Вотка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вотка

Вотка (руски: водка, полски: wódka) e жесток алкохолен пијалок, најчесто безбоен, а се добива со дестилација на житарици или компири. Името на овој пијалок потекнува од словенскиот збор „вода“, како деминутив на руски.

Вотката во главно се состои од алкохол (етанол) и вода. Количината на алкохол во вотката се движи од 35% до 70%. Класичната руска вотка има 40% алкохол. Тоа се препишува на руските стандарди од 1894 година кој ги вовел Александар III, а кои биле базирани врз истражувањата на Менделеев, кои подоцна тој ги употребил во својата докторска дисертација под наслов "Комбинирајќи ги алкохолите со вода".[1] Судејќи според анализите на музејот за вотка во Санкт Петербург, Менделеев дошол до сознание дека совршен процент на алкохол во вотката е 38%, но сепак тие се одлучиле за цела бројка. По законот во Соединетите Американски Држави, минимален процент на алкохол во вотка е 40%, додека во Европа е 37,5%.[2]


Иако во главно вотката се пие „чиста“, без никакви додатоци и состојки во пиењето, во Јужна Европа и скандинавските земји вотката се пие со раствор во други пијалоци, однсно со тоа се добиваат коктели, како што се: Блади Мери, Мартини и др.

Наводи[уреди]

  1. "Идеалната формула на вотката е на Менделеев", Дневник, година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 22.
  2. Gin and Vodka Association, http://www.ginvodka.org/history/vodkaproduction.html