Гвинеја-Бисау

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е статија за државата во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Република Гвинеја-Бисао
República da Guiné-Bissau
Геслопортугалски: "Unidade, Luta, Progresso"
"Единство, Борба, Прогрес"
Химнапортугалски: "Esta é a Nossa Pátria Bem Amada"
"Ова е нашата добро сакана татковина"
Главен град Бисау
11°52′ СГШ 15°36′ ЗГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик португалски
Признаени регионални јазици креолски
Демоним Бисауец
Уредување полупретседателска република
 -  Претседател Малам Бакаи Сања
 -  Премиер Карлос Гомез Џуниор
Независност од Португалија 
 -  Објавена 24 септември 1973 
 -  Призната 10 септември 1974 
 -  Национален ден 24 септември 
Површина
 -  Вкупна 36,125 км2 (136-та)
 -  Вода (%) 22.4
Население
 -  проценка за 2009 1.611.000[1] (148-ма)
 -  Попис 2002 1.345.479 
 -  Густина 44.1 жит/км2 (154-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $848 милиони[2] 
 -  По жител $486[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $461 милиони[2] 
 -  По жител $264[2] 
Џини (1993) 47 (висок
ИЧР (2007) 0.396 (низок) (173-та)
Валута Франк (XOF)
Часовен појас GMT (UTC+0)
Се вози на десно
НИД .gw
Повик. бр. 245

Гвинеја-Бисао или Гвинеја-Бисау (португалски: Guiné-Bissau) или официјално Република Гвинеја-Бисао или Република Гвинеја-Бисао (República da Guiné-Bissau) е држава во Западна Африка. Државата се граничи со Сенегал на север и со Гвиенја на југ и исток. На запад, Гвинеја-Бисау излегува на Атланскиот Океан. Главен и најголем град во државата е Бисау и официјален јазик е португалскиот јазик.

Вкупната површина на Гвинеја-Бисау е 36.125 километри квадратни со вкупно население од 1.611.000 жители. Порано државата била португалска колонија и била позната под името Португалска Гвинеја. Со независноста државата го прифатила името Гвинеја, но за да се разликува од соседната Гвинеја на своето име го додала името на главниот град. БНП по глава на жител на Гвинеја-Бисау е едно од најниските во светот.

Содржина

Етимологија[уреди]

Името на државата потекнува од името на регионот Гвинеја и од поранешното колониско име Португалска Гвинеја, додека соседната Република Гвинеја била позната како Француска Гвинеја. Со независноста на двете држави, Француска Гвинеја го променила името само во Гвинеја, додека помалата Португалска Гвинеја се преименувала во Гвинеја-Бисау за да се разликува од останатата. Често и Република Гвинеја се нарекува како Гвинеја-Конакри.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Гвинеја-Бисау.

За раната историја на Гвинеја-Бисау се знае многу малку, слично како и за историјата на Гвинеја. Она што е познато е дека кон 900 година, Гвинеја била вклулчена во составот на Ганската империја. Од 13 век до 16 век, Гвинеја била со составот на Царство Мали. Португалските трговци и истражувачи на нејзините брегови престигнале во периодот помеѓу 1460 и 1470 година. Нејзиното население главно било користено за трговија со робови, а земјата како подрачје за експлоатација на нејзините ресурси. Кон крајот на 19 век, Гвинеја била колонизирана од страна на Португалија, која тогаш била позната како Португалска Гвинеја, која административно припаѓала на Зелено’ртската република. Во текот на 1956 година, Амилкар Кабрал застанал на чело на народноослободителната војна. Во 1963 година војната продолжила под раководство на Африканската партија за независност на Гвинеја. Таа партија била силно поткрепена од страна на СССР, Кина и Куба. Земјата својата независност ја објавила на 24 септември 1973 година. Веќе следната година, Португалија ја признала независноста и ги повлекла својата војска. Во 1980 година бил извршен воен удар, и на чело на земјата застанал Жоао Бернардо Виера. Во 1984 година бил избран нов устав на земјата, а во 1991 година бил воведен повеќепартиски систем. Во 1999 година бил извршен повторно воен удар, и Виера бил отстранет од власта. Во следните неколку години се случиле повеќе вакви воени и државни удари, во кои Виера се враќал на васт, за последен пат во 2005 година. Во 2009 година тој бил убиен.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Гвинеја-Бисау.
Пејзаж од Гвинеја-Бисау.

Гвинеја-Бисау е држава која се наоѓа во Западна Африка со главен град Бисау. Вкупната површина на државата е 36.125 километри квадратни. Највисока точка во државата изнесува 300 метри. Внатрешноста на земјата е савана додека крајбрежјето има блата. Поради блискоста до екваторот, климата во Гвинеја-Бисау е тропска со топли ветрови од Сахара. Гвинеја-Бисау на север се граничи со Сенегал, а на југ и исток со Гвинеја. На запад државата излегува на Атлантскиот Океан.

Покрај главниот град во Гвинеја-Бисау поголеми градови се и:

Градови во Гвинеја-Бисау
Ранг Град Население
1979 2005
1 Бисау 109.214 388.028
2 Бафата 13.429 22.521
3 Gabú 7.803 14.430
4 Бисора н/п 12.688
5 Болама 9.100 10.769
6 Качеу 7.600 10.490
7 Бубаке 8.400 9.941
8 Катио 5.170 9.898
9 Мансоа 5.390 7.821
10 Буба н/п 7.779
11 Кебо н/п 7.072
12 Канчунго 4.965 6.853
13 Фарим 4.468 6.792
14 Кињамел н/п 3.128
15 Фулакунда н/п 1.327


Политички систем[уреди]

Министерство за правда.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Гвинеја-Бисау.

Гвинеја-Бисау е република. До 1991 година владата била централизирана, но со реформите се вовел полиберален повеќепартиски систем. Претседателот е шеф на државата, додека премиерот е шеф на владата на Гвинеја-Бисау. Законодавно тело е еднодомен парламент наречен Национално народно собрание на Гвинеја-Бисау кое е составено од 100 пратенички места. Пратениците се избираат на избори за четиригодишен мандат. Уставно, судската власт е независна. Моментален претседател на Гвинеја-Бисау е Малам Бакај Сања.

Административна поделба[уреди]

Карта на Гвинеја-Бисау

Гвинеја-Бисау е поделена на 8 региони и еден автономен сектор. Овие се поделени на 37 сектори. Регионите се:

* автономен сектор




Економија[уреди]

Бисау, центар на земјата.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Гвинеја-Бисау.

БНП по глава на жител на Гвинеја-Бисау е едно од најниските во светот, како и индексот за човеков развој. Повеќе од две третини живеат во сиромаштија. Економијата зависи од земјоделството, рибиоловот. Најизвезувани продукти се два видови на ореви. Поради долгиот нестабиле политички живот, економијата на Бисау е во незавидна положба.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Гвинеја-Бисау.
Религија во Гвинеја-Бисау[3],[4]
Религија Процент
Ислам
  
50%
Локални религии
  
40%
Христијанство
  
10%

Населението на Гвинеја-Бисау е доста разновидно, со повеќе етнички групи и јазици, обичаи и традиции. Истото може да биде поделено на три големи етнички групи: фула и мандинка кои сочинуваат поголем дел од населението и живеат во северниот дел од земјата, потоа следат Баланта и Папел кои живеат во приморскиот регион и Манџако и Манкања кои живеат во северниот крајбрежен регион. Остатокот од населението се мешани луѓе на Португалци и локални жители.

Официјален јазик во Гвинеја-Бисау е портуагалскиот јазик кој како мајчин јазик го зборуваат само 14% од населението. 44% од населението зборува Гвинејско-Бисауски креолски јазик. Исто така во училиштата се учи и француски јазик поради околните франкофонски држави.

Низ скоро целиот 20 век најголема религија била локална религија, но скоро 40 до 50% од населението се Муслимани. 10% се Христијани и остатокот се припадници на локални религии. Сепак и Исламот и Хрситијанството не се чисти, туку имаат големи примеси на локалните религии.[3][4]

Култура[уреди]

Кабаса.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Гвинеја-Бисау.

Музиката на Гвинеја-Бисау е поврзана со полиритничкиот гумбе стил на музика, најзастапен вид музика во земјата. Сепак поради нестабилноста на земјата, музиката не е толку често застапена во општествениот живот. Најзастапен музички инструмент е кабаса. Текстовите на песните се на португалски и креолски јазик. Еден од најпознатите уметници на Гвинеја-Бисау е Флора Гомес, филмски режисер.

Наводи[уреди]

  1. Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations.  (консултирано на 2009-03-12)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Guinea-Bissau“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=654&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=84&pr.y=8. проверено на 2009-10-01. 
  3. 3,0 3,1 CIA the World Factbook
  4. 4,0 4,1 "Guinea-Bissau", Encyclopædia Britannica

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Вести