Туралево: Разлика помеѓу преработките

Координати: 42°04′42″N 22°06′59″E / 42.07833° СГШ; 22.11639° ИГД / 42.07833; 22.11639
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стопанство: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
с →‎Стопанство: Јазична исправка, replaced: се' уште → сè уште
Ред 42: Ред 42:
Во рамките на селскиот атар се наоѓа фабриката „Иднина Змеј“, која произведува брусни плочи производи. Дел од жителите на Туралево работат во блиските фабрики и погони за брусени плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата „Иднина Змеј“ и „Техно-Абразив“, во фабриката на „Добра Вода“, во блиските ископи на камен за градежништво и рудни наоѓалишта, а работат и како авто-превозници и градежни работници во [[Скопје]], [[Куманово]] и ширум цела [[Македонија]]. Во Туралево во кругот на фабриката „Иднина Змеј“ е предвидено да се гради индустриска зона, со можност за изградба на повеќе производствени погони.<ref>[http://kratovo.mk/city/vicepremierot-stavrevski-najavi-industriska-zona-vo-turalevo.html Вицепремиерот Ставревски најави индустриска зона во Туралево]</ref>
Во рамките на селскиот атар се наоѓа фабриката „Иднина Змеј“, која произведува брусни плочи производи. Дел од жителите на Туралево работат во блиските фабрики и погони за брусени плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата „Иднина Змеј“ и „Техно-Абразив“, во фабриката на „Добра Вода“, во блиските ископи на камен за градежништво и рудни наоѓалишта, а работат и како авто-превозници и градежни работници во [[Скопје]], [[Куманово]] и ширум цела [[Македонија]]. Во Туралево во кругот на фабриката „Иднина Змеј“ е предвидено да се гради индустриска зона, со можност за изградба на повеќе производствени погони.<ref>[http://kratovo.mk/city/vicepremierot-stavrevski-najavi-industriska-zona-vo-turalevo.html Вицепремиерот Ставревски најави индустриска зона во Туралево]</ref>


Во селото се регистрирани и работат неколку помали претпријатија, меѓу кои „Агро-Мис“ за земјоделство, „Марио-Ком“ за градежништво. Селото Туралево заедно со уште неколку околни кратовски села е едно од ретки во кои е задржана и сѐ уште се прави древната дејност на '''лов на пчели''' со ''бртви'' во дупки на карпите. Камените бртви во кои се ловат пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед се издлабени дупки во карпите, кои специјално се подготвуваат за мамење и фаќање на пчелите, денес има над 500 бртви. Некои од нив постојат уште од римско време и се' уште се користат. Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, најпознати бртварски наоѓалишта се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево.<ref>[http://www.kingmarkoland.com/Default.aspx?id=fa888cf2-c7c6-42f7-983a-0908f986d784 Лов на пчели и мед во камени бртви - King Marko Land]</ref>
Во селото се регистрирани и работат неколку помали претпријатија, меѓу кои „Агро-Мис“ за земјоделство, „Марио-Ком“ за градежништво. Селото Туралево заедно со уште неколку околни кратовски села е едно од ретки во кои е задржана и сѐ уште се прави древната дејност на '''лов на пчели''' со ''бртви'' во дупки на карпите. Камените бртви во кои се ловат пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед се издлабени дупки во карпите, кои специјално се подготвуваат за мамење и фаќање на пчелите, денес има над 500 бртви. Некои од нив постојат уште од римско време и сè уште се користат. Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, најпознати бртварски наоѓалишта се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево.<ref>[http://www.kingmarkoland.com/Default.aspx?id=fa888cf2-c7c6-42f7-983a-0908f986d784 Лов на пчели и мед во камени бртви - King Marko Land]</ref>


== Население ==
== Население ==

Преработка од 13:31, 4 јули 2020

Туралево

Маалото Липовик, дел од селото Туралево

Туралево во рамките на Македонија
Туралево
Местоположба на Туралево во Македонија
Туралево на карта

Карта

Координати 42°04′42″N 22°06′59″E / 42.07833° СГШ; 22.11639° ИГД / 42.07833; 22.11639
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Кратово
Население 326[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14028
Надм. вис. 543 м
Слава Духовден
Туралево на општинската карта

Атарот на Туралево во рамките на општината
Туралево на Ризницата

Туралевосело во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба

Туралево се наоѓа на територијата на Општина Кратово, недалеку од градот во западен правец, на оддалеченост од околу 5 километри.[3] Селото е сместено веднаш покрај регионалниот пат кој води кон градот Кратово, како по ридовите кои лежат покрај десниот брег на течението на самата Кратовска Река која тука мештаните на селото ја нарекуваат Манцела[4], а во неговата близина се одвојува и низ него води патниот правец кон Шопско Рударе, Секулица и повеќе други села во западниот дел на кратовската општина.

Туралево е ридско и раштркано село од разбиен тип, чии маала се издигнуваат на надморска височина од 510 до 580 метри. Маалата во Туралево ги носат следните имиња: Липовик, Падина, Арбалујци, Селимица, Коријашка Маала и др.[4] Атарот зазема простор од 7,3 км2, на кој обработливото земјиште зазема површина од 293 хектари, на пасиштата отпаѓаат 209 хектари, а на шумите 173 хектари.

