Демографија на Лесото
Според податоци од 2006 година, населението на Лесото изнесува 1 872 721 луѓе.
Содржина |
[уреди] Старосна структура
[уреди] Етнички состав
Лесото има население од околу 1.881 милиони жители, според пописот од 2006 година. Од вкупното население на Лесото, 25 проценти живее во урбаните и 75 проценти во руралните средини. Сепак, се проценува дека годишниот пораст на урбаната популација е за 3,5%. Густина на населението е пониска во планините. И покрај тоа што мнозинството од населението- 60,2 посто, се наоѓа помеѓу 15 и 64 години, Лесото има значителна младата популација која брои околу 34,8 проценти од вкупната бројка на население. Годишна стапка на раст на населението е 0,116%.
[уреди] Религија
Христијанството е доминантна религија во Лесото.[1] 90% од населението на Лесото се христијани. Католиците, најголемата верска група, сочинуваат околу 45 проценти од населението. Евангелистите сочинуваат 26 проценти од населението и англиканците и други христијански групи ги сочинуваат дополнителни 19 проценти. Останатите 10 проценти се припадници на останати религии.
[уреди] Јазик
Главниот јазик во државата е сесото јазик, кој е и првиот официјален административен јазик. Покрај сесото и англискиот јазик е официјален јазик во државата.
[уреди] Наводи
- ↑ International Religious Freedom Report 2007: Lesotho. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.