Големи Езера: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.3) (Робот: Додава az:Böyük göllər |
с r2.7.3) (Робот: Менува pnb:وڈیاں جھیلاں |
||
Ред 99: | Ред 99: | ||
[[nn:Dei store sjøane]] |
[[nn:Dei store sjøane]] |
||
[[oc:Grands Lacs (America del Nòrd)]] |
[[oc:Grands Lacs (America del Nòrd)]] |
||
[[pnb: |
[[pnb:وڈیاں جھیلاں]] |
||
[[nds:Grote Seen]] |
[[nds:Grote Seen]] |
||
[[pl:Wielkie Jeziora Północnoamerykańskie]] |
[[pl:Wielkie Jeziora Północnoamerykańskie]] |
Преработка од 03:00, 29 септември 2012
- Оваа статија е за групата на северноамерикански езера. За африканските езера, видете Африкански големи езера. За други значења видете Големи Езера (појаснување).
Големите Езера (анг. Great Lakes) е група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓу Канада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата. Системот Големи Езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот. Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња.
Езера
Големите Езера се:
- Горно Езеро (најголемо по волумен и најдлабоко, поголемо од Шкотска или Јужна Каролина)
- Мичиген (второто најголемо по волумен и трето најголемо по површина; единственото кое се наоѓа само на територијата на САД)
- Хјурон (третото најголемо по волумен; второ најголемо по површина)
- Ири (најмалото по волумен и најтрсковито)
- Онтарио (второто најмало по волумен и најмало по површина, на многу пониска елевација отколку останатите).
Езерата Мичиген и Хјурон, хидролошки поврзани, понекогаш се сметаат за еден ентитет: езеро Мичиген-Хјурон. Заедно, овие езера се поголеми по површина од Горното Езеро, но помали по вкупен воден волумен.
Многу помалото шесто езеро, Сент Клер, е дел од системот на Големите Езера и се наоѓа помеѓу езерото Хјурон и Ири, но не се смета за едно од „Големите Езера“. Овој систем исто така ги вклучува реките кои ги поврзуваат езерата: Сент Мерис помеѓу Горното Езеро и Хјурон, Сент Клер помеѓу Хјурон и езерото Сент Клер, Детроит помеѓу езерото Сент Клер и Ири, и Нијагара и Нијагарините Водопади помеѓу Ири и Онтарио. Езерото Мичиген е поврзано со Хјурон преку протокот Мекинак. Големи острови и еден полуостров го делат Хјурон на самото езеро и Џорџискиот Залив.
Езерата се опколени со териториите на покраината Онтарио (освен езерото Мичиген), потоа сојузните американски држави Минесота, Висконсин, Мичиген (освен езерото Онтарио), Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк. Четири од петте езера се протегаат долж границата меѓу САД и Канада; петтото езеро Мичиген е целосно на територијата на САД. Реката Сент Лоренс, која ја обележува истата меѓународна граница во еден дел од својот тек, е примарен излез на овие поврзани езера и тече низ Квебек, го поминува полуостровот Гаспе и се влева во Атлантскиот Океан.
Има околу 35.000 Големоезерски Острови распрскани низ езерата, вклучувајќи ги островот Манитулин во езерото Хјурон, најголемиот остров во било која копнена водена површина на Земјата, и островот Ројал во Горното Езеро, најголемиот остров во најголемото езеро.
|