Слатка вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пивка вода е вода која во себе содржи многу мала концентрација на растворени соли и други материи. Тоа е многу важен ресурс, неопходен за опстанокот на повеќето сувоземни животни. Пивката вода покрај другото е неопходна за човекот за пиење и наводнување во земјоделието.

Каде може да се најде[уреди | уреди извор]

Пивката вода може да се најде во езерата, реките и во издани (подземни природни резервоари). Пивката вода се создава при процесот на испарување на големите океански и морски површини, кондензација на честичките на водена пареа во атмосферата и потоа во вид на врнежи од дожд и снег се складира во природните резервоари на пивка вода (езера, реки, издани). Други големи резервоари на пивка вода се ледените глечери на високите планини, како и поларните капи на северниот и јужниот пол.

Поврзано[уреди | уреди извор]