Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство

Лого на ФАО.
Кратенка ФАО
Мото За свет без глад
Основање 16.10.1945.
Тип меѓудржавна организација
Правен статус повелба за основање
Цел борба против гладот
Седиште Рим, Италија
Членство 191 земја
Официјални јазици англиски, арапски, кинески, руски, француски, шпански
Генерален директор д-р Жак Диуф
Главно тело Конференција на членките на ФАО
Совет на ФАО
Матична организација Обединети нации
Буџет 929,8 милиони УСД за 2008-2009.
Управа над 3600
Веб-место http://www.fao.org


Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на ОН за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.


ФАО има осум оддели:

  • Земјоделство и заштита на потрошувачите,
  • Економски и социјален развој,
  • Рибарство и водостопанство,
  • Шумарство,
  • Човечки, финансиски и физички ресурси,
  • Знаење и комуникации,
  • Управување со природни ресурси и
  • Заштита на околината и техничка соработка.