Демографија на Бенин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Динамика на населението (1961 - 2003)
Старосна структура (2005)

Според последниот попис одржан во 2009 година, населението на Бенин изнесува 8,791,832 луѓе[1].

Старосна структура[уреди | уреди извор]

(2006)

  • 0-14 години: 44,1% (мажи 1 751 709 / жени 1 719 138)
  • 15-64 години: 53,5% (мажи 2 067 248 / жени 2 138 957)
  • над 65 години: 2,4% (мажи 75 694 / жени 110 198)

Коефициент на плодност[уреди | уреди извор]

Етнички состав[уреди | уреди извор]

Мнозинството од населението на Бенин живее на југот на земјата. Населението е младо. Околу 42 етнички африкански групи живеат во земјата, како на пример јоруба на југоистокот од Бенин, дендите во северен Бенин, бариба и фулбе на североисток, бетамарибе и сомба во Атакора, фоните околу Абомеј и мина и аџа на брегот.

Јазици[уреди | уреди извор]

Службен јазик во Бенин е францускиот јазик. Покрај францускиот се зборуваат и уште многу други локални јазици, како на пример јоруба или дендиски јазик.

Религија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, 42.8% од населението во Бенин се христијани, 24.4 % се муслимани, 17.3 % се вуду, 6 % се припадници на останати локални религии, 1.9 % се останати религиски следбеници и околу 6.5 % се изјасниле како атеисти.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]