Високи Таури

Координати: 47°10′N 12°30′E / 47.17° СГШ; 12.5° ИГД / 47.17; 12.5
Од Википедија — слободната енциклопедија
Високи Таури
Панорама на Фенедигерската група
Највисока точка
ВрвГросглокнер
Надм. височина3.798 м
Координати47°04′30″N 12°41′40″E / 47.07500° СГШ; 12.69444° ИГД / 47.07500; 12.69444
Величина
Должина130 км
Ширина50 км
Име
Изворно имеHohe Tauern / Alti Tauri
Географија

Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Алпи" does not existМестоположба во рамките на Алпите

ЗемјиАвстрија и Италија
ДеловиСалцбург, Корушка, Тирол и Јужен Тирол (покраина)
Координати47°10′N 12°30′E / 47.17° СГШ; 12.5° ИГД / 47.17; 12.5
Матичен венецЦентрални Источни Алпи
Геологија
Горообразбаалпска
Периодпалеозоик
Вид карпагнајс, шкрилци

Високи Таури (германски: Hohe Tauern, италијански: Alti Tauri) — планински венец од главната верига на Централните Источни Алпи со највисоките врвови источно од превојот Бренер. Ја образува јужната граница на покраината Салцбург со покраините Корушка и Тирол во Австрија, додека пак мал потег во југозападниот дел влегува во покраината Јужен Тирол во Италија. Во венецот е сместена највисоката планина во Австрија, наречена Гросглокнер (или Велики Клек), со висина од 3.798 м над Јадранот.

Источно од веригата продолжува понискиот венец Долни Таури.

Географија[уреди | уреди извор]

Според класификацијата на Аплското друштво, венецот е ограничен од долината на Залцах на север (која го дели од Кицбиелските Алпи), долината на Мура и превојот Муртерл на исток (кои го делат од Ниските Таури), долината на Драва на југ (која го дели од Јужните Варовнички Алпи) и превојот Бирнлике на запад (кој го дели од Цилерталските Алпи).

Најважни планински групи по сртот се (од запад кон исток):

Подргупите на Високите Таури

Источниот крај на Високите Таури го образува масивот Хафнер во Анкогелската група, во кој спаѓаат најисточните триилјадни врвови на Алпите.

Јужно од главниот срт на Алпите лежат другите планински групи на Високите Таури (од запад кон исток):

Национален парк Високи Таури[уреди | уреди извор]

Подрачјето на националниот парк Високи Таури

Долж 100 км од главната верига се протега Националниот парк Високи Таури (Nationalpark Hohe Tauern) во владение на Австрискиот алпски клуб, со доделени територии од покраините Корушка, Салцбург и Тирол. Со површина од 1.834 км2, ова е во голема мера најпространиот национален парк во Австрија, како и најголемиот природен резерват на Алпите.[1] Поделен е на главно подрачје, во кое влегуваат масивите Гросглокнер и Гросфенедигер и каде земјоделството и сточарството се сосема забранети, и пограничен појас, каде е дозволено шумарството, напасувањето добиток по ливадите и работа на бачилата. Постојат пет посебни природни подрачја каде јавноста воопшто нема никаков пристап.

Паркот е ставен во II категорија според Меѓународниот сојуз за заштита на природата и ги опфаќа ледникот Пастерце, низа други ледници, Кримлските Водопади, неколку леднички долини и наносни конуси, како и пространа високогорска тундра и шуми. Меѓу растителноста, по шумската граница растат лимби (Pinus cembra); над тоа се полугрмушките, сочинети претежно од алпска роза (Rhododendron ferrugineum) но и ендемската Рудолфова каменоломка (Saxifraga rudolphiana), кои се протегаат до вечноснежно ниво на околу 2.800 м. Животинскиот свет е застапен со дивокозата, алпскиот козорог и обичниот елен, како и белоглавиот мршојадец и златниот орел. Застапени се и брадестиот мршојадец и алпскиот мрмот, кои се повратени на подрачјето откако претходно биле истребени.

Врвови[уреди | уреди извор]

Гросглокнер (Велики Клек) од југ
Драјхерншпице од запад во 1890 г.
Хохгал зиме од запад
Хохалмшпице од југ

Позначајни врвови на Високите Таури се следниве:

Врв Група Надм.
вис.
(м)
Топо.
истак.
(м)
Гросглокнер (Велики Клек) Глокнер 3.798 2.423
Гросфенедигер Фенедигер 3.666 1.199
Голем Васбаххорн Глокнер 3.564 477
Драјхерншпице Фенедигер 3.499 591
Ретшпице Фенедигер 3.496 653
Јоханисберг Глокнер 3.453 277
Хохгал Ризерфернер 3.436 1.148
Виш Ајхам Фенедигер 3.371 325
Виш Тен Глокнер 3.368 335
Маламшпице Фенедигер 3.368 319
Хохалмшпице Анкогел 3.360 942
Голем Гајгер Фенедигер 3.360 293
Шнебигер Нок Ризерфернер 3.358 542
Фушеркаркопф Глокнер 3.331 489
Кескогел Фенедигер 3.291 373
Шлифершпице Фенедигер 3.290 513
Пецек Шобер 3.283 802
Ротер Кнопф Шобер 3.281 556
Анкогел Анкогел 3.264 570
Хохарн Голдберг 3.254 678
Голем Хорнкнопф Шобер 3.251 456
Виш Фирлег Фенедигер 3.243 385
Хохшобер Шобер 3.242 438
Голем Мунтаниц Гранатшпице 3.232 717
Хохајзер Глокнер 3.206 577
Гледис Шобер 3.206 370
Кицштајнхорн Глокнер 3.204 439
Дурек Фенедигер 3.135 626
Виш Зонблик Голдберг 3.106 271
Лазерлинг Фенедигер 3.098 490
Голем Хафнер Хафнер 3.068 868
Виш Пријакт Шобер 3.064 470
Вајсе Шпице Филгратен 2.963 920
Мелталер Полиник Кројцек 2.784 1.580

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Најголемиот природен резерват на Алпите — портал „Високи Таури“ (германски) посет. 10 јули 2011 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]