Упад во Собранието на Македонија (2017): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нема извори и кажува само едно гледиште не запазува нетралноста на статијата
Ред 38: Ред 38:
}}
}}


'''Упад во Собранието на Македонија''' (познат и како „'''Крвавиот четврток'''“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „[[За заедничка Македонија]]“ упаднале во [[Собранието на Република Македонија]] со цел да го спречат изборот на [[Талат Џафери]] за [[претседател на Собранието на Македонија]]. И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од [[САД]], [[Европската Унија]], како и од меѓународната заедница освен [[Русија]]. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието. Помеѓу напаѓачите имало вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.
'''Упад во Собранието на Македонија''' (познат и како „'''Крвавиот четврток'''“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „[[За заедничка Македонија]]“ упаднале во [[Собранието на Република Македонија]] со цел да го спречат изборот на [[Талат Џафери]] за [[претседател на Собранието на Македонија]]. И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од [[САД]], [[Европската Унија]], како и од меѓународната заедница освен [[Русија]]. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието.

Упадот се случил во 19 часот кога маскирани лица го совладале собраниското обезбедување и упаднале во салата за новинари каде конференција за печат држел новоизбраниот претседател Џафери. Насилниците физички ги нападнале пратениците и новинарите, а со тешки телесни повреди се здобиле [[Зоран Заев]] и [[Зијадин Села]], предводници на [[СДСМ]] и [[Алијанса за Албанците]], две партии од парламентарното мнозинство. Полицијата реагирала три часа по упадот, а министерот на [[МВР]] [[Агим Нухиу]] и очевидци на настанот се сомневале дека директорот на [[БЈБ]] [[Митко Чавков]] намерно ја попречувал полициската интервенција. Пратеникот и лидер на [[ВМРО-ДПМНЕ]] [[Никола Груевски]], кој повикал на улични протести, бил во [[Виена]] за време на упадот.

==Позадина==
==Позадина==
Исходот од [[Македонски парламентарни избори (2016)|парламентарните избори 2016]] дал приближно еднаков број на пратеници помеѓу двете најголеми политички партии во Македонија, [[СДСМ]] и [[ВМРО-ДПМНЕ]]. На 9 јануари 2017 година претседателот Ѓорѓе Иванов му дал мандат за состав на Влада на [[Никола Груевски]], лидер на ВМРО-ДПМНЕ.<ref>{{нмс|title=Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада|url=http://meta.mk/ivanov-mu-go-dade-mandatot-na-gruevski-teche-rokot-od-20-dena-za-formirane-vlada/|work=Мета|date=9 јануари 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref> Груевски не успеал во законски предвидениот рок од 20 дена да ја обнови коалицијата со [[ДУИ]] и да формира Влада, по што мандатот истекол.<ref>{{нмс|title=Груевски не успеа да формира влада|url=http://tera.mk/gruevski-ne-uspea-da-formira-vlada/|work=Тера|date=30 јануари 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref> По ова, лидерот на СДСМ [[Зоран Заев]] влегол во преговори со ДУИ за формирање ново парламентарно мнозинство.<ref>{{нмс|title=Заев спрема документи за преговори со Ахмети|url=http://fokus.mk/zaev-sprema-dokumenti-za-pregovori-so-ahmeti/|work=Фокус|date=10 февруари 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref> Мнозинство било договорено помеѓу партиите на СДСМ, ДУИ, [[Движење Беса|Беса]], и [[Алијанса за Албанците]], по што Заев со 67 пратенички потписи побарал мандат од Иванов за состав на нова Влада на 1 март. Иванов го одбил барањето на Заев со изговор дека прво требало да се избере [[претседател на Собранието на Македонија|претседател на Собранието]] кој би го известил дека постои парламентарно мнозинство. Втората причина била декларацијата на албанските партии со која се бара поширока употреба на албанскиот јазик во Македонија.<ref>{{нмс|title=Иванов не му го дава мандатот на Заев|url=http://www.dw.com/mk/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D0%B3%D0%BE-%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/a-37770673|work=Дојче Веле|date=1 март 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref>
Исходот од [[Македонски парламентарни избори (2016)|парламентарните избори 2016]] дал приближно еднаков број на пратеници помеѓу двете најголеми политички партии во Македонија, [[СДСМ]] и [[ВМРО-ДПМНЕ]]. На 9 јануари 2017 година претседателот Ѓорѓе Иванов му дал мандат за состав на Влада на [[Никола Груевски]], лидер на ВМРО-ДПМНЕ.<ref>{{нмс|title=Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада|url=http://meta.mk/ivanov-mu-go-dade-mandatot-na-gruevski-teche-rokot-od-20-dena-za-formirane-vlada/|work=Мета|date=9 јануари 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref> Груевски не успеал во законски предвидениот рок од 20 дена да ја обнови коалицијата со [[ДУИ]] и да формира Влада, по што мандатот истекол.<ref>{{нмс|title=Груевски не успеа да формира влада|url=http://tera.mk/gruevski-ne-uspea-da-formira-vlada/|work=Тера|date=30 јануари 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref> По ова, лидерот на СДСМ [[Зоран Заев]] влегол во преговори со ДУИ за формирање ново парламентарно мнозинство.<ref>{{нмс|title=Заев спрема документи за преговори со Ахмети|url=http://fokus.mk/zaev-sprema-dokumenti-za-pregovori-so-ahmeti/|work=Фокус|date=10 февруари 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref> Мнозинство било договорено помеѓу партиите на СДСМ, ДУИ, [[Движење Беса|Беса]], и [[Алијанса за Албанците]], по што Заев со 67 пратенички потписи побарал мандат од Иванов за состав на нова Влада на 1 март. Иванов го одбил барањето на Заев со изговор дека прво требало да се избере [[претседател на Собранието на Македонија|претседател на Собранието]] кој би го известил дека постои парламентарно мнозинство. Втората причина била декларацијата на албанските партии со која се бара поширока употреба на албанскиот јазик во Македонија.<ref>{{нмс|title=Иванов не му го дава мандатот на Заев|url=http://www.dw.com/mk/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D0%B3%D0%BE-%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/a-37770673|work=Дојче Веле|date=1 март 2017|accessdate=28 април 2017}}</ref>

