Википедија:Избрана слика/2018/април

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец април 2018 година.


1 април 2018 2 април 2018

Сводови на џамијата „Насир ел-Мулк“ („Розова џамија“) во Шираз, Иран. Изградена е од 1876 до 1888 г

Зграда на осигурителното друштво ЛВМ во Минстер, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
3 април 2018 4 април 2018

Жолтоклуни говедари (Buphagus africanus africanus) на зебра во Сенегал.

Здание во Пределниот парк Дујсбург-Север во Дујсбург, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
5 април 2018 6 април 2018

Возови IC4 под мостот „Рингаде“ во Орхус, Данска.

Базалтни столбови во клисурата Гарни, кај Ереван, Ерменија.
7 април 2018 8 април 2018

Бронзениот коњаник (1768-82) — статуа на Петар Велики во Санкт Петербург.

Градобран на челната кула во Кирениската тврдина, Кипар.
9 април 2018 10 април 2018

Пежо 208 Т16 на релито „Серас де Фафе“ во Португалија, 2017 г.

Евроазиски рис (Lynx lynx) во зоолошката градина во Мадрид.
11 април 2018 12 април 2018

Предворје на џамијата „Ага Бозорг“ (крај на XVIII век) во Кашан, Иран.

Ракета Сојуз ТМА-13 на космодромот „Бајконур“ како полетува кон Меѓународната вселенска станица на 14 октомври 2008 г
13 април 2018 14 април 2018

Темната маглина Ро Змијоносец — ѕвездообразбено подрачје на само 400 светлосни години од Земјата.

Градска златногрба жаба (Indosylvirana urbis) — вид застапен само во јужните делови на Западните Гати во Керала, Индија.
15 април 2018 16 април 2018

Широк поглед на Тобољскиот кремљ во Тобољск, Русија.

Испалување на торпедо MK-46 од разурнувачот „Мастин“ (DDG-89) во американска воена вежба во Филипинското Море.
17 април 2018 18 април 2018

Остатоци од замокот Сафра (XII-XIII век) во Кампиљо де Дуењас, Гвадалахара, Шпанија.

Влакнести облаци над Еуствогеј, Лофотенски Острови, Норвешка.
19 април 2018 20 април 2018

Италијанскиот велосипедист Салваторе Пучо на трка во Љубљана, 2015 г.

Касета за чистење глави.
21 април 2018 22 април 2018

Американски воен патролен чамец во Кувајт.

Руската академија на уметностите во Санкт Петербург.
23 април 2018 24 април 2018

Кафеав пеликан (Pelecanus occidentalis) на островот Сан Кристобал, Галапагос.

Лалиња во цут на островот Мајнау во Боденското Езеро, јужна Германија.
25 април 2018 26 април 2018

Свечениот дрворед на Австралискиот воен паметник во Канбера. Денес се одбележува Денот на АНЗАК во чест на австралиските и новозеландските војници кои ѝ служеле на татковината.

Физичарот Стивен Хокинг како лебди во бестежинска состојба во прилагоден Боинг 727.
27 април 2018 28 април 2018

Живопис „Тајната вечера“ и мозаик „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот Кокош, Романија.

Маслинест павијан (Papio anubis) со младо. Национален парк „Кралица Елизабета“, Уганда.
29 април 2018 30 април 2018

Пистата 13R на аеродромот во Палм Спрингс, Калифорнија, САД.

Жаворонка (чучурлига) — источнословенско празнично колаче по повод Младенци. Сликано во Шебекинскиот реон, Белгородска област, Русија.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец април 2018 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот