Демографија на Гвинеја-Бисао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Динамика на населението (1961 - 2003)
Старосна структура (2005)

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Гвинеја-Бисао изнесува 1 285 715 луѓе.

Старосна структура[уреди | уреди извор]

(2000)

  • 0-14 години: 42% (мажи 271 100/ жени 272 304)
  • 15-64 години: 55% (мажи 335 150/ жени 370 667)
  • над 65 години: 3% (мажи 16 574/ жени 19 920)

Коефициент на плодност[уреди | уреди извор]

Етнички состав[уреди | уреди извор]

Населението на Гвинеја-Бисао е доста разновидно, со повеќе етнички групи и јазици, обичаи и традиции. Истото може да биде поделено на три големи етнички групи: Фула и Мандинка кои сочинуваат поголем дел од населението и живеат во северниот дел од земјата, потоа следат Баланта и Папел кои живеат во приморскиот регион и Манџако и Манкања кои живеат во северниот крајбрежен регион. Остатокот од населението се мешани луѓе на Португалци и месни жители.

Религија[уреди | уреди извор]

Низ скоро целиот 20 век најголема религија била локална религија, но скоро 40 до 50% од населението се Муслимани. 10% се Христијани и остатокот се припадници на локални религии. Сепак и Исламот и Хрситијанството не се чисти, туку имаат големи примеси на локалните религии.[1][2]

Религија во Гвинеја-Бисао[1],[2]
Религија Процент
Ислам
  
50 %
Локални религии
  
40 %
Христијанство
  
10 %

Јазици[уреди | уреди извор]

Службен јазик во Гвинеја-Бисао е портуагалскиот јазик кој како мајчин јазик го зборуваат само 14% од населението. 44% од населението зборува Гвинеобисајски креолски јазик. Исто така во училиштата се учи и француски јазик поради околните франкофонски држави.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 CIA the World Factbook
  2. 2,0 2,1 "Guinea-Bissau", Encyclopædia Britannica

Надворешни врски[уреди | уреди извор]