Преработка од 19:24, 2 мај 2017

Упад во Собранието на Македонија
Дел од политичката криза во Македонија
Податотека:Упад во Собрание.jpg
Датум27 април 2017
МестоСобрание на Република Македонија
Повод
Цели
  • спречување избор на претседател на Собранието
  • барање предвремени парламентарни избори
Начини
  • насилство во Собранието
  • улични протести и немири
Исход
  • избор на Талат Џафери за собраниски претседател
  • претепани неколку пратеници кои завршиле во болница
Страни во судирот
Предводници

Упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија. И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието.

Позадина

Исходот од парламентарните избори 2016 дал приближно еднаков број на пратеници помеѓу двете најголеми политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. На 9 јануари 2017 година претседателот Ѓорѓе Иванов му дал мандат за состав на Влада на Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.[1] Груевски не успеал во законски предвидениот рок од 20 дена да ја обнови коалицијата со ДУИ и да формира Влада, по што мандатот истекол.[2] По ова, лидерот на СДСМ Зоран Заев влегол во преговори со ДУИ за формирање ново парламентарно мнозинство.[3] Мнозинство било договорено помеѓу партиите на СДСМ, ДУИ, Беса, и Алијанса за Албанците, по што Заев со 67 пратенички потписи побарал мандат од Иванов за состав на нова Влада на 1 март. Иванов го одбил барањето на Заев со изговор дека прво требало да се избере претседател на Собранието кој би го известил дека постои парламентарно мнозинство. Втората причина била декларацијата на албанските партии со која се бара поширока употреба на албанскиот јазик во Македонија.[4]

По најавата на Заев за мирно примопредавање на власта, Груевски во телевизиско интервју го обвинил претседателот на СДСМ дека ја загрозува унитарноста на државата и го повикал партиското членство на протести.[5] Протестите започнале на 27 февруари под името „За заедничка Македонија“ организирани од колумнистот Богдан Илиевски и режисерот Борис Дамовски, кои барале отфрлање на декларацијата на албанските политички партии.[6] Истовремено се основале 22 „патриотски“ здруженија кои најавиле дека со секакви насилни и ненасилни средства ќе ги спречат „обидите за рушење на Република Македонија“.[7] Собранието ја продолжило основачката седница во март, откако на првата седница од 30 декември 2016 не бил избран собраниски претседател поради непостоење на мнозинство од 61 пратеник.[8] Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со низа јавувања за збор, реплики, контра-реплики, и процедурални забелешки го блокирале изборот на комисијата за избори и именувања, која требало да го предложи новиот собраниски спикер.[9]

Упад во Собранието

Податотека:Inauguration of Talat Xhaferi.jpg
Инаугурацијата на Талат Џафери била неколку минути пред упадот на толпата во Собранието.

