Демографија на Либија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Динамика на населението (1961 - 2003)
Старосна структура (2005)

Според податоци од 2007 година, населението на Либија изнесува 6 036 914 луѓе.

Старосна структура[уреди]

(2009)

  • 0-14 година: 33 % (мажи: 1 065 606/жени: 1 020 102)
  • 15-64 години: 62.6 % (мажи: 2 036 780/жени: 1 923 566)
  • над 65 години: 4.4 % (мажи: 136 224/жени: 142 079)

(2000)

  • 0-14 години: 36% (мажиe: 938 476/ жени: 899 139)
  • 15-64 години: 60% (мажи: 1 595 306/ жени: 1 485 069)
  • над 65 години: 4% (мажи: 97 770/ жени: 99 690)

Коефициент на плодност[уреди]

Етнички состав[уреди]

Околу 97 % од населението на Либија е составено од арапи и бербери, а околу 0.4% се Италијанци.

Според територијата, Либија има мала популација која живее на голема површина. Густината на населеност е околу 50 лица на km ² (80/sq. МВР.) Во двете северни региони, Триполитанија и , живеат по едно лице на квадратен метар. Околу 80% од населението е градско, главно сконцентрирано во најголемите центри во земјата, Триполи, Бенгази и Ал Баида[1]. Околу 50% од населението е под 15-годишна возраст.

Старите Либијци се главно арапи и бербери. Во јужниот дел од земјата живеат племето Хауса и Тубу. Освен нов, во земјата сде среќаваат и некои дојденци од соседните држави, пред се од Египет и Северна Африка[2].

Либија е домаќин на голем број на илегално население. Се проценува дека нивниот број е околу 1.000.000 луѓе.[3]Во Либија има живее и една мала италијанска заедница. По прогласување на независност, голем број на Италијанци заминале од овие простори, како и по доаѓањето на Гадафи на власт во 1970 година.[4]

Поголемиот дел од либијското население живеат во станбени простори и други независни станбени единици, во зависност од приходите и богатството на едно семејство. Сепак, има и голем број на Либијски Арапи кои традиционално живеат номадски начин на живот во шатори.[5]Сепак, овој начин на живот не е повеќе популарен кај локалното население. Непознат број на Либијци сè уште живеат во пустина.

Религија[уреди]

Далеку од доминантна религија во Либија е исламот. Припадници на оваа религија се 97% од вкупниот број на население.[6]Најголемиот дел од либијските муслимани се приврзаници на сунитскиот ислам. Од 5% до 10% пак се дел од ибадитскиот ислам.

Пред 1930-тите, Сенуското движење било основно во земјата. Оваа движење главно го практикувало пустинскиот начин на живот. Оваа исламско движење било уништено од страна на италијанската инвазија, како и од страна на владата на Гадафи.[7]Денеска, самиот лидер на земјата, Моамер ел Гадафи, се смета за побожен муслиман и смета дека неговата влада игре голема улога во исламскиот свет во Северна Африка[8].

Освен муслиманите, во земјата живеат и мал број на христијани. Од нив, Коптите и Египетската црква се најбројни. Во Либија живеат повеќе од 60.000 коптски христијани, односно околу 1% од населението.[9][10]Во Либија живеат ѝ околу 40.000 католици, чии заедници се наоѓаат во Триполи и Бенгази. Исто така постои и мала англиканска заедница, составена претежно од африканско население во Триполи.

Либија е дом на една од најстарите еврејски заедници на светот, кои датираат од околу 300 години пред нашата ера.[11]Во 1 век, еврејскиот историчар за Римската Империја, Јосиф Флавиус, истакнал дека 500.000 Евреи живеат во Либија. Во 1942 година, под притисок на фашистичка Италија, либијските муслимани создале неколку логори јужно од Триполи. Истата година, само во Гиадо починале околу 500 евреи од глад. Во текот на 1942 година, сите евреи на возраст од 18 до 45 години биле повикувани на принудителна работа. Во регионот на Триполитанија, околу 350 евреи биле депортирани од страна на Италијанците.

Либија од Италијанците била ослободена на 23 јануари 1943 година. Во текот на т.н. тридневен прогон, околу 140 евреи биле убиени од страна на муслиманите, а неколку стотици биле прогонети. Ова довело до драстично намалување на бројот на евреите во земјата[12]. Во 1948 година во земјата имало околу 38.000 евреи. По прогласување на независност на Либија, голем дел од еврејската популација ја напуштила земјата.

Јазик[уреди]

Главен говорен јазик во земјата е арапскиот јазик, кој е зборуван од страна на 80% на Либијците. Тој е исто така и службен јазик во земјата. Берберските јазици ги зборуваат околу 20% од населението во Либија, иако немаат официјален статус. Тие се зборуваат од страна на Либијските Бербери и Туарези, кои живеат претежно во јужниот дел од земјата[13]. Освен овие јазици, во земјата, посебно во поголемите градови, се зборува и италијански и англиски.

Наводи[уреди]

  1. Aljazeera.net - Al Jazeera News
  2. African immigrants flee Libya. AllBusiness.com. November 1, 2000.
  3. Marching orders for migrants in Libya?. BBC News. January 23, 2008.
  4. Libya – Italian colonization. Encyclopædia Britannica.
  5. Al-Hawaat, Dr. Ali, (1994), "The Family and the work of women, A study in the Libyan Society" National Center for Research and Scientific Studies of Libya. Retrieved July 19, 2006.
  6. Religious adherents by location, "'42,000 religious geography and religion statistics', Libya" Adherents.com. Retrieved July 15, 2006.
  7. Federal Research Division of the Library of Congress, (1989), "The Sanusis", U.S. Library of Congress. Retrieved July 22, 2006.
  8. Federal Research Division of the Library of Congress, (1989), "Islam in Revolutionary Libya", US Library of Congress. Retrieved July 19, 2006.
  9. Tore Kjeilen. „Looklex Encyclopedia: 1% of Libya's population (6.1 million) adhere to the Coptic Orthodox faith“. I-cias.com. http://i-cias.com/e.o/coptic_c.htm. конс. 2 мај 2010. 
  10. "International Religious Freedom Report: Libya" Jewish Virtual Library. Retrieved July 19, 2006.
  11. The World Jewish Congress, "History of the Jewish Community in Libya", University of California at Berkeley. Retrieved July 16, 2006.
  12. Harris, David A. (2001), "In the Trenches: Selected Speeches and Writings of an American Jewish Activist", 1979–1999, pp. 149–150
  13. Anderson, Lisa, (2006), "'Libya', III. People, B. Religion & Language", MSN Encarta, Accessed July 17, 2006. Archived 2009-10-31.

Надворешни врски[уреди]