Демографија на Намибија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Динамика на населението (1961 - 2003)

Според податоци од 2006 година, населението на Намибија изнесува 2 108 665 луѓе.

Старосна структура[уреди]

(2000)

  • 0-14 години: 43% (мажи: 384 900 / жени: 375 282)
  • 15-64 години: 53% (мажи: 468 942 / жени: 475 504)
  • над 65 години: 4% (мажи: 28 905 / жени: 37 794)

(2003)

  • 0-14 години: 42,5% (мажи: 414 559 / жени: 404 346)
  • 15-64 години: 54% (мажи: 517 469 / жени: 522 549)
  • над 65 години: 3,5% (мажи: 30 038 / жени: 38 486)

Коефициент на плодност[уреди]

Етнички состав[уреди]

Според население, Намибија е втора најслабо населена држава во светот, веднаш зад Монголија. Мнозинството население на Намибија е од црната раса. Повеќе од половина од населението се припадници на народот Овамбо и живеат во северниот дел од земјата. Покрај нив, во Намибија живеат и Хереро и Химба, кои зборуваат сродни јазици.

Поголем дел од народите кои живеат во Намибија се припадници на големата група Банту, но има и припадници на останати поголеми етнички групи како на пример Коисани кои се потомци на првичните жители на Намибија. Исто така, во Намибија живеат и Анголци кои се бегалци во државата. Покрај сите овие, има и мешано население кои сочинуваат околу 6.5% од вкупното население. Во 2006 година во Намибија живееле 40.000 Кинези[1] Белото население во Намибија е од португалско, холандско, германско, британско и француско потекло кои сите заедно се околу 7% од населението.

Религија[уреди]

Најголема религија во Намибија е Христијанството кое е застапено со околу 80 % од населението. Покрај Христијанството, 10 % од населението се припадници на некои од локалните африкански религии, 3 % се припадници на малата исламска заедница и остатокот е класифициран како непознат.

Јазици[уреди]

Официјален јазик на територијата на Намибија е англискиот јазик. До 1990 година, германскиот и африканс биле исто така официјални јазици. Одреден период пред Намибија да ја добие својата целосна независност, властите во Намибија одлучиле државата да биде монолингвална, чекор кој намерно бил преземен како споредба со ситуацијата во ЈАР.[2] Поради тоа, англискиот останал единствен официјален јазик, додека како признати јазици кои се зборуваат во Намибија се африканс, германски јазик и ошивамбо јазик.

Половина од Намибијците зборуваат ошивамбо како мајчин јазик, додека повеќето од населението разбираат и африканс. Помеѓу младото население, јазик кој најмбогу го разбираат е англискиот. Бидејќи ниту англискиот ниту африканс не се мнозински мајчин јазик, тие се најмногу зборувани втори јазици низ земјата. Од белото население во земјата, 60% зборуваат африканс, 32% германски, 7% англиски и 1% португалски.

Наводи[уреди]

  1. China and Africa: Stronger Economic Ties Mean More Migration, By Malia Politzer, Migration Information Source, August 2008
  2. Pütz, Martin. Official Monolingualism in Africa: A sociolinguistic assessment of linguistic and cultural pluralism in Africa. in: Discrimination through language in Africa? Perspectives on the Namibian Experience. Mouton de Gruyter. Berlin: 1995. p.155.

Надворешни врски[уреди]