Упадот во Собранието започнал на 27 април во 19 часот. По завршување на собраниската седница во 18 часот со која претседавал спикерот од претходниот собраниски состав Трајко Вељаноски, пратениците од парламентарното мнозинство останале во пленарната сала да изберат нов собраниски претседател.[10] Ферид Мухиќ како најстар пратеник од присутните претседавал со седницата на која го именувал пратеникот Горан Мисовски за негов заменик. Мисовски продолжил да ја води процедурата, а за нов претседател на Собранието бил изгласан Талат Џафери од ДУИ. За време на давањето свечена заклетва на Џафери, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикувале дека тоа било пуч.[11]

Пратеникот Зијадин Села лежи во бессознание додека напаѓачите го влечат и удираат.
Зоран Заев бил повреден откако со тврд предмет бил погоден во челото при обид за негов линч.

Додека траела конференцијата за печат на новиот собраниски претседател во една од конференциските сали, луѓе од „За заедничка Македонија“ кои во тој момент протестирале пред Собрание, насилно влегле во парламентот за физички да се пресметаат со пратениците.[12] Полиција во тој момент немало, па демонстрантите лесно го совладале собраниското обезбедување.[13] Маскирани лица со фантомки влегле во салата за печат и ги нападнале присутните пратеници и новинари. Пратеникот од Алијанса за Албанците Зијадин Села паднал во бессознание од ударите, по што насилниците го влечеле по под и го шутирале. Села завршил во болница со скршеници и нагмечување на мозокот, но бил надвор од животна опасност.[14] Со видливи телесни повреди и крв по лицето биле и пратениците на СДСМ, меѓу кои Заев, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, и Максим Димитриевски.[15] Пратениците биле евакуирани од Собранието со оклопни возила во доцните вечерни часови, а полицијата со шок бомби ги растерувала демонстрантите од собраниската зграда.[16] Според извештајот на МВР, 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници побарале лекарска помош во болниците во Скопје.[17]

Вмешаност на полицијата

Според Заев и очевидци на настанот, упадот бил смислено сценарио на Груевски и Митко Чавков, директор на бирото за јавна безбедност при МВР и член на ВМРО-ДПМНЕ. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу од ДУИ најавил оставка поради тоа што не успеал да го спречи упадот и да ги отстрани партиските влијанија во МВР. Нухиу телефонски го барал Чавков да интервенира во Собранието, но Чавков бил недостапен.[18] Според новинарите кои биле присутни во Собранието, хулиганите правеле ортоми од каблите на камерите со цел да ги задават пратениците.[19] Заев се сомнева дека според однесувањето на полицијата, тоа било смислен обид за негово убиство.[20] Утредента биле приведени осум лица, а Чавков бил разрешен од челната позиција на оперативниот штаб на МВР.[21] Приведените набргу биле пуштени бидејќи за нив не бил побаран притвор.[22]

Лица кои напаѓале

Дел од толпата што влегла во зградата на Собранието се поздравувала со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а неколкумина демонстранти и бакнале рака на пратеничката Елизабета Канческа Милевска.[23] Според новинари на Алсат М, вратите на Собранието ги отвориле пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а пратеникот Јохан Тарчуловски ги упатил насилниците во салата каде се наоѓале пратениците од СДСМ.[24] Три дена по упадот во Собрание, Манчевски на прес конференција во седиштето на СДСМ со име и фотографија ги посочил напаѓачите кои ги тепале пратениците. Меѓу нив имало поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела, вработени во полицијата, армијата, и државната администрација, како и луѓе блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Лицата посочени од Манчевски биле:[25]

  • Димче Христоски — двоен убиец и поранешен припадник на единицата „Лавови“
  • Никола Митревски — три пати осудуван на казна затвор
  • Игор Југ — осуден за силување и убиство, член на новоформираните „патриотски здруженија“
  • Горан Ангелов — член на новоформираните „патриотски здруженија“
  • Мунир Пепиќ — вработен во Агенција за разузнавање
  • Митко Михајловски — вработен во МВР
  • Андреј Илиев — потполковник во АРМ
  • Александар Атанасов — директор на ЈП Водовод и канализација
  • Мартин Стојановски — вработен во Агенција за потикнување на развојот на земјоделството
  • Јордан Мијалков — син на Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК
  • Аднан Мемед — шеф на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалник на општина Шуто Оризари
  • Предраг Петрушевски — обезбедување на Тарчуловски

Реакции за инцидентот

Министерот Нухиу изјавил дека полицијата потфрлила во справување со толпата и дека ќе барал одговорност за доцната реакција.[26] Пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, кој за време на упадот во Собранието бил во Виена, ги обвинил СДСМ за инцидентот велејќи дека со тоа сакале да го тргнат вниманието на јавноста од изборот на Џафери за претседател.[27] СДСМ го осудиле насилството и повикале на смиреност, порачувајќи дека насилниците кривично ќе одговараат.[28] Од Беса изјавиле дека насилството во Собранието било координирана акција помеѓу полицијата и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи полициските службеници дозволиле хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да ја нападнат највисоката законодавна институција.[29] Од Алијанса за Албанците ги повикале Албанците да не наседнуваат на провокации и да останат смирени.[30] Од партијата истакнале дека на тоталитарниот фашизам на Груевски му дошол крајот, но жалат што цената за тоа ја платиле невини луѓе, меѓу кои и Зијадин Села.[31]

Од движењето „За заедничка Македонија“ рекле дека ја одбраниле демократијата и дека ќе останеле пред Собранието до конечна разврска.[32] Претседателот Иванов во неговото обраќање вечерта на 27 април ги повикал претседателите на сите парламентарни партии на средба утредента во неговиот кабинет, и притоа не ги осудил инцидентите.[33] Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети ја одбиле поканата со образложение дека Иванов бил дел од кризата и не може да биде нејзино решение.[34] Горан Ангелов, едно од лицата кои учествувале во линчот на пратениците, побарал амнестија за толпата од Иванов бидејќи тие го спречиле „државниот удар и растурањето на сопствената татковина Македонија“.[35]

Меѓународни реакции

  •  Европска Унија — високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан го поздравиле изборот на Џафери за претседател на Собранието и го осудиле нападот врз пратениците.[36]
  •  САД — Од американската амбасадата во Македонија изјавиле дека ќе работат со Џафери во поддршка на демократијата и за унапредување на интересите на државата.[37] Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Ји нападот врз пратениците го нарекол кукавички чин и побарал расчистување на инцидентот.[38]
  •  Канада — Премиерот на Канада Џастин Трудо на 28 април го честитал изборот на Џафери за претседател на Собранието.[39]
  •  Германија — германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го честитал изборот на собраниски претседател и рекол дека е неприфатливо поранешната владејачка партија да не ги прифаќа изборните резултати и да ги испраќа своите поддржувачи да вршат упад во Собранието и да напаѓаат пратеници.[40] Според германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, националистички варвари сакале да ги уништат последните остатоци на демократската култура во Македонија.[41]
  •  Франција — француското МНР ги осудило насилствата што се случиле во Собранието и повикале на конструктивен политички дијалог.[42]
  •  Турција — официјална Анкара го осудила насилството и очекува формирање нова влада со почитување на демократските принципи.[43]
  •  Русија — руското министерство за надворешни работи изразило поддршка за Груевски и демонстрантите кои упаднале во Собранието, велејќи дека СДСМ преку грубо кршење на процедурите сакале да изберат претседател на Собранието. Според руското МНР, демонстрантите оправдано им се спротиставиле на „натрапниците“.[44]

Епилог

Јавното обвинителство два дена по упадот побарало од МВР да приведе 15-мина учесници во нападот на Собранието меѓу кои и организаторите Илиевски, Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски.[45] Ји на 30 април пристигнал на дводневна посета во Скопје каде имал средби со Џафери, Иванов, како и водачите на парламентарните партии.[46] Вељаноски не го признал изборот на Џафери бидејќи според него, гласањето било нелегитимно бидејќи немало телевизиски пренос на Собранискиот канал.[47] Од СДСМ најавиле дека во наредните денови ќе пристапат и кон избор на нова Влада.[48]

