Википедија:Избрана слика/2018/мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец мај 2018 година.


1 мај 2018 2 мај 2018

Јужната поларна светлина над Југозападниот национален парк во Тасманија, Австралија.

Кралскиот дворец во Амстердам на самрак. Изграден е како градски дом и отворен во 1655 г.
3 мај 2018 4 мај 2018

Цветови на круша (Pyrus communis).

Денес е Ден на пожарникарите.
5 мај 2018 6 мај 2018

Дел од „Сферата“ на Олафур Елијасон во трговскиот центар „Пет двора“ (Fünf Höfe) во Минхен.

БМП-1 (граѓанска реплика) на собир на историски воени возила во Дарлово, Полска.
7 мај 2018 8 мај 2018

Сина водена девица (Enallagma cyathigerum, недораснат мажјак) во Оксфордшир, Англија.

Широк поглед на образбите „Тарски Катедрали“ (лево) и Тарската Солница во пустината Атакама во северно Чиле.
9 мај 2018 10 мај 2018

Поглед на Државниот историски музеј пред Црвениот плоштад во Москва.

Разнобојни чадори закачени над улицата „Вестергаде“ во Виборг, Данска.
11 мај 2018 12 мај 2018

Ветерницата во Брил, Бакингемшир, Англија, изградена во XVII век.

Одморалишниот остров Тудуфуши во атолот Алиф Дал на Малдивите.
13 мај 2018 14 мај 2018

Зраци низ северното кубе во Соборната џамија во Исфахан — една од најстарите зачувани градби во Иран. Прогласена е за светско наследство на УНЕСКО. Изградена е во 771 г. и постојано менувана сè до XX век.

Жолтообрабена сорта на сина функија (Hosta sieboldiana).
15 мај 2018 16 мај 2018

Метростаницата „Румјанцево“ во Москва.

Статуа на Јован Непомучки на Карловиот мост во Прага.
17 мај 2018 18 мај 2018

Капела на Светиот Гроб на истоимениот манастир во Хајлигенграбе, Бранденбург, Германија.

Скитничко вилинско коњче (Pantala flavescens)
19 мај 2018 20 мај 2018

Телевизиската кула недалеку од плоштадот „Александерплац“ во Берлин. Се издига 368 м над градот и со тоа е највисока градба во Германија.

Домот на светските култури во паркот Тиргартен, Берлин.
21 мај 2018 22 мај 2018

Воденицата „Боргмиле“ во Лидингхаузен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија, изградена во 1406 г.

Црвеногушка (Erithacus rubecula)
23 мај 2018 24 мај 2018

Британската аеробатска ескадрила „Црвени стрели“ во Линколншир, Англија.

Црвена краба камењарка (Grapsus grapsus) на островот Сан Кристобал, Галапагос.
25 мај 2018 26 мај 2018

Леопард (Panthera pardus, женка) како се симнува од дрво во резерватот „Саби Сенд“, ЈАР.

Поглед на автобуска станица и мостот кон Стариот град на Стокхолм, Шведска.
27 мај 2018 28 мај 2018

Петропавловската тврдина во Санкт Петербург од воздух.

Змејар на вода кај Воркум, Холандија.
29 мај 2018 30 мај 2018

Поглед на маглината Орион (Месје 42), оддалечена 1.350 сг од Земјата.

Древен вид на водоснабдување кај градот Наска во Перу. Водоводот е изграден од насканската култура околу VI век, пред доаѓањето на Инките.
31 мај 2018

Психа (Leptosia nina) — мала пеперутка од семејството на зелкарите (Pieridae) која живее во Азија.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец мај 2018 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот