Уклемеш
Уклемеш Φαράγγι | |
---|---|
Координати: 40°42.45′N 21°47.18′E / 40.70750° СГШ; 21.78633° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Чалџиево |
Надм. вис. | 560 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 137 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Уклемеш или Келемез (грчки: Φαράγγι, Фаранги; до 1927 г. Οκλεμέζ, Оклемез[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 137 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во котлината Сарѓил, на југоисточниот брег на Островското Езеро. Лежи спроти селото Пателе.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во г. хрватскиот етнограф 1889 година Стефан Верковиќ напишал за Уклемеш:
„ | Село Каламеш со 25 муслимански куќи. Данокот на ова село е 3.100 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и дрварство; носат дрва во соседните села и гратчиња кои ги продаваат како огрев. Селото е сместено во подножјето на голи ридови близу Островското Езеро.[4] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Јуклемес имал 150 жители Турци.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 248 жители, кои во 1920 г. биле 250.[3] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле христијани од таа земја. Во 1927 г. селото е применувано во Фаранги.[6] Во 1928 г. Уклемеш е заведено како наполно дојденско село со 109 дојденски жители од 26 семејства.[7]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 145 | 108 | 121 | 108 | 119 | 179 | 163 | 137 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни производи на селото се житото и грозјето, а застапени се и овоштарството и сточарството[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Οκλεμέζ -- Φαράγγι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 179.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 151-152.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 271. ISBN 954430424X.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
|