Историја

Поради важната местоположба на крстопат на повеќе важни патни правци во познатиот рударски крај на Кратовско, како и околните села Туралево има подолга историја и постоење. Според предание кое го знаат жителите, селото Туралево во минатото поради болеста чума ја променило својата местоположба бидејќи се раселило од патот погоре.[4] За селото Туралево краток запис дал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ каде за него запишал дека е чифлик со 25 куќи сместено на височината меѓу Кратовската Река и Повишница подолу од Железна Порта. Под Тураево имало ан на кратовско-кумановскиот пат, а за безбедноста на патниците кај самото село на расположено во горниот дел на падината на височината на десниот брег на Кратовската река, постоела и стражарска кула.

Потекло и значење на името

За потеклото и значењето на името на селото Туралево, постојат повеќе претпоставки од научните истражувачи. Една претпоставка смета дека неговото значење доаѓа од турал - онаа страна на кована пара на која се наоѓа ликот и името на владетелот.[5] Оваа претпоставка може да се земе и како најверодостојна со оглед на тоа дека селото се наоѓа во познат рударски крај, каде што уште од древните антички времиња се ковале пари - монети. Други претпоставки се дека тоа потекнува од турскиот збор Турали (Turali, Tuğral ) што означува вид припитомен сокол кој се употебува за лов или монограм-грб на османските султани.[5] И овие претпоставки може да имаат извесна веродостојност со оглед на фактот дека на Осогово во средновековието било доста развиено соколарството. Во селото никогаш не живеело турско население, туку секогаш живееле Македонци.

Стопанство

Фабриката „Иднина Змеј“

Населението во селото се занимава со земјоделство. Од поледелството е застапено одгледувањето на жита претежно пченица и пченка на нивите во зарамнетиот предел западно од селото крај патот кон Секулица. Од сточарството кое е во мали размери застапено е одгледувањето на кози од ситниот и крави, волови и телиња од крупниот добиток.

Во рамките на селскиот атар се наоѓа фабриката „Иднина Змеј“, која произведува брусни плочи производи. Дел од жителите на Туралево работат во блиските фабрики и погони за брусени плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата „Иднина Змеј“ и „Техно-Абразив“, во фабриката на „Добра Вода“, во блиските ископи на камен за градежништво и рудни наоѓалишта, а работат и како авто-превозници и градежни работници во Скопје, Куманово и ширум цела Македонија. Во Туралево во кругот на фабриката „Иднина Змеј“ е предвидено да се гради индустриска зона, со можност за изградба на повеќе производствени погони.[6]

Во селото се регистрирани и работат неколку помали претпријатија, меѓу кои „Агро-Мис“ за земјоделство, „Марио-Ком“ за градежништво. Селото Туралево заедно со уште неколку околни кратовски села е едно од ретки во кои е задржана и сѐ уште се прави древната дејност на лов на пчели со бртви во дупки на карпите. Камените бртви во кои се ловат пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед се издлабени дупки во карпите, кои специјално се подготвуваат за мамење и фаќање на пчелите, денес има над 500 бртви. Некои од нив постојат уште од римско време и сè уште се користат. Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, најпознати бртварски наоѓалишта се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево.[7]

Население

Според пописот од 2002 година во Туралево живееле 326 жители, сите Македонци.[1]

Според бројот на жителите Туралево е средна по големина населба населена исклучиво со Македонци. Поради поволната местоположба и добрата сообраќајна поврзаност селото Туралево е едно од ретките села во кратовскиот крај со постојаност и стабилност во бројот на жителите. Така, во 1961 селото броело 368 жители, а во 1994 година 304 жители,[3] а во 2002 година пораснало за 22 жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 220 371 416 368 362 331 334 304 326
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Селото Туралево отсекогаш па сѐ до денес е исклучиво населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови кои живеат во селото Туралево се: Петканци, Папагалци[4], Стојанови, Арсови, Стоимановци и др.

Општествени установи

Образовни

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало седиште на тогашната Општина Туралево, во која се наоѓале селата Живалево, Туралево, Тополовиќ и Филиповци.

Културни и природни знаменитости

Цркви[12]

Редовни настани

Во селото како редовни настани се слават неколку верски празници:

  • Духовден (крајот на мај, почеток на јуни) — селска слава[4]
  • Петковден („Црна Света Петка“ - крај на октомври) — голем црковно-народен собор во манастирот Св. Петка во селото[13]

Иселеништво

Од селото нема поголем број на иселени жители, а малкуминаta кои се иселиле се заминати во Кратово.

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 304.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Според кажување на мештаните. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски на 25 мај 2015 година.
  5. 5,0 5,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 184. |access-date= бара |url= (help)
  6. Вицепремиерот Ставревски најави индустриска зона во Туралево
  7. Лов на пчели и мед во камени бртви - King Marko Land
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. - Кратово ја славеше „Св.Петка“, се одржа собор и во с.Туралево

Надворешни врски