Поврзано

Наводи

  1. „Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада“. Мета. 9 јануари 2017. Посетено на 28 април 2017.
  2. „Груевски не успеа да формира влада“. Тера. 30 јануари 2017. Посетено на 28 април 2017.
  3. „Заев спрема документи за преговори со Ахмети“. Фокус. 10 февруари 2017. Посетено на 28 април 2017.
  4. „Иванов не му го дава мандатот на Заев“. Дојче Веле. 1 март 2017. Посетено на 28 април 2017.
  5. „Сезона на протести: Од Тврдокорни до „За заедничка Македонија". Дојче Веле. 24 март 2017. Посетено на 28 април 2017.
  6. „„За заедничка Македонија" се против албанската платформа“. Локално. 6 март 2017. Посетено на 28 април 2017.
  7. „Се обединија патриотските здруженија: Подготвени сме со сите средства да ја браниме татковината!“. Курир. 6 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  8. „Во Собранието 20. продолжение на конститутивната седница“. Утрински. 27 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  9. „Нов претседател или нови опструкции“. 24 Вести. 24 март 2017. Посетено на 28 април 2017.
  10. „Насилството запре, демонстранти ќе спијат пред Собрание“. Дојче Веле. 27 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  11. „Талат Џафери изгласан за претседател на Собранието“. Фокус. 27 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  12. „Хаос во Парламентот, демонстрантите ги раскрвавеа Заев и Манчевски“. Плусинфо. 27 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  13. „Крвава ноќ во Собранието“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  14. „Зијадин Села повреден и влечен од демонстрантите“. Либертас. 27 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  15. „Раскрвавени се Заев, Манчевски, Спасовски, полицијата нигде ја нема“. CentarNews. 27 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  16. „Пратениците евакуирани, ситуацијата се смирува“. Призма. 27 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  17. „Собранието празно, повредени над 100 луѓе во насилствата“. Радио Слободна Европа. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  18. „Нухиу најави смени во МВР, а Чавков вчера се криeл од него“. Плусинфо. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  19. „Насилниците правеле ортоми, сакале да ги задават пратениците?“. Фокус. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  20. „Заев: Вчера имаше обид за убиство со план и умисла“. Нова ТВ. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  21. „Приведени се 8 лица, Нухиу го смени Чавков од челната позиција на оперативниот штаб на МВР“. Мета. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  22. „Ослободени се приведените за насилството во Собрание“. Алсат М. 29 април 2017. Посетено на 29 април 2017.
  23. „Напаѓач ѝ бацува рака на министерката Бети при упадот во Собранието“. Сакам Да Кажам. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  24. „Алсат-М го открива сценариото: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги насочувале насилниците во Собранието“. Алсат М. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  25. „Манчевски: Криминалци и убијци беа пратени во Собранието“. А1он. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  26. „Нухиу: Ќе барам одговорност за задоцнетата реакција на полицијата“. Нова Македонија. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  27. „Груевски ги обвини СДСМ за инцидентот во Собранието“. Алсат М. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  28. „СДСМ: Повикуваме на смиреност, насилниците ќе одговараат!“. Плусинфо. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  29. „Беса: МВР им дозволи на хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да го нападнат Собранието“. Мета. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  30. „Таравари: Села не е во животна опасност, претрпел само мали повреди“. Телма. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  31. „На тоталитарниот фашизам на Груевски му дојде крајот“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  32. „Одиме до крај, до конечната разврска, порачуваат граѓаните“. Курир. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  33. „Иванов повика на лидерска средба“. Плусинфо. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  34. „Заев не оди на лидерска кај Иванов“. Либертас. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  35. „Толпата која нападна и тепаше пратеници бара амнестија од Иванов“. Макфакс. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  36. „ЕУ и САД го поздравија изборот на Џафери за претседател на Собранието и го осудија нападот врз пратениците“. Телма. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  37. „САД амбасада: Ќе работиме со Талат Џафери за поддршка на демократијата“. Нова ТВ. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  38. „Хојт Ји oчекува нова реформска влада“. Радио Слободна Европа. 1 мај 2017. Посетено на 1 мај 2017.
  39. „И Трудо го осуди нападот на пратениците и го призна Талат“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  40. „Неприфатливо поранешната владејачка партија да испраќа насилници во Собранието“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  41. „Рот: Националистички варвари ја уриваат демократијата во Македонија!“. Мета. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  42. „Франција: Употребата на насилство само ќе доведе до зголемување на тензиите“. Макфакс. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  43. „Анкара очекува формирање нова влада и почитување на демократските принципи во Македонија“. Либертас. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  44. „Руско МНР: Демонстрантите им се спротивставија на „натрапниците". Мета. 28 април 2017. Посетено на 28 април 2017.
  45. „Обвинителството на Зврлевски побара од МВР да уапси 15 насилници од нападот во Собранието“. Сакам Да Кажам. 29 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  46. „Хојт Ји денеска и утре на средби со Иванов, Џафери и со лидерите на партиите“. Мета. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  47. „За Вељановски изборот на Џафери е нелегитимен оти седницата се снимала со мобилен“. Фокус. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  48. „СДСМ: Ќе биде избрана и нова Влада“. Вечер. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.

Надворешни врски