3
Flag of the United States.svg САД 0,2
 Австрија 0,2
Цел свет 13,3
Извор: ФАО [2]
Минерали
Ca 33 мг
Fe 2,67 мг
Mn 121 мг
P 374 мг
K 264 мг
Na 6 мг
Zn 3,73 мг
Cu 0,450 мг
Mg 2,680 мг
Se 0,035 мг

Највеќе ’рж се произведува во источна, средна и северна Европа. Главниот појас на одгледување се протега од Германија, преку Полска, Украина, Белорусија, Литванија и Латвија, па до средна и северна Русија. Во Северна Америка, поголеми производители се Канада и САД. Во Јужна Америка, поголемо производство на ’рж имаат Аргентина и Бразил, а во Азија знајачни производители се Турција, Казахстан и северна Кина.

Големината на посевите и приносот на ’рж се во пад во речиси сите земји. На пример, во Русија, производството опаднало од 13.9 милиони тони во 1992 на 3,4 Мт во 2005. Другите земји се соочуваат со сличен тренд: Полска - од 5,9 Мт во 1992 на 3,4 Мт во 2005; Германија - од 3,3 Мт на 2,8 Мт; Белорусија - од 3,1 Мт на 1,2 Мт; Кина - од 1,7 Мт на 0,6 Мт; Казахстан - од 0,6 Мт на 0,02 Мт.

Највеќето ’рж се потрошува локално или се извезува само во соседните земји, но не и пошироко во светот.

Болести[уреди]

’Ржта е мошне подложна на опасната габи|габи ’ржена гламница (морово рокче). Јадењето на ’рж заразена со гламница предизвикува сериозна болест наречена ерготизам. Ерготизмот прави психолошка и физичка штета во телото и предизвикува грчеви, потфрлање во бременоста, некроза на прстите, халуцнации и смрт. Во северните краишта, периодите на масовно заразување на ’ржта со гламница се совпаѓа со зачестеноста на прогонството на вештерки.

Употреба[уреди]

Дива ’рж

’Ржта се користи за правење на ’ржан леб и слични печива. Брашното има многу глиадин, но само малку глутенин, па затоа содржи помалку глутен од пченичното брашно. ’Рженото брашно има и повеќе прехранбени влакна. Алкилресорцинолите се фенолни липиди што изобилуваат во триците на пченицата и ’ржта (0,1-0,3% од сувата мера).[3]

Наоѓа примена и во производството на пијалоци како ’ржено виски и квас, и како ’ржен екстракт во алтернативната медицина. Од сламата се изработуваат жетварски венци и покриви на објекти.[4]

Одгледување[уреди]

’Ржта расте добро на многу посиромашни почви од оние неопходни за највеќето житарки. Затоа, таа е од особено прехранбено значење во подрачјата каде почвата содржи песок или тресет. Растението издржува студ подобро од сите други покрупни житарки, а преживува и под снег (пченицата тогаш умира). Во највеќето региони кајшто е застапена, таа се сади во есен и расте во зима. На пролет, растенијата се развиваат и даваат принос.

Одгледување во Македонија[уреди]

Во Република Македонија, ’ржта е една од двете најстари житни растенија (другата е пченицата). се сее на површина од околу 7.300 хектари, со просечен принос од 1,5 т/ха. Во развој е тритикале (пченица-’рж) и тетраплоидна ’рж.[4]

Наводи[уреди]

  1. Daniel Zohary and Maria Hopf, Domestication of plants in the Old World, third edition (Oxford: University Press, 2000), стр. 75
  2. „Најголеми производители на храна и земјоделски производи - Земји по производи“. Fao.org. http://www.fao.org/es/ess/top/commodity.html?lang=en&item=71&year=2005. конс. 17 септември 2010.  (англиски)
  3. Structures of 5-alkylresorcinol-related analogues in rye. Yoshikatsu Suzuki, Yasuaki Esumi, Isamu Yamaguchi, Phytochemistry, Volume 52, Issue 2, сетември 1999, стр. 281–289, doi:10.1016/S0031-9422(99)00196-X
  4. 4,0 4,1 Македонска Енциклопедија“. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1217. ISBN 978-608-203-023-4. 

Надворешни врски[уреди]