Википедија:Избрана слика/2019/август

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец август 2019 година.


1 август 2019 2 август 2019

Црвен шаренец (Melitaea didyma) во Националниот парк Галичица.

Хорскиот олтар на Улмската катедрала во Баден-Виртемберг, Германија.
3 август 2019 4 август 2019

Затезна покривна опна во Олимпискиот парк во Минхен, дело на Фрај Ото.

Певница на манастирската црква во Блаубојрен, Баден-Виртемберг, Германија.
5 август 2019 6 август 2019

Врата во Царската кула на манастирот во Хајлигенграбе, Бранденбург, Германија.

Таваница на црквата „Св. Јован Царски“ (XVII-XVIII в.) во градот Калатајуд, Сарагоса, Шпанија. Овде се чуваат најраните опстанати дела на сликарот Франциско Гоја.
7 август 2019 8 август 2019

Чевларскиот прозорец во Фрајбуршката катедрала, Баден-Виртемберг, Германија. Непознат мајстор, околу 1320 г.

Театарот „Маркидејо“ во Пафос, Кипар.
9 август 2019 10 август 2019

Пантерски камелеон (Furcifer pardalis, мажјак) на островот Нуси Бе, Мадагаскар.

Црпка со вода на тешкиот противпожарен хеликоптер Ми-26 во Владивосток, Русија.
11 август 2019 12 август 2019

Влезна сала на покраинскиот суд во Берлин. Зградата е изградена на почетокот на XX век во необарокен стил.

Монументалната Вителсбаховска фонтана во Минхен. Изградена е во 1893-95 г. по нацрт на вајарот Адолф фон Хилдебранд.
13 август 2019 14 август 2019

Изборен плакат на Демохристијански сојуз на Германија за првите повоени избори во 1949 г. Натписот гласи: „Немаме волшебно стапче, но можете да ни помогнете во работата. Гласајте за ДХС.“.

Планината Анкогел (3.252 м) во венецот Високи Таури гледана од долината кај Малниц во Корушка, Австрија.
15 август 2019 16 август 2019

Успение на Пресвета Богородица“ на Пекарскиот олтар во црквата „Св. Стефан“. Браунау на Ин, Горна Австрија. Непознат мајстор, ~ 1490 г.

Историскиот дом наречен „Замок Крегдарох“ во Викторија, Британска Колумбија, Канада.
17 август 2019 18 август 2019

Нилски коњи во езерото Тана кај Бахир Дар, Етиопија.

Таваница на Исусовската црква во Кито, Еквадор. Изградена е во XVII и XVIII век и се вбојува меѓу најзнаменитите барокни градби во Америка.
19 август 2019 20 август 2019

Пенлив скакулец (Dictyophorus spumans spumans) во Родепорт, ЈАР.

Обична заечка (Cytisus scoparius) околу карпа во природниот парк Горен Лангдок, Франција.
21 август 2019 22 август 2019

Петропавловската тврдина со Воениот архив на Зајачкиот Остров, Санкт Петербург. Оваа податотека има прибелешки. Одете со глушецот врз сликата за да ги видите.

Комитска погача (Laetiporus sulphureus) во Брил, Баден-Виртемберг, Германија.
23 август 2019 24 август 2019

Месечевина над Хотинската тврдина. Черновечка област, Украина.

Мостот „Зандкруг“ во Моабит, Берлин.
25 август 2019 26 август 2019

Колска работилница на Северозападната железница во Чикаго. Сликано во декември 1942 г.

Кнезоепископскиот дворец во Минстер, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
27 август 2019 28 август 2019

Нилгирски тар (Nilgiritragus hylocrius, женка) — ендемска коза од Западните Гати, јужна Индија.

Ориентална булка (Papaver orientale) во Холандија.
29 август 2019 30 август 2019

Бел цветен пајак (Misumena vatia, женка) како јаде мармаладна мува (Episyrphus balteatus).

Столбови на некогашната бања во Саламина, Северен Кипар.
31 август 2019

Пристаништето на островот Хејмаеј од групата Вестмански Острови, јужен Исланд.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец август 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот